Постепено почни со кратење на ноќни подои и помалце време на града, ќе има плачки ама секое чудо за три дена, друго чаре нема
Среќна нова женски дај боже да ни спијат бебенцата. Помагајте кај грешам хорор ми е веке неможам неам сила секое заспивање со вриштење навечер ќе заспие 8 до 9 и се буди неможам да ја презаспијам порано презаспиваше сеа се плаши во сон ае морам да ја нишкам шшшш по газот како да воспоставам некоја рутина последна дремка кога да биде 5 месеци сме хаос неам сила ќе се распаднам многу нервозна се осеќам
Моето новородено бебче навечер не спие, денит му е ноќ и скоро цел ден спуе, а ноќите не му се спие и мака мачиме те на цицка, те дохрана, те нишкање и така до 6 сабајле, тогаш заспива и цел ден е мирен. И дајте предлог како да се намести пелената под папочето, едвај ја местам и ако спие на страна се прави жива вода сиротиот
А зошто пелената под папочето? Деволно е лепенките да се подолу ставени. Ние не сме имале проблем со папочето, никогаш го нема намокрено.
Треба да го научиш што е ден, а што ноќ. Преку ден бидете гласни, светла запалени. Навечер гаси светло, носи го во спална и нема излагање од спална до сабајле. Ако го храниш, во темно, ако менуваш пелена во темно, без зборење. Со тек на време ќе научи, малечко е. Јас пелената никогаш не сум и ја местела под папочето, и падна после 10 дена и немаме никаков проблем.
Не е многу малечко за една дремка на 6 месеци? @forumce на година полна почна да ја крати втората дремка. Веќе од година и две недели си премина на една дремка.
Па така не учеа во болница, да се подвиткува пелената под папочето,може ради тоа дека е машко и мочка нагоре?
Па сме гласни, ама џабе, му се спие и не не рецка ич. А навечер со мини светло сме за да го гледам иначе нема шанси скроз темно нема да знам што се случува во соба, еве сега го држиме буден со сила, кенка,плаче па ќе видиме до кога ќе издржи без спиење
Мало е, ќе се научи. Само така терајте, без муабети, тивко да е навечер и ќе се навикне. На почеток на сите им е помешано.
нема врска машко, женско... и јас на мојата и ја превиткував пелената така ми кажаа во болница додека не се среди папчето скроз...немав никаков проблем мн лесно малце ќе ја потвиткаш горе ..
Кажувајте совет. После 4тиов скок, ќерка ми навечер стана зависна од цицка. До кај 3-4 спие во креветче, после тоа залепена до мене со цицка во уста. Ќе цицне 2 пати, ќе заспие, па ќе и падне цицката од уста, се буди. И така во круг до 7-8 сабајле. Како да ја одвикнам кажувајте, ем хронично ненаспана сум, ем укочена што е залепена за мене.
Премногу е мало за да знае кога е ден, кога ноќ. Остави го да си спие кога сака. Секој месец прават големи промени, како друго бебе. Сега спие цел ден, ноќе се буди, после ќе спие ноќе, дење ќе се буди и така во круг. Не држи го со сила буден, мачење без потребно за сите, според мене.
Osven trening drugo ne znam da pomaga. Eve jas se trudam da ja vrakam vo krevetce ama ne mozam mi se spie i si ja ostavam do nas. Za 2 nedeli trgam na rab ako ne se izdrzuva ke mora trening a zal mi e pustoto ke place
Јас не сум за тренинг ич. Не можам да трпам да ми се корне од плачење дете. Се си мислам некои психолошки последици ќе има. Не знам како имаат сила да ги остават така по саат да плачат, мене коа ми плачеше 2 саати по 4ти скок, јас со нејзе си плачев
И ја сум ко тебе. Ама да те утешам, издржи коа ќе помине скокот ќе се врати во нормала. И мојата беше лепенка и за мене и за цицката па сега си е ок.