Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    моево е 7месеци корегирана возраст, супер заспиваше сама и цела ноќ ама нешто се настина и се се поремети, нит е у скок нит у регресија :devil:... ова спиењево цело време е чекор напред, два назад.

    Screenshot_20211128-170444_Facebook.jpg Screenshot_20211128-170455_Facebook.jpg
     
    На nevermet18, mila89, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Ау па мене кога ќе ми речат пријателки ‘Моево само заспива на 10 месеци по цела ноќ спие и секој ден како швајцарски саат е и за легнување станување и дремки’ И јас сум као: |(
     
    На Mom's_life, lovely91, LjLj и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Искрено,можеби е најубаво да се има ред ама стресно ми е да пратам до минута и да организирам се,често шетаме ваму таму,како да се држам до такви распореди? А секој ден пак исто,ќе пропадниме во монотонија,а веќе ми тропат анксиозноста пак на врата со неспиењево 2 месеци,ми остана само да се надевам дека ќе излегуваат заби и можеби ќе е подобро,ако не ќе ја одбивам од цицање за некој месец сигурно,не се трпи ова веќе.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Мајки на бебиња што имаат 30-40 мин дремки а се постари од 4 месеци, или можеби сте имале во минатото, а веќе се постари бебушите, може ли совет?
    Ќерка ми е 4++, веќе два месеци се мачиме со дремките, обично се 5, некогаш 4. Си имаме вечерна рутина, 19.30,19.45ч, почнуваме со бањање или пресоблекување менување пелена, добра ноќ и одиме во соба да цица и да се успиваме. Последна дремка најчесто ѝ е 18.45, 19часот. Доколку и е порано како вчера на пример, 17.45ч , порано ја започнуваме рутината. Вчера едвај ја заспав во 20.30 часот, а започнав со заспивање во 19.15ч. Како што заспа два пати се разбуди, после два циклуси, и конечно си заспа во 23.00, до сабајле до 7.30, со 3 будења ( не се сите за глад, малку ќе цицне и ќе заспие, но не доволно цврсто за веднаш да ја префрлам туку морам да почекам 20-30 мин да заспие па да ја префрлам во креветче без проблем). Прашањето ми е , како да ѝ обезбедам 4 стабилни дремки и како да ѝ го поместам времето на ноќно заспивање, таа се буни и после евентуално заспивање се буди после 1-2 циклуси. Знам дека е од премногу умор, ама правам сѐ за да ѝ овозможам да спие повеќе преку ден, спие и на мене ѝ џабе е , не може да поспие повеќе од 45 мин.
    Последно, дали спиењето после 6-7 месец , може да очекувам да се подобри во однос на должината на дремките? Со тоа претпоставувам и квалитетот на ноќното спиење ќе се подобри?! :^) Малку сум избезумена, што од умор, замор, сакам да ѝ биде на неа подобро, со тоа и јас подобро секојдневно да функционирам.
    Секој ден кога ќе се осетам безнадежно, си кажувам период е и ќе помине, но убаво би било да знам дека можеби постои решение ? :?:
    Извинете на долгиот пост :tmi::D
     
  5. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Ова со спиењето е мачно зошто цело време се менува. Крати дремки, продолжува време на будност, па почнува да јаде, па се врти, лази , седи... се влијае на сонот и ние тешко се справуваме, а и бебето па се учи наеднаш.
    За нешто да се олесни важно е само да научи да заспива, тоа околу 5-6 месеци најрано може да се научи (сите начини пробав, плачки имаше многу ;(, ама успешно беше и не ми е криво), и треба рутина и само рутина. Проблемот е што таман ќе се справиш успешно извесно време и ќе се смени нешто. Настинка, нови оброци, спиење надвор од дома... и после треба пак период за да ставиш ред, со тоа што кога еднаш ќе научи само да заспива следниот пат полесно поминуваш..
    Времето си поминува, си растат тие, а ние у нервози си ги поминуваме деновите.
    Бидете попозитивни, и направете си рутина колку и да е досадно тоа, а плачки и неспиење секако ќе има....додека не пораснат (fingers)
     
    На mila89, Slonce91 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.045
    Допаѓања:
    178.757
    Пол:
    Женски
    @marta993 :hai: Прво живо и здраво да е бебле. :)
    Те читам некое време, во голем дел се пронаоѓам па ќе ти го пишам моето искуство. Мојата девојка веќе е голема има 2 години и 3 месеци.

