Е па изгледа на инста е поактивна. Ај ќе и пишам таму и јас, па нешто пак ако не ми врати ќе ти пишам порака. Фала за инфо
Мајка следи ги знаците на премор, плакање, трлање очи, прозевање и одма пробај да го заспиеш.Види на инста кај др.Гуднајт колкав треба на 5 недели да му е прозорецот на будност и прати го и заспивај го.Му треба помош околу заспиењето.Со нишкање, со цице , со галење.Многу е мало за да не спие.
5 та недела е првиот скок, можеби затоа не спие. Ако не е плачливо во меѓувреме, не се грижи, до скокот е и ќе помине за неколку дена. Ако е кенкаво, пробај на било кој начин да го заспиеш. Доење, бели звуци, шетање низ соба во раце.. Извади го на воздух надвор обично бебињата надвор многу спијат. Паметам мојата како новороденче по 3 саати шетавме и цело време си спиеше во количка. Само што ќе излезевме од дома заспиваше.
За толку мало бебе мислам најубаво спиење е надвор на воздух, гледај додека е почист воздухов и потопло колку можеш повеќе шетај го надвор
Исти бевме....за жал колку и да звучи сурово и да те убедува некој дека може поинаку,единствен начин е да го оставаш да се исплаче и презаспива без цице,односно тренинг да,ама ќе има плачки секако. Ептен сочуствувам со тебе,дури сега се ежам кога ќе ми текне на тој период,преземи нешто затоа што тешко дека ќе се среди само од себе,навика им е и така ќе си тера,освен ако сте во скок или заби,јас чекајќи да помине "периодот" што уствари и не беше период поминав 2 месеци агонија,а може и 2 и пол да беа,исцрпувачки е премногу.
Истото ми се случува, моето е полни 6 недели и преку ден ич не спие а навечер спие Преку ден се мачи да заспие 1 саат ја нишам заспива и спие 5 мин како нешто да ја буди и одма нервозна зошто и се спие а неможе да заспие, те молам ако најдеш некое решение да споделиш
Сосема нормално за толку мали бебиња. Ја успивав на мене најчесто пиејќи млеко и ја држев, така спиеше по саат- два сигурно, кога ја спуштав веднаш се будеше. Нормално е ова скроз. Ја има heysleepybaby на инстаграм со совети околу ова. Ама на таа возраст за да сврзи денски сите дремки ни беа contact naps. Ништо погрешно не правите
Верувај ми дека сум очајна, незнам како да му помогнам на бебево, не е нормално волку мало бебе воопшто да не спие, нервозно е му треба сон, стварно незнам како да постапам
Вака,од завчера сум со нов проблем,го спуштивме душекот од креветчето,дење ја легнувам да спие таа станува и се пентери на оградата,шета низ креветче,салта прави...се соочил некој друг со овој момент?
Фен, галкање меѓу очи за да држи очите затворени функционира кај мене, еве денес заспа на техно музика и додека чистев со правосмукалка спиеше, држење за раче - и така спие. Цуцлето многу си го сака, сама се успива ноќе така... Држење во раце додека не се усцврсти со спиењето па дури тогаш полека оставање.. не знам шо друго да ти препорачам...
Не е момент тоа, тоа ќе трае . Седни стани сврти се преврти се.јас ја оставав што сака нека прави и на крај ќе заспие.
Ти да не си нешто нервозна или напната па те осеќа и да не сака затоа да спие? Во релаксатор да пробаш и во исто време пушти фен или правосмукалка, и нишкај го, плус цуце обавезно, со цуцла многу полесно спијат децата, тие деца што никогаш не фатиле цуцла обично имаат проблем со заспивање. Или пробај шетај го во количка надвор.
Релаксатор? White noise на јутуб? Нишкање? Или да пробаш на спална да го заспиваш место во креветче? Пример моето сакаше релаксатор, имавме со нишање и уживаше да спие во него…исто и во количка ама надвор…дома не беше некој фан…и тоа во транспортер, корпата не ми ја засака никогаш
Не сум нервозна гледам да бидам максимално смирена иако ова темпо е лудило затоа што трае со недели Лажливка не сака, и седиме со празно шише во уста само тоа го сака иако знам дека не е ни здраво ради празниот воздух ама со нешто морам да ја смирувам
Нуди и цело време цуцла, полека полека ќе прифати. Моето цело време дневните дремки во релаксатор ги спиеше, или врз мене легнат, се соблакав на мајца и го ставав на градите си лежеше така и си спиеше. *На другарка вака беше бебето ич не спиеше, од кога прифати цуцла почна да си заспива по лесно.