Кај нас гости во недела преку ден викаме доколку некој сака да дојде,тогаш сме слободни...а ако некој сака преку недела,тогаш им кажуваме отворено од 7 до 9 сме слободни,бидејќи после имаме процедури со бебето. Доколку имате рутина,треба да си ја следите. ..гостите ќе си отидат а вие ќе си имате мака цела вечер
Мила и сопругот ми е некогаш до 18ч и тогаш гости и да дојдат може отстапка да направиме ете до 20ч па да се повлечеме. Но, во принцип гости договараме за викенд преку ден да дојдат и за викенд идеме на гости кај што се со мало бебе. Нема што за нечиј ќејф да го реметам распоредот и сонот на своето дете. Ќе треба да е нервозно и кенкаво, па цела ноќ нема да спие како треба и по дефолт му се мења и наредниот ден зашто ќе стане покасно,па ќе ја изгубиме рутината. Сепак ова е мој став и ете 7мес така функционираме. И нас ни е спалната до дневната. Еднаш се деси да имаме гости кој иако се повлековме се слушше галамата и дете ми почна да плаче до зајдување. Културно излегов и се извинив дека нема љутиш, но дека малото ми плаче и дека друг ден ќе си ја продолжиме дружбата. Ако се луѓе на место и вистински пријатели нема да се налутат. Исто како ни ја што не би се налутила да сум на нивно место. Секој разумен ќе сфати. Доколку не сфати нај ама нај искрено воопшто не треба ни да ми доаѓа на гости. И да дојдат кај вас гости во 19ч можете пред да дојдат да им нагласите дека не би можеле да се дружите покасно од 20:30-21ч ( ете отстапка ќе напраите ) зашто ќе му се наруши сонот и мирот на вашето дете. Па ќе нагласиш ако не одговара да се дружите тогаш за викенд преку ден. На смеење ќе го кажеш ова за да не биде ни сфатено лошо доколку ви е непријатно. Па замјсли да ви се најават 5-6 пара во текот на неделата....зар би дозволила да преќутиш и да му нарушиш мир и сон на сопственото дете? Јас искрено не би дозволила па макар и сестра ми да е
Најмногу ме иритираат такво луѓе. Абе се знае дека кај мало бебе се оди порано ете на повојница и по можност недела. А не да ми седат до 12, 1. Нели треба да се раскрене плус од гостите. И искрено, не знам за вас, ама јас сум против тие повојници. Ми доаѓаа еден по еден така секој ден. Ни бебе не можев да си избањам, се ми се нарушуваше и со спиењето плус.
@karibian безосетни. Јас си кажувам 8 се бањаме , 9 заспиваме. Кога треба да цица, спие си одам во спална и детето ми е на прво место. На маж ми тетки и остала фамилија се домкнаа втор ден од болница со дете од 4 год, јас си се повлеков во спална скоро цело време. Ма да моиве гости секогаш прашуваат кога е најзгодно да дојдат. Повеќе од 10 не седеле. Што луѓе ќе имаше до 12 кај мало бебе да седат , ццц
Мајки јас веќе не знам што ми се случува Не знам што е со бебчево ама ми се чини како цела ноќ да сум будна. Цело време се буди и кога спие не спие мирно, прета мрда испушта звуци, не знам веќе како да го променам тоа. После бањање кај 7ч цицање успивање. Некогаш може да потрае, ама кај 8 пред 9 најкасно спие. Се буди кај 12-1 да цица и многу тешко презаспива и после се буди на 1 саат што е многу многу е, т.е малку е! Тука читам сите кажувате станува еднаш или два пати, а моево 5 пати и почнувам да се нервирам па можно ли е. Цела ноќ нишкам, лулам, неколку пати цица, а не може ноќта ден да е. Да речеш преку ден спие, ама не. Ајде вчера спиеше два часа, ама инаку по 15мин неколку пати и тоа е, и пак исто навечер. Цела ноќ сум будна. Ја слушам до мене како прета, кенка или ја успивам. Па и обавезно кака ноќеска и морам да ја пресоблечам и се така во круг. Стварно веќе нема смисла ова што ми се случува