    Беше неспијач. Имаше денови од замор халуцинирав. Па разбирам колку ви е тешко на сите во моментов.
    Кога беше новороденче пробав да и вметнам рутина, меѓутоа не ја прифати за брзо, и се откажав. Се водев според тоа дека едноставно не се сите исти и ја морам да си го следам бебето оти самите бебиња знаат точно кога им се спие, јаде, кога сакаат само да се галат итн итн. Спиењето е потреба како и дишењето, сметам дека не е нешто што се учи, па за целото време и ја следев нејзината потреба и не форсирав ништо. Ни како бебе ниту сега нема заспано пред 9. Ама затоа без проблем спие колку и се спие и кога и се спие. Без форсирање никакви рутини.

    Додека беше новороденче, до некои 4 месеци сама поврзуваше до 7 часа. Но, во 4 месец, не мавна регресија, скок и прво запче и сеуште имам трауми од тој период. :tmi: Ама помина. :)

    Дневните дремки и беа исклучиво во раце. Немаше шанси да ја спуштам во креветче и да продолжи да спие. Па си го прифатив тоа и ги гледав Френдс на нетфликс можда милион пати. :) Скоро сум сигурна дека пола од прегледите им се само мои. :D Таа фаза траеше се до 7 месеци, кога поради корона, прв карантин, па маж ми почна да работи од дома. Некогаш за време на дремките знаеше да дојде кај нас во соба и место мене тој да проба да ја успие. За разлика од мене, нему секогаш му успеваше да ја успие и спушти во креветче каде продолжуваше да спие без проблем. На почеток бев лута сама на себе, што правам јас погрешно и како тоа му успева нему а мене не, но, бенефитот беше поголем па ја прифатив ситуацијата. :D Така, тоа стана негова работа и маж ми почна исклучиво да ја успива, а по некое време и јас можев да ја спуштам во креветче без проблем. Мислам дека тоа што претходно го чувствуваше мојот мирис и беше навикната на мене беше потешко мене да ми успее истото. Мој совет е, цицка да се даде пред дремката, и за дремка да проба да ја заспие некој друг. Ние така ги средивме дневните дремки.

    Ноќе, се будеше исто така, но не беше толкав проблем како денските дремки, освен кога беше во некој скок или регресија и тие периоди беа навистина тешки, посебно ако затеруваа подолго.

    Моја грешка беше, барем јас така мислам, што не ги скратив ноќните подои откако веќе почна да има вечера, оти веќе не и беа ниту потребни. А, не ги скратив, оти не ми беше тешко да станувам 2 - 3 пати ноќе за подој, цицаше релативно брзо, некои 5-10 минути и заспиваше. Кога на една година, почна да се буди за цицање на секои 20 минути и со маж ми бевме здробени, почнав да кратам подои и на полни 15 месеци престанав со доење.

    Почна ноќ да преспива на 2 години. :) Сега веќе и си заспива сама без проблем.

    Од прв ден беше во креветче кое немаше опција за лулкање. Заспивање во количка исто така не го ставив во опција. Тоа се работи на кои таа се навикнува и потоа од едно одвикнување се завлекуваш со друго.
    Бев и сеуште сум против било каков тренинг што вклучува бебето да зајдува само во соба, дур не сфати дека нема никој да го гушне и конечно да се измори и заспие заспие.
    Си помина времето и се наредија коцките.

    Знам дека сега си преморена, мој совет ти е, батали прозори на будност и отскокни од рутината која може и не и одговара. Следи си го детето, самото ќе ти покаже што му треба во моментот.
    Ќе се среди се и колку и да не ти се верува, ќе почнете сите да спиете пак. :)

    Едит. Не треба да ја спушташ во креветче заспана. Туку баш пред да заспие. За да продолжи да спие токму во креветче. Значи, баш кога ќе биде ушушкана, а не заспана ја спушташ во креветче и продолжуваш да ја тапкаш нежно по газето. Може нема од прва да успева ама пробај така неколку пати.
     
    На Lili90, Ednostaven, Marge и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Друшке,како успеа да ги намалиш ноќните подои? Мојава еве станува за цице а не дека е гладна,како топка е направена од непотребно шмукање млеко.
    Ноќе пробав да не и давам цице кога ќе стане со плачење ама не презаспива со ништо друго,си се заигрува и пак плачки за цице,јас стварно не знам што да направам,тотално беспомошно се осеќам.
     
