Kjerka mi e dve godini I pet meseci preku nokj spie desert casa , a preku den I'ma edna dremka koja Trae dva ili dva I pol casa.
Zdravo majki koga gi zaspivate vasite bebenca na 3m moevo nekako mi zaspiva rano vo 7 i pol dali e vo red a i rano se budi vo 5 nezmam kako da go promenam toa Sovet
Ние сме 5 месеци, заспива во 8 8ипол. 8 се бањаме, цица и спие. Малтене од раѓање вака. Се буди 7-8. Пробај последната дремка да му ја продолжиш за да може да издржи до покасно ако сакаш да поместиш. Уствари пробај сите дремки и будењето да ги продолжиш за да дојдете до посакуваното време за спиење.
Мојата е 4 месеци, заспива 7-7ипол и станува некогаш во 3-4 па и 5 пие млеко и пак заспива и спие до 8-9 некогаш и 10. Ако ноќното спиење му завршува во 5 пиши ми во лп ќе ти дадам некој совет како да ти продолжи да спие покасно. А ако продолжува после тоа како мојата не се грижи нека си спие или направи како другата мајка што ти кажа.
Мојата мислам дека од 2ипол ако не и од 2(не се сеќавам точно)месеци почна да спие така. Имаме рутина навечер нема зборување, нема нишкање, ја ставам во креветче и давам млеко со помал отвор понекогаш заспива пиејќи млеко а понекогаш и давам и цуцлата(сама се одвикна од нишкање и почна да се успива со цуцла). Додека да заспие значи е тишина и темно, само што ми свети блицот на телефонот. И си спие додека да огладне, кога ќе стане не палам ни светло, не и зборам. И правам млеко ако заплаче и давам цуцлата додека да го направам млекото, и мењавам пелената и си го пие млекото и си заспива понекогаш со шишето во уста понекогаш мора и цуцла. Не викам дека кај сите ќе успее ама кај мене успеа. Треба бебето да сфати дека е сеуште време за спиење. Сум седела по 2 саати дури да заспие пак додека да научи дека не е време за играње, дека треба пак да спие. На dr.goodnight со фрида што го правеа лајвот она истото го кажува тоа што јас го правам. Како заспива бебето ако се разбуди во истата атмосфера, не им зборуваме, не ги зимаме сами ќе сфатат дека треба да спијат пак. Бидете упорни, не им зборете, не ги шетајте низ соба, нека биде темно и тишина. Знам дека повеќето ако не и сите се на цицање ама пробајте исто нека цица и оставете го и дајте му цуцла ако се разбуди, претпоставувам дека веќе на 3 месеци си имаат определено на колку време цицаат. Едноставно нека биде темно, тишина, нека им биде досадно. На почетокот знае да трае и со саати ама успева.
Јас не знам дали 5тиов скок од почеток до крај е хорор,дали регресија не фати,не знам што е ова,ама нема подобрување скоро 5 недели,дури полошо е,ноќеска на пола саат цвичење во транс за цицка в уста и се така во круг,безнадежно и беспомошно се осеќам,ќе ја барам Dr.Goodnight,читав по форумов...дали некој се соочил со нешто слично и искуства со Сања,инаку претходно беше супер спијаче,преку ноќ се смени се...
Џабе,мојава не станува за играње или тешко да презаспива,едноставно се буди за цицка в уста и тоа е пречестоооо
@BabyGirl10 ние немаме проблем со ноќното спиење, во глобала откако е роден си спие по цела ноќ, некогаш се буди за цицање, некогаш не, ама редовно спие 10-12ч. Проблем ми се денските дремки, немаат ред. Има 6 месеци, некогаш има 3,некогаш 5 дремки. Мислам дека е доволно голем за да има колку-толку некаков ред. Навечер заспива скоро секогаш во исто време, ама наутро не се буди во исто време. После будење до прва дремка, некогаш му се приспива за пола саат, некогаш за 2 и пол саати. Некогаш дремката му трае 30 мин, некогаш саат и пол.
Ако сте во скок е или до скокот или регресијата, она трае од 2 до 6 недели. Ние сме во 4ти скок моментално и нема никаква промена. А да не почнале и првите запчиња да и искачаат, па да ја чешаат и да бара цицка почесто?
Е за денските дремки мислам дека нема никаков спас и кај нас е хаотично, ама се тешам со тоа што е барем мирна додека е будна за да сработам нешто.
Исти бевме апсолутно цел скок, будење нон стоп, на секој саат, цела вечер и откако излеговме од скокот почна да спојува барем првите 3-4 саати, па после пак ми се буди на секои 2 или 3 саати. И исто само со доење презаспивање, некогаш и спиеше со цицка во уста поготово во утринските часови кај 4,5. Издржи, ќе се оправи.
По апликација утре ни завршува скокот,ќе почекам уште некој ден,мислев 4тиот е страшен ама ова било хорор
Мојата е два месеци и веќе неколку дена ноќе не се буди за цицање.Се надевам така ќе продолжи ,одморени сме и двете.Заспива околу 11 и спие до 7 наутро,цица и презаспива до 9 сабајле.Е преку ден само првата дремка и е саглам после скоро и да не нана,уствари дремнува неколку пати по 20 мин.Преку ден спие во дневна,навечер во спална за да разликува ден од ноќ.
Ние сме 3м и заспива во 18ч, а станува во 6:30, 7, 8 .. секогаш различно. Нормално станува неколку пати само за да пие млекце и одма презаспива (во текот на ноќта). Сум пробала да ја заспивам подоцна, барем 20ч, но само поголем проблем си правев нервозна е цела вечер и не спие мирно. Сега не се ни обидувам, доколку и е вака убаво нека си заспива рано.
Ме потсети на добрите времиња и кај нас,супер бевме,како минува времето се полошо е,се некои реметења.
Со цицање се заспивате дење? Имам забележано дека ако заспие со цицање, нишкање ако се подразбуди го бара истото пак. Затоа почнав со лежење, давам града ако побара секако. Иначе лежиме, јас пеам тивко и мижам, прво си игра после мижи и тој.