Секој вид на тренинг е со оставање, Фербер, крени-спушти, излези-влези… Од толку штп се опседнав со спиењето, прочитав се и сешто на таа тема. Генерално сум против, мислам дека со рутина и следење на бебето кога дава знаци на поспаност може да се постигне подобар сон на бебето. И тоа што никој не го кажува пред да земе пари за тренинг е дека секое бебе има темперамент од кок зависи и успивањето и спиењето. Значи може да платиш цел програм од 150 евра, да се држиш до него и пак да нема резултати. Мој совет е следење на бебе и будни прозори според возраста, и да не се преморува бебето. На инстаграм имаш супер профилна оваа тема: барај ја heysleepybaby, amandathemamacoachvan…
Ова исто како јас да го имам пишувано.. Сега ова кратко спиење односно кратки дремки по 30-40 мин ги препишувам на возраста (4месеци) со надеж дека постепено истите ќе се продолжат.. Сум размислувала и за тренинг и неколку пати практикував crib hour, но неуспешно. Плачеше таа и јас со неа, сто пати се покајав.
Pa ne znam tocno ama mi rece sami pocnale,ne im prael nekoj programa taka da vidi proguglaj. Kaza prviott den imalo saatipol placki ama potoa se namaluvale,a spienjeto se podobruvalo
Побарај ми низ последните мислења, истово го поминавме на 8 месеци во 6ти скок. По цела ноќ во раце, се менувавме со маж. Траеше околу една недела најлошото. Со по 2+ часа буден сред ноќ, она што ќе го отспие мора да го држиш, абе хорор. Eве скриншат од апликацијата, види го ноќното спиење, а со дремките се врати на 3 па и на 4 пред конечно да помине на 2. Пред и после тој период почести будења, но си презаспиваше лесно. Се надевам ќе се вратите на старо што поскоро. Не ја мачи со одложување на ноќното спиење. Со тек на време ќе може подолго да стои будна, па сама ќе го турне за подоцна. Остави ја нека заспива кога и' се спие, и таа е преморена од промената. Легнувај и ти порано, дреми со неа денски, и држи се... тоа е.
Трауми имам останато од регресијата во 8ми месец. Две години е сега од раѓање е страшен неспијач тука нема ништо променето. Едно ке кажам се е до дете. Чекав регресии, скокови, заби, лазење, проодување, зборување се помина се усоврши сега е тодлер со страшна енергија кој е моторички јако дете кое патем уста не затвара цела ден и пак не спиееее. Има рутина се држиме до неа сеуште сама заспива нема проблем со тоа ама од кога е родена е во регресија На сето ова шо за нас е нормално можеш да замислиш шо се случувало во таа регресија Сите ние мислиме дека правиме грешка ама детето само не води. Има деца шо се раѓаат со карактер ќерка ми е едно од тие Па еве не после две години живи сме се учиме да живееме на таков ритам сакале или не. Ке издржете
Гледам во 5ти скок сите беблаци сакааѕ на спална со мама и тато да спијат. И мојава исто. Пред некој ден влеговме во 5тиот скок и се успиваме навечер само што ја ставив во креветче кога почна да пишти, вришти бебе, да се треси пробав уште еднаш.. и пак исто. Следен ден пак исто. И еве сега веќе 2 дена на спална дирек легнати се доиме и заспива и тоа е тоа. За 5мин одма е заспана. Ги раздели мама и тато А други промени засега немаме од скокот. Рано ни е супер ми е бебле расположено.
