Ова исто како јас да сум го пишувала.. Добро е, за утеха секаде се случува истото И мојата е 2м и неполна недела, истата приказна е ... Некогаш не сврзува ниту 2 часа... Се тешам дека сеуште е малечка и дека после вториот месец е полесно
Мојот 2 часа никогаш немал дремка. Саат максимум у тоа ретко... Му се движат од 15-40 мин.. Изгледа дека спие навечер, затоа
Нема врска Андрејче со ноќното спиење. Мојата до кај 3 месеци, неколку дена пред почни три скрати на 4 дневни дремки. Првата и е саат време, втората 2-3 саати. А третатс и четвртата од 30 минути до максимум саат. Ноќе заспива 20:30 се 'буди' т.е. бара за цицање, заспана цица во 1, 3 и 6-7 и продолжува до 8 8ипол.
Охоооо јас си викам одморена сум била, ти си била одлична.... Кај мене не, преку ден е претежно буден, а ете јас препишував на тоа дека е наспан, значи нема везе. И да заспие не му трае долго, но не се жалам, многу е мирен и кога е буден, јагне бебе си имам... Затоа брат му е тука да надокнади и за него
Богами, не да сум одморена. Ич не можам да се пожалам. И наспана, и време дома да средам, и ручек да напраам и за себе време. Мераци. На сите им посакувам вакви бебиња
И јас таква бев,додека беше мала..ама сега некако повеќе напорна станува,нели поголема е за некој ден 8 месеци.Значи нон стоп е активна,по цел ден лази насекаде,се научи да се исправа и сега само тоа прави,знае и да се заигра,ама претежно сака да се исправува,се фаќа за што и дојде под рака и мораш само по неа,да се следи секое движење. А средување по дома,маж кога си дојде од работа.
Е ова скроз исто, како јас да го имам пишувано хахах Само што ние заспиваме околу 19:30, инаку се исто. Супер бебки имаме засега барем
Мамички бебушот ми е 6 недели и 2 дена. Дневните дремки си заспива на релаксатор , ама ноќните дремки кога и да го оставам во креветче и си спие максимум саат-2 и после не сака веќе во креветче туку кај нас сака и си спие, некоја вечер и се буди околу 3-4 и си седи така до накај 5 и нешто.. Некоја со слично искуство? Скок ли е или што ?
Последниве два дена заспиваме со пиштење, вриштење. Незнам што се случува, 3+м сме. Инаку си цицаше, ќе заспиеше на рака и си ја преместував в креветче без проблем си спиеше.. Сега цица, ќе почни да пишти, па ај ја нишам, па в креветче и ја пуштам вртелешката, па пак ја земам да цица, и така во круг... Незнам дали е скок, ама колку што знам 3 скок ни е поминат а што може да е вака
Во последно време ептен често ми се буди, на саат и пол, два некогаш некогаш кенка, некогаш се смее.. И порано ми се разбудува.. затоа чудно ми стана од нигде никаде вака станува пречесто ноќе, а не е за цицање.
4ти скок? Или не? Ние сме во 4ти скок и 2 вечери така со вриштење заспивавме ама се вративме у нормала
Последниве неколку недели, некои ноќи бебуш се буди на саат ипол - 2 максимум со вриштење и презаспива само ако му дадам да цица. Порано се будеше 2-3 пати само за цицање и си поврзуваше од 19:30-20:00 до кај 06:30 - 07:00. На што може да се должи вакво често будење, регресија, заби?!