Каде ви спијат децата преку ден? Некои велат надобро е каде било, во галама, светло и сл. Некои велат стрикно во темна соба, тивка, најдобро во креветчето. Не можам да се одлучам. Бебе е 4 недели, навечер некогаш креветче, некогаш до мене и најлесно заспива така. Преку ден нема проблем сама да заспие. И не можам ред да и фатам, освен за ноќното јадење во 2 наутро и после спие до 7-8 сабајле.
Преку ден најубаво е да спие во светла соба а навечер во темна, за да разликува ден од ноќ. Сакаш во спална нека спие, во дневна нема врска кај спие преку ден важно да е светло и ти функционирај си најнормално. А навечер нека ти биде тивко и темно. Мојава е 6 месеци на почетокот спиеше преку ден на мене зашто имаше многу грчеви а навечер спиеше во креветче. Сега во креветчето не може ни еден саат да сврзе навечер. Остај ја кај сака нека спие и преку ден и навечер, еднаш се бебиња, си сакаат топлина.
До 3 месеци спиеше во дневна во гнездо, тоа е во однос на дремките. Различно времетраење секој ден во различно време. До 3 месеци нема ред и редослед на дремките. Барем кај нас беше така. Ќерка ми има 6 и пол месеци, па ниту ние немаме секој ден ист број на дремки и ноќеска се буди секоја вечер во различно време за цицање. Најважно е да знае што е ден а што ноќ, за да спие подолго навечер. Толку малечки прозорецот на будност им е 45-60 мин што значи после дремка менување пелена цицање и пак нанање . Важно е да не се доведе бебе да е преуморно, но сепак тоа најубаво ќе покаже. Никогаш не е рано за воведување на рутина пред вечерно спиење, пр бањање, облекување пижамки, цицање и спиење. Ќе се навикне на ова и ќе знае дека е време за спиење. За дремките не се грижи, кога ќе порасне ќе бидат попредвидливи.
Кога имаше 4 недели по цел ден цицаше и спиеше во раце во дневна/спална каде ќе ми беше мене позгодно. Мала ти е уште за ред. Како што пиша Марта, во овој период е најбитно да не измеша ден/ноќ, така да сега преку ден нека спие во галама и на светло, после трет месец негде ќе видиш по бебето дали ќе сака преку ден темница и тишина или ќе е океј како дотогаш. Исто и ноќна рутина помага да се разграничи ден од ноќ.
Дали има друг вакво бебе ко моево? Дневните дремки си ги спие во креветче без проблем. Навечер заспива си ја ставам во креветче и си спие до кај 1-2, некогаш бара цице некогаш не. И коа бара цице во 1-2 никако не сака во креветче. Некогаш ќе ја легнам ќе заспие и по 5-10 мин коа ќе сконта кај е бара да си ја земам со нас. И така до сабајле си спие со мама и тато. И тоа си врзува 4-5 саати, следно цице бара как 5-6. Ич не се жалам, супер ми е, ем сум наспана ем нагушкана ама баш ми е чудно зошто преку ден си спие во креветче а навечер не сака?
Еве го, исто е. Денски нема проблем, кај и да е ќе спие, ама навечер мора да е мама до него. Да станам до вц да отидам одма осеќа и вришти на цел глас.
Девојки како ги заспивате вашите бебиња? Моево има месец и навечер многу тешко заспива. Од 20:00 до 02:00 свашта пробувам никако не сака. Преку ден нема гајле , а штом дојде време за спиење хорор е.
Кај нас е скрос обратно, денски не смеам да мрднам, навечер си спие во креветче. Ептен сабајлечки после 5 го земам да поспиеме да се погушкаме. Пологично ми е да е обратно ама кој може да ги разбере.
Кога беше 4 недели денски спиеше во количка во дневна, со уклучен телевизор, со галама, најнормално функциониравме дома. После тоа а и ден денес 2 и пол месеци е, почнав да го ставам на тросед да спие ќе постелев тетра пелена, или на baby gym. Исто во дневна со галама. Во креветче и во темно само навечер. Кога ќе му дојде време за спиење се префрламе во спална го преслелувам и цицањето пред спиење му е во темна просторија со бела бука или со музика бебешка за спиење. Мала е уште да и фатиш ред мислам. Потака таму кога ќе е поголема после 2 месеци лека полека ќе фаќате ред. Сега треба да разграничи ден ноќ, и направиси навечер како рутина некоја капење/јадење/заспивање пример.
Добро има ли друго бебе како моево, ке ме пукне веке. Денските дремки по дваесетина мин, невечер се буди на 20 мин за цицанје дур не ја легнам до мене. Накај 1-2 навечер веке не можам да шетам па ја зимам до мене. Се буди во 6 и толку е. После секоја дремка 20тина мин. 11 месеци има. И јас од неа сум хронично ненаспана и ништо не можам да чепнам. Кога спие ако шушнам одма се буди.
Еден од најтешките периоди ми беше од 10ти до 12 месец и да кажам уште и трае еве 12++ сме, тешко заспивање, мн често будење, нередовни дремки, станување во 1 по полноќ па играње до 4 и се така во круг. Не те утешив ама да знаеш не си сама
Дали некоја мајка од тука има правено тренинг со д-р Гуднајт? Кај мене ситуацијата е неподнослива до тој степен што се решив за тренинг. Арно ама и пишав на фб страната, уште ми нема вратено. Чисто ме интересира како сте ја контактирале? Работи ли уште со тренинзи? Ако има некој некое инфо нека сподели.
На 5 мес колку дремки треба да има? Некако многу нагло од 5 ми скрати на 3 дремки, а само се прозева по цел ден.
https://www.facebook.com/doctorgoodnight/ Еве линкче до страната на фб. Таму можеш да си прочиташ и да ја отвориш веб страната. На веб страната ги пишува пакетите и услугите што ги нуди. А и на инстаграм можеш да ја најдеш. На кратко кажано, со тренинг можеш да воведеш некој ред со спиењето, т.е. да го научиш детето само да заспива.
Мене на почеток на 5 мес ми скрати на 3, сега за 3 дена пуни 6 мес, се врати на 4 дремки. Ваљда периоди се дур не преминат на 3 конечно.