Или бебето е такво Сака близина и контакт, поосетлива е исто како ќерка ми... Упорна сум, иако успивањата траат подолго, решена сум две дремки бар да ги отспие во креветче колку и да се кратки.. Вака полошо им правиме, се навикнуваат во раце на топличко и до мама и после е потешко и за нас и за нив... Те разбирам, и мене ми е исто... Тешко е многу, до тоалет едвај одам, сѐ ме боли и прв пат во денот пружам нозе дури во 10 навечер... Мораме да стегнеме заби да издржиме и да уживаме во секој момент, еднаш се бебуши ...
Верувај има деца кои се едноставно такви ако се толку малечки. Мојата како новороденче беше повеке будна него ли шо спиеше како растеше процесот на заспиваше беше лесен ама е страшен не спијач, две год е сега и уште не спие.
Мојот од 4 месеци се поремети со спиењето и имаше периоди кога се будеше на пола саат навечер. Инсистирав до година да спие сам во креветче, бев зомби. После го земав до мене и двајцата почнавме да спиеме. 2 години е скоро, не заспива без мене. Сум пробала да го вратам во креветче, едноставно детето сака близина и не спие само. Кога беше помало во раце го држев и дремеше кај мене. Навечер по 2 саати сум го успивала. Пишав погоре што ме спаси. Од година ипол не го нишам, заспива само со мене на спална..
Мајкички, на профилот на frida.meh на инстаграм има предобар лајв со доктор гуднајт за спиење на бебиња и мали дечиња. Саат време трае и има прекорисни совети за дневни дремки, на која возраст колку, како се кратат, како полесно да се заспие, како ноќно спиење. Ептен е добро, вреди да се изгледа. https://instagram.com/frida.meh?utm_medium=copy_link
Мајки, нормално ли е 7 недели бебе нон стоп да спие, некогаш е по будна ама има денови нон стоп спие само за јадење станува и пак спие
Мамички ај хелп, ептен сум очајна... не знам дали правилно постапувам со бебушов мој. На почетокот врзуваше 3,4 саати сон и стануваше за цицање навечер и продолжуваше... последниве два месеци (иначе има 4) не спие навечер. Вчера заспа во 20 часот и стана 20.45 и така до сабајле на саат, 40 минути... е сега кога се буди не плаче туку кенка... дига нозе во вис ,па ќе прдне, па ќе се сврти на страна, па сака на стомак... како црвче е. Имаме рутина пред спиење ама џабе изгледа. Има ли некоја како мојава мака? Дали го боли мешето? Што ли е? ХЕЛППП не е скок зошто трае 2 месециии...
Може да има грчеви. Ставајте топло на мешето,масажи. Ако даваш друго освен цице можеш чајче од ким и анасон. Со лесно.
Имаше грчеви, давав капки до 3ти месец... на ексклузивно доење сме. Давам водичка плус неколку пати во текот на денот... офффф тешко мене
Мајки давајте совет, оти пукнав: И кај нас се поремети спиењето. Умрев за спиење последниве денови. До 4 мес убаво врзуваше, сега не. Ноќеска на пр на саат ипол до два ми се будеше. Не плаче, кенка. Но ако ја оставам ќе почне да плаче. Ја земам до мене со надеж дека ќе врземе некој саат неее и нее. Не верувам да е гладна, но кога ја земам одма ја ставам да цица, ќе и створам навика, може не и се јаде а јас одма и давам.. што да правам, гревота ми е и за неа и се крати сонот насекое
Исти сме. Немам совет Имам пишувано дека на секои 2 часа станува. Ама мислам ќе се среди, почнува полека и по 3 часа да сврзува сега.
Мене ми е како растат така да не остане. Не верувам да се врати тоа бебе што ми спиеше. Знам по поголемото. Затоа ме фаќа паника. Ама ме утеши, барем по 3 а? По прилепска линија нашиве ококорени да не им избега нешто
Леле сега ќути не ми стварај стресови Најмногу коментари гледам дека најчесто до крај на 5ти скок така им било. Па се тешам уште месец и пол Ама ококорени хахахах радознали се.
@IRBBB како успеавте да ја продолжите дремката до 2ч да трае? Со самото будење веднаш го земаш нишкаш или ? Сум пробала секој начин, не ми успева. Сега дури ни по 40 мин не дреме, 20-30 мин. Навечер спие 9-10 часа. Ептен малку спие преку ден, вкупно нема ни 13 часа, а за една недела прави 4 месеци. Се помирив дека е неспијач, следам прозорци на будност, дури некогаш и порано и подоцна ја успивам за да видам дали ќе смени нешто, но безуспешно. Се мислам за тренинг... Ама жал ми е ќе плаче додуша и сега е плачка
Ќе ти се вмешам неповикана со моето искуство. Кога имаше многу лоши денски дремки ја оставав да спие на спална, и јас легнував до неа, спиеше еден циклус од 40мин, кога ќе сетев дека почнува да мрда, ја земав и нишкав да презаспие, и продужуваше после уште 40мин, 1час, зависи. Ова мене ми беше успешно, плус и одмарав јас со неа дека по цел ден сама, супер ми доаѓаше.
Мама мојов за денски дремки се успива или со цицање или в раце да се шетаме низ соби во чкљ положба. Првата дремка му иди брзо после будење и заспива со цицање. Го успивам и си лежам до него со града на готовс. штом замрда, одма давам. Прв ден спиеше 1ч и 50мин, втор ден 1ч и 10 мин, трет ден (денес) 50 мин. Вообичаено по 40 мин му е прва дремка. Пробав и за втора и трета дремка, не упали досега.