Не се фокусираш на дремки на таа возраст, гледај да го заспиваш после саат време од ко ќе стане. Иначе 4/5/6 зависи колку траат.
Малата има 4 месеци и последната недела две спие корни..Преку денот после секое јадење преспива околу саат време некогаш и се случува таман стани за јадење да заспие дури пие млекце и пак ја нема одприлика пола саат.. Станва кај 7 8 макс ама тие 2 саати после 5 немирно ги спие.Станва 3 4 пати за млеко преку ноќта а порано врзуваше и по 6 7 саати. Пред овај период одвај врзуваше дремки по 15тина минути ако ја држев враце и пола саат а сега сама цепа толку Треба ли да се загрижам?
Моево бебе за неколку дена ќе биде 3 месеци и откако направи 2 месеци не преспива во денот повеќе од 45 минути. Има по 4-5 дремки и сите траат од 30 до 45 минути, некогаш може да се деси 2-3 саати да преспие ама само ако е на мене легнат и не се ни дешава често. Дали ви се случува и вас ова? Пробав прееска да му ја направам атмосферата во соба како навечер кога спие мислев ќе си мисли вечер дека е и ќе спие подолго ама не. Предложете нешто што вас ви помогнало да спие повеќе или доволно му е толку па затоа не спие повеќе?
За бебиња што спијат по 30-45 мин од дремка, оваа статија е доста интересна и мене лично многу ми помогна да ги променам очекувањата во врска со спиењето и многу подобро се чувствувам, не форсирам ништо а тоа го чувствува и бебо https://www.bellybelly.com.au/baby-...pkh-HFxnk0kYA1tJyJHUeuPAku6Em7jx7m5KP0vFCsXB0 Ова е скроз друго гледиште од оние што пропагираат тренинг за спиење. Постојат бебиња на кои им се потребни 12-13 часа сон во 24 часа и тоа е тоа. Ретки се оние кои спијат 12часа навечер, па 2-3 часа во дремки.
Исто вака почна ќерка ми на таа возраст, сега е 5+ нема промена. Само ако ја земам да ја презаспијам ја продолжува дремката. Не знаат да ги врзат фазите на спиење сами. Колку што читав брзо решение е тренинг ама јас не планирам да го применам.
И моето (3+++) толку му траат денските дремки, макс 40-45 минути, ја преспива цела ноќ по 10 саати и го прифатив како нормално. Ако му се спие подолго, океј (се случува понекогаш и саат-два да врзе дење) ама не го форсирам.
Моето спие повеќе само ако и јас спијам до него. Инаку некаде околу 4+ почна да има и подолги дремки, а порано спиеше од 15мин па до 40, зависи кога како. Сега спие од 45 до кај саат и 15/30 мин.
Јас се тешам што барем навечер е добар и спие, знае и по 7 саати да врзе, а последниве неколку вечери не ни станува за јадење. Знам дека му е доста спиење кога ќе се разбуди и одма се смее ама некогаш се случува да му спие уште и ми кенка цело време. Мене не ми смета само да не плаче, некогаш незнам што сака и ме фаќа паника. Уште едно прашање имам, кога е доволно голем да преспие вечер без да се разбуди за јадење? Отприлика. Два вечери по ред не станува ама мене ми е страв да не е гладен и му давам во спиење на сред ноќ. Фала ви на сите за одговорите.
Ако е гладен верувај ќе се разбуди сам. Ако добро напредува, мислам нема потреба да се буди или во спиење да се дава ако не бара. А кога почнуваат да не се будат, нема правила. Моево тие 10 саати ги спие без будење и без млеко.
Искрено и се има и на мпјава случено да врзе по цела ноќ на пример од кај 10 до 5 и нешто како пред некој ден ама тоа е кога нема да спие преку ден(грчеви) или ќе спие мнпгу малку и јас не ја форсирам со јадење а фала Богу и убаво ск нашредува на килажа, ако е гладно мајка нема да спие не се секирај
Уживај дур спие, да не те плашам ама ќерка ми спиеше дур не влезе во 4ти скок. Сега лепенка до мене се буди на секој саат.
Од 6 месеци бебиња се спремни да не јадат навечер. Нормално е да се будат ама ако се успивате со нишкање може така да се презаспиете.
Бебето само ќе си крати една дремка. Само следи го, само ќе си покаже дека последната не му треба. Ние сме 6++ и сеуште имаме 4 дремки и тешко дека во брзо време ќе преминеме на 3.
Да, да, знам дека сам ќе скрати, ама мислев дали има некој период кога се случува таа промена. Гледам денес подолго ми беше буден, од 4 до 7 и пол, и дури сега ми се разбуди од дремка.
Генерално од 4-6 месеци кратат од 4 на 3 дремки. На 6м веќе треба да има 3 дремки. Па на 8-9 м преоѓаат на 2 дремки. На годината им останува само една дремка. Ова е генерално, сепак секое бебе си е индивидуално.