Не се сите тренинзи со страшни плачки. Јас ја истренирав од како ги ислушав сите видеа и ги прочитав сите постови од др гуднајт. Исто многу ми помогна и еден влог од Моника Зец, нашата приказна за спиењето, @Pacient srna мислам го имаше постирано еднаш. Ми се будеше еднаш до два пати за цицање во тој период, ама ми беше голем проблем зошто цицаше по 40мин до саат, а се доевме само во лулка позиција. Од како и воведов вечера(нешто пред 8 месеци) приметив дека веќе од навика се буди, не од глад. Првата вечер плачеше малку, а мојава е дете што во принцип плаче ептен многу уште од новороденче. Втората вечер стана во 4 исто како и пред тоа, се расони, си игравме, ја заспав за саат, саат и пол. Уште 3 вечери ми стануваше околу 5, 5:30. На крај почнав да ја земам до нас на спална околу 5:30,6 и спие така уште еден саат барем. Ова го направив кога не беше во скок, заби, регресии и сл чуда. Негативно е тоа што после еден месец од тренингов ми се одби од цицање, ама и така не беше некој фан. После тоа 6ти скок речиси и да не го осетивме, а сите претходни беа благ хорор. Има вечери кога пак се буди на саат време, ама продолжува со цуцла, за разлика од порано кога цицаше по цел саат, а јас цело тоа време седев будна. Од како почна да ми спие навечер имам скроз друго бебе, пак е темперамент и карактер, ама за разлика од целодневните вриштења пред тоа не може да се спореди.
Дали некој може да ми објасни што се подразбира под тоа "бебето ја преспива ноќта"? Ние од прв ден го оставивме во креветче и фала Богу бебушот си заспива сам (денес почнуваме 12та недела). Приметив дека дневните дремки му се пократки, а ноќе врзува по 4-5 саати. Но, го легнувам во неговото креветче во спална дури околу 12 на полноќ и спие до кај 4-5 наутро (пред тоа го чувам во дневна и денските дремки му се во дневна). Не знам дали грешам, дали можеби треба навечер да го легнувам порано... Читам некои родители ги легнуваат бебињата во 21h, во 22h. Но, тоа би значело дека ќе се разбуди во 2-3 по полноќ... Што мислите, што би ме советувале од ваше искуство?
Не мора да значи дека ако го легнеш порано дека порано ќе ти стане. Добро си правиш, секое бебе си е приказна за себе. Моето бебе тој период заспиваше во 10-11 навечер, а сега на 4 месеци заспива 6ипол-7 и се буди во 3-4 за млеко. Само ќе смени за да заспива порано.
Под преспивање н аноќта се подразбира да спие без периоди на будност, значи се буди за цице/млеко добива и продолжува да спие. На толку мали бебиња најчесто не е возможно да седат без јадење толку долго ккаонние што сакаме како ви одговара ткаа правете си секое дете ее различно
Мое мислење е дека е многу касно бебе да легнува на полноќ во 12. Треба да му намалуваш. И моето е 12 недели, напочетокот ми заспиваше кај 22h како поминубва време сама си бара порано и еве неколку дена заспива во 7 и пол и спие до 7 сабајле, секако со повремени будења за доење. Не пуштам ни светло, ниту станувам. Ако се расони ја оставаам така да мрда некое време, па и давам пак да цица и заспива. Не ја носам во дневна, не палам светло. Дремките ни се сите во спална или во креветче.
А како правите за менување на пелена во тие 12 часа? Сигурно палите некакво светло... Мојов бебуш многу често после ноќно доење (околу 4-5 после полноќ) знае да се напрега и по 10-15 минути и јас морам го чекам да се покака за да му сменам пелена. Тука е буден подолго време, можеби саат време заедно со доењето и морам да пуштам столна ламба за да му сменам пелена.
Во последниов период не кака ноќе и не менувам пелена, во почетокот какаше по неколку пати ноќе и морав и јас да пуштам пригушена светлина, колку да гледам како ја менувам пелената. Ама често тогаш знаеше да се расони и исто да остане саат време будна, па се мачеев да ја презаспијам. Ќе се регулира сигурно за скоро ноќното какање ќе го изостави, па нема да има потреба да палите светло. Пробај да го легнуваш порано во темница, кога ќе се буди само ќе го презаспиваш. Ова ти го кажувам зошто нешто слично на тебе правевме за првото, па еве и ден денес не спие и станува ноќе и се мачиме да го презаспиваме. Сега тераме вака и засега е добро, ќе видиме, пратиме будни прозори, воспоставуваме рутина.
