4ти скок? Ние сме моментално во 5ти скок и многу е полошо отколку што ни беше во 4от... Секое бебе различна приказна, не знам што да кажам
Изгледа ид што ми плаче и прета му ја врзувам полабаво и затоа ми де измочкува, денес го стегнав малку повеќе да видам што ќе се случи така
Не она си заспива со цуцла ама тој период, после 3-4 вришти цуцла ако и дадеш, само цицка сака. Лепенка
Еве стегнав, па веќе 2 саати е сув, се надевам не ги мачиме со стегањево пелени, купив сега Цанбебе пеленки, во ремедика тие ги користат, па да видиме дали со нив ќе има успех
До 4ти месец навечер не се лачи мелатонин за да знае бебето кога е ноќ, а кога е ден. Некои бебиња од прва "кликнуваат" и нанкаат навечер, на некои им треба време. Знам дека е мачно, ама ќе се адаптираш на бебе, ќе спиеш и ти денски кога тоа спие и тоа е. Немој да го мачиш за џабе, само полошо му правиш и него и себе. Пелената малку под папочето свиткана колку да не го топи, лепенките убаво стегнати, ништо не им е, не се плаши.
6++++ сме, секоја вечер минимум по 10 пати се буди со плачење во сон. Прво чекам да видам дали брзо ќе се смири, ако не, тогаш станувам до креветче и ја галам и смирувам. Најчесто, одма се смирува и продолжува со спиење. Без разлика дали сме во скок или не, ова веќе си трае некои 2 месеци. Во текот на ноќта, ако ми е скроз разбудена, и' давам да цица, па си презаспива. Имаме едно доење преку ноќ, но некогаш се случува и да немаме и да си издржи до сабајле. Уште сме на доење, имаме еден оброк и веќе воведуваме втор оброк. Некоја мама со слично искуство? Не знам зошто толку често се буди со плачење. Има ли нешто што пропуштам да направам? Или едноставно детето ми е такво и да си чекам да си помине само од себе
Денски колку пати дремнува? И колку му траат дремките? Според ова што го пишуваш личи дека останува будно повеќе отколку што треба меѓу дремки, обично преморените бебиња така често се будат.
Има 3 дремки, обично првата и втората знаат да се подолги, околу 1ч и 30 мин, а третата и е обично пократка 30-40 мин. Прозорот на будност и е околу 2 и пол саата. Кога бевме во 5ти скок имаше намалено од 3 на 2 дремки извесен период, ама еве ја сега се врати во нормала како што беше порано и си се држи до 3 дремки уште. Е сега нормално не е секој ден ист, но сепак и се фаќаат 3 до 3 и пол саати за дремки.
Ќерка ми е за некој ден 5 месеци. Колку дремки имаат вашите бебиња на таа возраст и колку траат? Исто колку им е прозор на будност, после 1 ипол саат почнува да ми кенка за спиење?!
Ние сме 5+++ do pred nekoe vreme imavme 3 dremki Sega pak 4 dremki po pola h Do koga ke rasteme so 4 dremki???
До полни 4 месеци бебе си заспиваше само и ден и навечер без нишкање и не следев колку дремки се и во колку саат. После смени и заспива на града или со нишкање со тато. Сега е 6м ама уште сме така и немаме ред за денски дремки т.е. некогаш се 3 некогаш 4, некогаш спие како зајак по 20 мин. , некогаш ќе сврзе 1 саат. А а ко се пробуди и ја земам враце ќе си продолжи да спие. Инаку не. И немаме распоред во колку часот и се дремките. Секој ден различно. И никако да испланирам пример кога е ќе е будна, кога ќе спие.....ќе излезе намерно пријателите ги откачувам за шетање оти немаме ред . Нормално е вака да немаме ред за спиење денски? Ма да и ноќе од 4иот скок и остана и се буди на секој саат.
Мајки моево бебе нема месец се уште, последниве два три дена сака да спие само врз мене на меше инаку нема шанси ако го оставам одма за 10мин се буди. Вака сме на денски дремки, вака навечер заспива но понекогаш навечер продолжува меѓу нас во гнездо. Само првата вечер спиеше во креветчето, цело време сме во гнездото, до мене еве сега и врз мене, инаку кинка плаче. Да се помирам и навикнам или да барам чаре. Давајте идеи, совети. Се мислам добро ли му е така.
Мислам дека е во ред и ние сме така, или 3 или 4 дремки со различно времетраење. Откако ќе дојдат на 2 дремки, сметам дека ќе станат попредвидливи и во времетраење а и ќе знаеме отприлика во кое време ќе им се дремките, полесно ќе биде за планирање
Малечко е уште, си сака близина, убаво му е така, мн нормално. Не го брзај, има време кога ќе се одвоите, ќе почне да си спие во креветче. И моето во почетокот само врз мене спиеше денски, некогаш и навечер.