    На elimkd и CareTee им се допаѓа ова.
  8. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Фала многу. :) Да е жива и здрава ќеркичката. :)
    Фала и за споделеното искуство, убав потсетник дека ова е период, фаза и дека ќе помине, само да не заборавиме да уживаме колку и да ни е тешко.
    Да, јас следам нејзини знаци кога на неа ѝ се спие, се обидувам да не форсирам нешто што на неа не ѝ одговара. Некогаш се чувствувам дека ептен грешам и дека можеби јас не ѝ помагам доволно за да заспие и да спие квалитетно.
    Преку ден сум сама, за жал нема кој да ми помогне во однос на дремките, сега се скоро сите во раце, во креветче 15-20 мин и толку. Мислам дека со тек на време ќе се подобрат, но до тогаш ќе мора да издржиме така ми изгледа.
    За ноќното заспивање се нишкаме, ја спуштам и свесна е дека е во креветче, но сепак се буди после 1-2 циклуси. Прочитав дека тоа е честа појава и ја викаат ‘false start’ , па се надевам дека кога ќе ѝ се подобри дневното спиење, нема да биде преморена и нема да имаме повеќе такви појави.
    За ноќното цицање го делам истото мислење, но сепак рано ми е да планирам. :)
    Да е жива и здрава, да си расте и развива како што треба, друго сѐ ние како мајки ќе издржиме.
    Го пишав постот прееска во момент на очај, во момент на безнадежност, но сфаќам колку е тешка оваа фаза најпрво за нив, колку сѐ им е ново и колку новини учат за кратко време, дури ми е криво што се пожалив.
    Во меѓувреме да гледаме како си растат, да се смееме, да ги гушкаме и уживаме во секој миг со нив :hug:
     
    На mila89, Dancewere, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.045
    Допаѓања:
    178.757
    Пол:
    Женски
    @Stressed Out
    Релативно лесно беше моето кратење подои, па и одбивањето воопшто. Имаше година и почна да се буди на 20 минути, така скоро месец, со маж ми веќе не функциониравме. Тој зеде недела дена од работа и почна само тој да ја заспива ноќе, и да станува и да ја презаспива исклучиво само тој. Неколку дена така и веќе можев и јас да ја заспијам без да ја дојам. Ама не ни плачеше, оти претходно беше веќе навикната да заспива повремено со него. Знаеше да кенка малку ама ништо посебно. И тоа навистина ми олесни. Ние бевме преуморни не можев да чекам да кратам подој по подој па ноќните ги пресеков одма.
    Ако имаш можност маж ти да ја презаспива некој ден, тоа ти е најдобра и најлесна опција за се кога се работи за менување навики на бебе. Ако не, подолго ќе трае, ама ќе почнеш со одложување подој. Ќе се буни па на крај ќе и дадеш, секој ден да трае подолго одложувањето од претходниот ден, до моментот кога нема да дадеш. Пробај кога ќе биде најуспана тој да го скратиш, не мора секогаш да е истиот.
    Кај бебињата па и децата, важи правилото од 3 дена за се. Значи 3 дена да се издржи и потоа се е полесно.

    @marta993 да ми побараш стари мислења, ќе видиш колку мизерував. :) Тие периоди на скокови и регресии бев мртва уморна, бебе се будеше нон стоп ноќе и дење со многу кратки дремки. Ноќе за да не заспијам додека ми е во раце и да не ја угушам, пуштав мобилен да ми свети во лице и механички скролав нагоре надоле умрена за спиење. Една ноќ ми беше посебно тешка. Кога следното утро почнаа да ми стигаат пораки од одговори за прашања на реклами што ми излегувале на фб а јас поима немам дека сум им пуштала прашања за цени на некакви градежни материјали сфатив колку сум била хаос. Врвот беше за некои објави за Трамп, сум ставала стикери срциња, па добив еден куп лајкови. :tmi: :D
    Кога бебла ми спиеше во раце за дневните дремки, се опколував со перници, се местев така да сум навалена наназад за да избегнам евентуален пад нанапред. :D Колку само слики има маж ми во мобилен како сум задремала со отворена уста од која тече лигушка. :$ :D Едноставно некогаш срцето не ти го издржува уморот. А сум човек кој иначе претходно функционираше нормално со само 4 часа сон. Ама се е поинаку кога ќе добиеш дете. :) Еве дел од моите мизерувања, а многу има, да видиш дека не си сама и ќе помине и ќе преживееш. :)
     
    На mila89, Dancewere, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Пробавме да ја заспие тој,не успеваме никако,никогаш не заспала со нишкање,можеби 2 пати ептен успана сред ноќ ако заплакала,ама ова порано,сега јок...нз како поинаку,не сум паметна,вчера сред ноќ на Али барав fake silicon boob хахсхаха,е до толку сме очајни.
     