Има сијалички што се ставаат во штек, доволно ја осветлуваат собата за да се гледа а да не мора да палиш сијалица да не го расонуваш. Не се повеќе од 200-300 ден. Доволна е една за во собата. Кај нас е боцната цело време во штек, така и спиеме оти често се буди, па го рашетувам низ соба (без неа е мрак темница, ништо не се гледа). Туку, сакав да прашам, дали некој имал ваков проблем: веќе скоро две недели бебуш ми плаче во сон, скоро во текот на целата ноќ. Некогаш не се ни буди, заспан плаче, го нишкам, му пеам, го легнувам врз мене на меше, после некои 5-10 минути се смирува и продолжува да спие. Не поминат ни 5 минути, пак истото... После спие уште неколку саати, и пак истото неколку пати, заспие па плаче, па пак истото. Скоро 3 месеци е голем, до сега не сме имале ваков проблем, подолг период си спиеше цела ноќ, со доење полузаспан. И веќе скоро и да не цица ноќеска.
Ќерка ми од кога е родена е научена во 20 часот во креветче, до 7 сабајле. Дневните дремки и се во количка. Сега е 3++ месеци, се буди на 2ипол, 3 саати за цицање ама не ми се случило да се разбуди бебе сред ноќ, да сака да си игра или слично. Додека не дигнам ролетни сабајле успана е, цица, презаспива и така цела ноќ. Јас тоа си го сметам дека ја преспива ноќта. Нереално е да се очекува толку мала, да спие по 12 саати без цицање, секако има исклучоци.
Мајки здраво. Бебе ми е 11 дена. Денски без никаков проблем си спие во количка во дневна а некогаш и во креветче во спална. Нормално функционираме дома со уклучен телевизор со галама со се. Го будам ако не стане сам на 2 саата од прилика за да цица. Едвај се расонува. Проблем ми е навечер, не сака да спие ни во количка ни во креветче само на мене сака. Ќе го надојам ќе заспие ќе го префрлам во креветче спие цели 5 минути и одма почнува да ќемка. Знам дека е малечко уште и сеуште биоритамот му е нарушен денот го преспива ноќта е буден или дреме на мене. И во бременост денски не беше активен, навечер почнуваше забавата со клоцање. Некоја со сличен проблем да каже некој ум!? Не сакам да се научи да спие на мене така јас воопшто не спијам ми е страв да заспијам да не го испуштам од раце. Добив совет од педијатар да го повивам не сака се буни сака рацете да му се слободни. Фала однапред
Честитки најпрво Ќерка ми е 4 месеци, преку ден најчесто 3 дремки се во раце, една во креветче затоа што и така малку спие по 30-40 мин па си ја држам, веќе се навикнав. Бебињата сакаат топлина, си ја сакаат мама, ние сме единственото нешто кое го знаат во овој нов свет. Бебето е само 11 дена, нема да го навикнеш да спие во раце, можеш да го легнеш на спална со тебе има на нет како безбедно се спие заедно со бебенце, па понатаму ќе го учиш во креветче. Пробај некоја вечер така. Ако не оди, биди поупорна во спуштање во креветче. Нека заспие цврсто и тогаш префрли го.
Многу е малечко за да створи сега некои навики, и 24 часа да лежи на тебе не е ништо страшно, бебето сака близина и сигурност, навиките се ствараат после третиот месец. Првите денови имтоа како е важно бебето даосети сигурност и да се поврзе со мајката.
Здраво, живо бебче, честитки мама. Ние сме скоро 4 месеци и сега сите дремки ни се во раце. Кога беше мало спиеше и во креветче ама тоа беше до кај 12та недела максимум. Сега и навечер е до мене или на мене на спална. Не знам како ќе ме сватиш ама многу уживам во тоа иако почесто ненаспана или укочена. Бебе се чувствува посигурно до мама и поубаво спие. Постариот син ми е 10 години и од бебе спиеше во креветче, ниту еднаш во раце или на мене. Муабетот ми е тој си порасна(сега си е во друг филм) и сега кога се роди малово сватив дека немало поубаво нешто од тоа и ми е криво малку што сум го немала тоа со поголемиот. Бебиња се многу кратко, се се издржува. Ќе има време и кога да научат сами да спијат. Сега само уживам во моментите. Ако сакаш да го научиш за во креветче само многу упорност и многу нерви ама според мене имате време за тоа. Секое добро мама