Извини што улетувам. Ја симнав јас апликацијата ама уште сме во 4ти скок, па се мислам дали да почнам по нејзе. Дневниве дремки горе доле се вратија во нормала, ноќното спиење се уште не, па сакав да пробам со апликацијата дали ќе се оправи. Чекаше да пројде скокот или сред скок ја воведе?
И моето лазеше така во сон, баш во 6ти скок, д ти кажам денес излегуваме веќе му е подобрено спиењето (се надевам ќе остане така) ПУ ПУ хахаха
И мене така логично ми иде. Ние сега имаме 3 дремки, точни до минута што се вика. Сите и се саат саат ипол, втората знае да ја завлече и 2. И јас од последната ако се задлаби ја будам. Гледам таа да и е најкасно до 6 па во 8 се бањаме и до кај 8:30 е заспана веќе. 6+ сме.
Е како, и јас се чудам. Денски мрза невидена, го мрзи газот да го поткрени, само наназад се лизга без да ги витка нозете во колената, а во спиење ја шета цела спална. Крипи е.
Отприлика кога влеговме во 4 скок почнав да ја користам, моментално сме при крај на истиот и со искучок на 17 недела можам да кажам дека супер го поминавме.
Mozda.mada ne znam kako me mi go resi toa sto 5 pati noke se budi za cicka toa mi e problemot ustvari preku den super spie
Спиењево е многу непредвидливо и што и да направиме мислам дека не влијаеме воопшто како ќе спие бебето преку ден или навечер. Завчера си имаше 5 дремки по 30-40 мин, ја заспав во 20.30ч и за прво цицање стана дури во 02.30ч Не ми се веруваше! Добро, изгледа многу сон и дојде па беше будна уште 30 мин ја оставив да мрда во креветчето, викаше тропаше и во еден момент тишинаа.... Заспа!!!! Без моја помош Утрото се разбуди во 06.30ч и си ја земав со мене до 08.00ч. Вчера имавме иста шема на дремки. Последната само малку се измести, стана од спиење во 18.30ч. Со тоа знаев дека подоцна ќе заспие, не е проблем. Како што ја заспав во 21.30ч на секој саат и пол стануваше... Еве во 07.00ч спремна беше за игра. Така да и со апликации и без, мислам дека сѐ зависи од бебето и темпераментот, колку и да сакам да направам сѐ исто како претходната вечер, којзнае кога такво нешто ќе се повтори..
8++ од пред три дена скрати од 3 на 2 дремки, последната дремка не постое веќе што и беше најкратка. Јас знам дека тоа е правилно - последната да се скрате. Сите гледам се жалат значи не сум единствена, жива ненаспана сум месец и нешто, бебе на час/два се буде навечер цица малце и продолжува а јас после маки мачам да презаспијам а башка и на работа тргнав… Утеха ми е дека е регресија, еве се намалија дремките и баш да видам дали ќе се врате у нормала за некој ден. Забче уште нема, во 6 скок сме со регресија. Сама знае да заспие ама додека скрос не се измори, се ја интересира околу неа, секоја ситница ја забележува, во фаза на лазење е, никако да тргне уште. Светот и е преинтересен, дури и кога цица се врте на сите страни тоа е невозможно да ја држиш, ја оставам врз мене и се валка цела, па ќе нурне наеднаш цица, па се смее. Навечер да почне да спојува повеќе саати мислам дека ќе се препородам, како кога беше 2, 3 и 4 месеци, цели ноќи ги преспиваше. Ама знам дека сега е период на регресија, може и забчиња ја мачат, запознавање на светот и групирање во категории на сите работи што ги гледа и различни зборови и звуци што ги слуша, и неа можам да замислам колку се и е ново, чудно, интересно и збунувачки, затоа и издржуваме, ќе помине и ова чудо, ќе спиеме по цели ноќи некогаш пак.
Женски дајте совет како ги одвикнyвате од заспивање во раце? 4тиов скок ми го смени детето. Никогаш не беше успивана во раце, сега шанси нема да заспие без нишкање. А ја спуштам се буди. Треба ептен кома да е, за да не се разбуди.
Мајки, бебињата ви спијат ли на стомак? Моево на 7 месеци се реши дека само така сака да спие, трет ден еве така ја наоѓам во креветче. Знае да се превртува, не ме плаши тоа, ама како да и е полесен сонот, одма се рассонува штом укапира дека е на стомак. До сега, значи 7 полни месеци ни еднаш нема спиено вака.
Мојата од 3 месеци само на стомак спие . Сеа ќе испадне немајка, ама мнооогу мрда и на грб се разбудува. На стомаче кома. И дење и ноќе. Само во количка кога шетаме знае на грб да заспие.
Cicka nadvor cela vecer i se nauci si ja faka so racinjata i si ja tura vo usta ko sise da e...em mi se spie mi se place em smesna mi e koga ke ja vidam
Исти сме Некогаш промашува и ме зашмукува за нос. Некогаш ќошето од перницата. Ама најчесто погаѓа од прва.
Од која недела почнува 6ти скок? Синоќа мислам дека око не склопив. Спие со нас на спална, ама госпожата реши на стомак да спие се дига со главата во сред сон нагоре и почнува да лази и ја спушта продолжува да спие на стомак, прв пат сега на 7+++, до сега на грб си спиеше. Друго целааа вечеер квичеше, ако ја завртев на грб уште толку почнуваше да квичи, скок ли е регресија ли е, просветлете ме Едит: цицка на изволте имаме и ние по цела вечер тоа е манџа у секое време зготвено
Спие на стомак од кога научи да се превртува сама. Пред тоа сакаше ама не и давав од безбедносни причини. Сега има 3 год, спие исклучиво на стомак. Татко и има скоро 40 год, исто спие само на стомак. Ако знае да се сврти во двата правци (и на стомак и на грб), остави ја како сака нека спие. Ќе си најде сама удобна позиција.
1 месечно бебе нормално е да спие долг период од денот така? Во текот на цел ден буден е 2-3 часа максимум, станува на 2-2,5 саати за јадење менуваме пелена и си спие