  11. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Hahahaha kako be fake silicon boob...i najde li?
     
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Имат да....ама или само nipple се или само breast хахахаха
     
  13. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Ah toj ali nema sto nema:rofl:
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    До некаде да, ама има ли дете што заспива точно до минута? Во првата година особено. Кратење на дремки, регресии, скокови…Нема шанси да се како швајцарски саат. Еве ќерка ми заспиваше во 8-9 до пред 1 месец а сега во 11 заспива. Од дремки ако ја будам за порано да ја легнам само полошо правам, цело време е нерасположена и кенкава и навечер знае почесто да се буди. Вака барем спие колку толку. Освен последнава недела две ама и заби ја мачат. Според мене рутините се поважни од редот. Редот во првата година ќе се смени 100 пати а рутината е тоа што останува и за понатаму.
     
    На starfish, Zumbulche и Stressed Out им се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Цицка од sex shop можеш да набавиш најсериозно :rofl:
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Баш ќе видам,колку и да е смешно жими се очајна сум,окапав искривена в кревет со цицка на изволте :(
     
    На Lili90 и CareTee им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.045
    Допаѓања:
    178.757
    Пол:
    Женски
    Не во раце да ја нишка во легната положба како ти кога ја доиш. Така само повеќе ќе се вознемири. Исправена на него. Свртено кон него, малку повисоко и со главче потпрено на рамо. Без нишкање, само да ја прошета полека низ соба. Мислам дека убаво објаснив. И секако да ја земе кога е смирена, оти и малку ако е вознемирена на крај ќе се довознемири и ќе те бара тебе. Пробајте вака ако не сте пробале и не се откажувајте одма.

    Не се секирај. Фази се, кога големи промени развојно им се случуваат и ете, некои бебиња ги чувствуваат поинтензивно тие промени. Тоа е. Стискај заби и ќе помине. :hug:
     
    На mjay.yyy и Stressed Out им се допаѓа ова.
  18. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.354
    Допаѓања:
    4.627
    Пол:
    Женски
    @Stressed Out само мал коментар ќе дадам, бидејќи многу искуство немам со неспиење, додуше имам ама мислам дека мозоков ми има блокирано се :) Јас мислам дека детето ти е преморено..викаш две или 3 дремки има зошто касно станува околку 8 ама моето ако стане во 8 има 3 дремки, а ако стане во 10 тоа е обично за викенд тогаш има 2 дремки...колку ви е прозорец на будност? ние сме 10 месеци, а ако го заспијам повеќе од 2 и пол саати се мачиме..ако го легнам на 2 и пол саати си заспива убаво...и последната дремка да е некаде 2 и пол, 3 саати пред времето за легнување..тоа е моето искуство
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Секој ден различно... не можиме да стигниме до 3 дремки бидејќи сега првата и е по 2 саати,пред некој ден беше 3,едноставно следам знаци на поспаност,денес еве и се приспа после саат и пол откако стана,благи хаоси.
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.940
    Допаѓања:
    48.128
    Пол:
    Женски
    не знам колкаво ти е бебенцето, ако е малечко нема ни година, го мачат запчиња почекај нека помине тој период, знам дека е тешко и мене ми беше претешко верувај подочњаците почнаа дури ранички да ми се појавуваат, ама не е цела вечност, немој да го одвојуваш од тебе и да му правиш дополнително стрес, кај нема цице, па и уште ја нема мама, моето ми се будеше по мин 10 пати, откако му пораснаа сите запчиња кога ќе се разбудеше повторно го легнивав до мене и му зборев ајде нано наноо, ќе се буди, ќе поплаче, ќе си стои и некој саат будно ама не се откажувај не давај и биди смирена, не пуштај тв, не го шетај низ соба, стварта е да научи само да презаспива, за неколку дена ќе прифати и нема да се буни само ќе си презаспива, ти кажувам од искуство за два месеци дојдовме на само едно будење со цицање и тоа полека ќе го скратам па ќе ни остане само за ноќно и дневно заспивање па до две години планирам скроз да го одвикнам така и помалце стрес и за мене и за него, без мака со преполнети гради
     
    На Oneo и Stressed Out им се допаѓа ова.