Леле баш влегов да се пожалам, исто, исто како јас да сум го напишала. Повеќе трае заспивањето од спиењето. Моево дете не се научи да спие и не. Само што ќе ја легнам 10 минути и станата е, со фул енергија. Навечер бетер од новороденче е, цело време се буди за цицање, а не дека цица нормално само си влече. Брадавиците ми болат веќе од цело време што е закачена на мене. До кај 1-2 спие во креветче после никако не сака, само што ќе ја оставам плаче и колку обиди да пробам безуспешно. Само што ќе ја ставам до мене си заспива и спие помирно и помалку се буди.. Исто 11 месеци е.. Некој поискусен да каже што е ова и до кога ќе трае? Преуморна сум, и немам време за ништо.
Не знам дали памтите ние колку многу проблем имавме со спиењето,стануваше на пола саат,45 мин зс цице в уста,дење дремење по 30 мин,2 месеци вака,душа однемав,спонтано почнавме тренинг сами не се трпеше една ноќ и ја оставивме да плаче,40 мин плачеше... па сред ноќ исто не давав цице,секоја вечер се помалку плачеше,за 5 дена веќе и не плачеше,се стабилизира,дневните дремки како по книга,е сега ноќе легнува во 9 и 30,најкасно 10,станува накај 3,па после накај 7 и спие до кај 8,9,ми беше жал ноќе да не и давам воопшто цице ама кај и да е ќе почнам и тоа да редуцирам,голема е,не е гладна,јаде квалитетно и 3 пати во денот.
Мојава до 4 скок воопшто не беше ваква. Нормално многу мало бебе уште додека немаше ред ама од кога и направив ред беше супер по 2 пати се будеше, цицаше и пак спиеше во креветче. После 4 скок се поремети со спиењево ок и тоа ама скоро година има и сега стана неподносливо. Еве ја пробав цела ноќ до мене, исто е .. Ништо не смени тоа што е до мене. И јас сакав да пробам ама ќе почне да плаче и маж ми не ме остава веднаш ја зема. Некој ако има искуство со др. Гуднајт ама навистина да каже од прилика како е. Дали е на вистина таков тренингот да го оставеш и да плаче? И колку е ефикасен?
Не е тој методот со кој работат, пишува се' на нивната страна кој начин тие го практикуваат. Далеку од тоа дека некој родител би си го оставил детето да вришти неутешно.
Имаш опција за консултација - 2000 денари. Основен пакет за тренинг - 6000 денари. Ексклузивен пакет - 12000 денари. На почеток и јас си викав можам се' да издржам, но веќе почнав и физички и психички да попуштам. Кај мене ќерка ми се буди 10-15 секоја вечер без прескокнување (а пред две вечери и 20 пати). Не можам ни приближно нормално да функционирам. Во мојот случај се одлучив за тренинг, и тоа основен пакет. Не мора ексклузивен, и основниот пакет си е сосем во ред. Инаку доста разговарав со мајка ми и свекрва ми, но и тие немале ваков случај и не ни знаат што е најдобро да се прави. По нивно, остави ја, ќе научи кога тогаш. А јас уште месец време имам до крај на породилно. Кога ќе почнам со работа, и плус будењата од 10-15 пати, па и не знам баш како ќе се издржи. А да напоменам, немам никаква помош од никој за чување на ќерка ми, а и работам во приватна фирма.
Na bebe koa ke mu ja smenis rutinata za zaspivanje ke place sekako poso mu menjas i ne mu se sviga toa...ako go niskas za da zaspie i odednas go ostavis da lezi i go tapkas po gaze ili guskas pak ke place deka mu menjas...placenjeto e neizbezno
Мене ноќното спиење не ми е проблем, освен синојќа што нејќеше да се оддели од мене, значи ако се свртам на Др страна се будеше а не да легнам на Др место. Мене ми е проблем преку ден, ич не спие. Значи ти за да ја научиш да спие она мора да плаче, освен ако не ти се падне вакво дете во 4ти скок да не спие ич преку ден а навечер по цели ноќи. Моево ако не го изнесам надвор не спие преку ден, што се не пробав дали 1 саат ќе испие преку цел ден а времето се уште не е добро за јас да ја изнесувам секој ден.
Точно, еве веќе 3 дена почнав на некој мој начин да ја тренирам, склоп од се што прочитав на нет и според моето дете. Плачењето е неизбежно, но и во самиот тренинг нагласуваат дека ако плаче, треба да пробуваш да го смириш детето, а не да го оставиш неутешно да плаче.
И ќерка ми имаше проблеми и со дневните дремки. Нешто што ми помагаше е што почнав после цицање со малку нишкање да ја заспивам. И покрај тоа што изгледаше неизморена и полна со енергија, го следев прозорот на будност да и е отприлика 2-2.5 часа. После скоковите секогаш ми доаѓа нов проблем, ама после скок обично се враќа во "нормала".
И нишкање сум пробала и во количка и секако 3 месечно бебе да спие до 17.30 па во 22 не знам а и се спие и нервозна е и ништо не и е погодено.
Верувам. Мислам дека од премореност е така нервозна. Сепак мало е бепче кај тебе, допрва ќе менува. Кај мене воведов некој ред дури накај 6ти месец. Инаку прв ден кога не' пуштија од болница после пораѓај, ќерка ми будна беше 5 саата. Уште од тој ден си кажа она каква ќе биде Еве веќе 8ми месец го почнуваме и уште патешествие имаме со спиењето.
Како што пишале погоре плачењето е неизбежно,некои не сакаат бебето воопшто да им плаче,дури ни дење за да добие тоа што сака,секој има свој начин на родителување,јас сум тука малку построга општо и сме на иста бранова должина со сопругот,не ја оставаме да прави што сака,ќе поплачи малку и ќе се откаже. Ноќеска еве и скокнав еден подој,плачеше,па стана да си игра малку,ја зедов в раце и кажав дека нема цице и да спие,ја легнав до мене,поплака малку и заспа. Тренингот и одвикнување од некои работи се тешки,ама станување по 10-15 пати во ноќта цели 2 месеци за мене беше потешко,инаку сега има полни 9 месеци,хорорите почнаа со 5тиот скок и крај им немаше.
И ние ќе зимаме тренинг... ова е очајно кај мене веќе! Навечер на 20 мин станува, без цицка не може да презаспие. Ова е и психички и физички умор...
Успеа ли да ја контактираш? Мене уште не ми вратиле на пораката што им ја пишав на фб, а на тел. никој не се јавува.
Јас и пишав на инстаграм и ми рече барај ме во понеделник... и ми остави бројче ако сакаш пиши ми во инбокс ќе ти го пратам
Совет… Моето бебе полни 5 недели е, не преспива денски дури ако преспие тоа е макс 2 пати по 30 мин. Навечер си спие супер се буди на 3 часа за јадење… што правам погрешно, како да го заспивам