Здраво мајки Незнам каде да го сместам прашањето затоа тука ќе прашам. Ме интересира како ги заспивате вашите дечиња, дали со нишање или ги оставате сами да заспијат? Како ги научивте сами да заспиваат? Ние се нишакаме и веќе станува напорно, па сакам да ја научам сама да заспие. Купив и книга со совети ама некако тешко изводливи ми се советите. Треба да ја оставам да плаче 3 мин и да влезам само да и кажам мама е тука и пак да излезам. Треба да наголемувам по 2 мин .Некако не ми се остава толку долго да плака Некој совет @Вереничка мојата е 16 месеци и иста е. Се нешто мрда се нешто кенка. Незнам колкаво е твоето да не вади заби тогаш обично е полошо спиењето. Јас исто немам нерви веќе. Нишам 30мин и кога ќе ја оставам таа се буди. Ја одбив на 13 месеци велам ќе врзи до сабајле ете уште чекам , но подобро е од кога беше помала врзува и по 4-5 часа.Мајка само трпение , некаде прочитев од 19 месеци децата почнуваат да спијат подолго, па и да ја преспиваат ноќта.Ќе видиме @sunmoonstars мојата на 11+ спиеше по 2часа а некогаш и 3часа. Убаво беше тогаш сега спие по 15мин. Пријатен ден мајки
@Ava.84 Моево заспива цицајќи, мала е 2+ м. А има денови кога нема да заспие цицајќи па ја оставам на кревет ѝ дадам цуцла, гасам тв, не ѝ зборам и по некое време сама си заспива. Нишкајќи во раце никогаш не сум ја успивала.
@Вереничка исти сме и ние 8+ сме ама од кога прв ден е таков. Заспива со цицање и цела ноќ се буди, на секој 2 часа некогаш и помалку веќе незнам како функционирам преку ден. И денски е иста песна нема спиење повеќе од 15 мин до пола саат максимум.
@Ava.84 пробај да легнеш до неа и да ја нишкаш со тапкање по газето. Ако пие млеко легни ја на кревет дај и го шишето и ти легни до неа.
Мила, нормално е тоа. Баш ти пишав и претходно. Имате еден месец, нели? Првите два месеца исто и мојата така правеше. Преташе, немирно спиеше. А особено во креветче им е голем просторот и се чувствуваат несигурно. Заспиваше околу 8 и пол и се будеше околу 1, а второто презаспивсње катастрофа. И јас од 1 до 7 сабајле ми се чини бев се будна. Ќе се нормализира кога ќе направите накај 3 месеци. До тогаш треба да се издржи. Тоа е. Мајки сме, силни сме
@jovana03 леле имам пробано одма станува и плака уште повеќе. 16 месеци голема е и не пие млеко.Многу е комплицирана и темпераментна. Си велам уште малку ќе смени
Биди упорна, легни до неа, пеј нишкај, приказни читај. Собери нерви и да поплачи колку ќе плачи? За 2-3 дена ќе види дека не и попушташ и ќе заспие
Мојата е некој месец поголема, ама исто е. Откако ја одбив мака мачиме со заспивањето. Почнав да седнувам малку по малку на спална ја нишам или легнувам и она на мене легната и така ја нишам. Па престанав веќе стоејќи да ја нишам. Сега пробувам ја легнувам прво, ја галам, така подзадремува, ама уште не знае како сама да се опушти и заспие и пак пред да заспие бара да ја земам. Нишкањето е навика која најтешко се искоренува, а сами околу три години ја надраснуваат. Пробувај постепено, секако нема да успееш веднаш да ја легнеш и да заспие без плачење. Јас лично не сум за плачење, никогаш не ја оставам да плаче, поготово не така да заспие со тој стрес. Ама тоа зависи до родителот и што мисли дека ќе успее. Пробај и на онаква топка за пилатес да седнеш, може полесно ќе ти биде. И трпение, многу трпение.
@Belabelinakinder и ние имаме ваква вреќичка , многу убаво си спие во неа . Ни да го мислиш дека ќе се открие , топличко му е
А како успевате да ги облечете? Мојот лесно се буди , не сум се нафатила ене ја си дреме испрана испеглана, чека подобро време. @ada21 @Belabelinakinder
Ако мислиш дека ќе ти се разбуди кога ќе го спуштиш облечи му го уште пред кога ќе се успивате. Јас ноќно време кога цица не го вадам, цицаме така и само го враќам во креветче.