Мајки каков раапоред на спиење имате на 1 годишно дете? Мојата од кога е родена не спие како што треба и сум пишувала тука. Ама луге ми ја зима цела енергија незнам каде грешам веќе стварно. Кога оди во градинка 12:30 заспива и повеќе од саат не спиела ( еднаш ич не заспала ). Дома ја заспивам во 16h и пола саат или саат спие. За вечерта е она веќе преморена бре. Едвај заспива, и се спие несака да заспие. И навечер 16383940 пати станува Незнам веќе што се не пробав. Давајте идеи очај левел сум
Моево станува во 7:50 најчесто бидејќи тогаш и ние стануваме за на работа и ако кренеме ролетни веќе одма станува тој...па е буден некаде 3,3 и пол часа и легнува околу 11,11 и пол...ако сме надвор излезени спие 30-40-50 мин а ако е дома спие по сат и пол некогаш два...после има уште една дремка во зависност кога станал...ако станал во 1, следно заспива во 5 некаде и до 6..ако заспие порано спие по сат и пол најмалку ама максимум до 6 и го будам...ноќното спиење ни почнува од 9-9 45..некогаш заспива лесно, некогаш се мачиме
Мајка да не те плашам ама оваа не е често будење. Чекај 4ти и 5ти скок да видиш што е будење . Мојата беше вака после 4ти, 5ти на секој саат се будеше, па ја прибрав во кревет со мене. Сега ја одвикнувам.
Не ме плашиш знам дека ќе менува заради тоа во првото мислење што ја цитирав членката напишав дали ќе остане така ќе видиме. Сега е пред 4ти скок по апликацијата но по однесувањето ќе да е влезен веќе. Денски заспивањето е со вриштење. Вришти и наеднаш ќе заспие. Така да не се жалам за навечер барем не плаче туку си гуга кога е буден за јадење и заспива. Ама ќе видиме допрва како ќе биде. Очекувам плачки и навечер поучена од третиот скок.
Што е ова после 5ти скок, ќе ја успијам во раце спие, на креветче се буди, до мене пак се буди… и така само во раце, и одново успивање, некогаш знае и по 3 часа да трае, хаос
Ооо имавме неколку такви вечери, ми се чини по цела ноќ будна бев, ич не заспивав . Претходните два вечери се врати по старо, да не го заречам, ќе видиме ноќва како ќе биде. Туку како сте со дремки и будни прозорци?
Добро утро мамички Пак јас како нова и неискусна со прв бебуш барам совет Значи бебуш кога ќе е наранет денски си спие од кај 8 сато вечер до 11 вечер повторно спие дури не јади еве сега јадеше последно во 5 сабајле али цица многу дали правам негде решка ? на 3 сати го цицам али цица по многу барем за мене е тоа така можеби 30 минути и сабајлево кај 4 ипол не заспа до 07:00 цело време ми беше во раце и пробував да го заспијам во кошничка не сакаше кога го оставив, па сакам да прашам за искуство да споделите или дали би ми помогнало релаксатор дали би си спиело добро ? Инаку се породив во петокот во 23:55 веќе 3 ден е на овој свет тоа душиче ви благодарам од срце за секоја помош.
Бебе не цица многу/малку. Цица колку што тоа сака, количински и често. 3 дена мало бебе е сосема нормално да сака да спие само во раце, иако јас го немам тоа искуство, од прв ден спие кај шо ќе ја оставам. За во релаксатор не знам од кога е препорачливо
Да не ја подречам ама како и се заинаетив да не ја ставам кај нас во кревет, поубаво ми спие. 3 дена вриштење беше секако ама пу пу да не ја урочам почна по 3 пати само да се буди за цицање. Синоќа не ми се верува што се случи заспа во 8 15, прво будење 1 ипол за цицање. Ова не се случило од 3 месеци кога имаше. Сега сме 6++.
Пред 3-4 дена излеговме од страшен 5ти скок и некако магично се смени спиењето ноќе. Цел скок се будеше на саат време, последниве 3 вечери се буди само 2 пати, огромно олеснување. Може и треба време да се среди после скокот, ќе издржиш мајка Едит: денското заспивање уште е крш и без ред. Заспива со викање, буден е минимум 3ч, што е премногу за 6+ и нормално нема толку саати во денот за да има 3 дремки
@Autumn Love се надевам и кај нас ќе помине, спанка никогаш не е била ама ова е тешко, тешка е и таа за нишкање, а ни следува и црвена фаза… Обични си станува од 7 до 8 часот,после 2 часа и се приспива и спие 30-40 минути, втората дремка исто после 2 часа откако е будна ја фаќа, таа и е најдолга спие од 1 час до 2 часа (додуша некогаш со презаспивање) и трета дремка настојувам исто за 2 часа да е, тоа успивање најтешко ми оди, ама успевам обично и спие пак 40тина минути до 1 час највеќе. Ова е вака една недела, предходно ми дремеше само во раце ама почнав за сите дремки да ја легнувам, и барем тоа ни се среди додуша со многу упорност, нишкање и презаспивање. @brm_brm што да ти кажам, не си сама, дојди и ние да се гушнеме @sani99 дај боже и да немате @BezglasnaBukva супер мама се надевам и кај нас така магично дека ќе се среди. Ме интересира колку вкупно спијат вашите бебушки, на мојата и се фаќат 12-13 часа дневно, некако малку ми се чини или?
Од 29та недела е црвена фаза или грешам? Што да очекуваме прво од таа фаза? Ние од раѓање се доиме легнати, никако во раце па затоа
Некако рано е да очекуваш било што Моето првиот месец цицаше по саат време, малечки се и немаат сила да влечат многу, нормално е. А во релаксатор никако не се препорачува спиење. Со лесно мајка