Ќерка ми спие 12-13 часа, 10 или 11 часа навечер, остатокот од дремки. Ако спие повеќе од 2часа вкупно од дремки, некогаш знае да се разбуди во 2-3 часот ноќеска и да не ѝ се спие. Дефинитивно е бебе што не ѝ треба 15-16 часа спиење. И мислам дека и тоа е нормално за таа возраст, 7 месеци има. И кога беше новороденче помалку од препораките спиеше. Може и вие спаѓате во оваа категорија на бебиња. Јас немам утешно ништо да кажам, за дремките ја заспивам на кревет, некогаш си одам, најчесто си одмарам и јас со неа. Вечерното спиење, веќе не ја заспивам со нишкање, 8.5кг е , раце ќе ми паднат. Ја заспивам на кревет, спие со мене. Еве знае да се разбуди и да не може да се успие со цицање, па ја нишкам за да се успие. После тоа исто како да сум ги вежбала најнапорните вежби, раце грб сѐ ми е воспалено. Не сум била доволно упорна да ја научам да спие во креветче, не сум се потрудила доволно, заради тоа што не сакам да го жртвувам мојот сон, а мислам дека и таа упорност и инат не одговара и дава ист резултат кај сите бебиња. Некои бебиња сакаат повеќе допир, галење, цицање... Дремки имаме 3, прозорец на будност минимум 2часа, гледам последната дремка да ѝ заврши до 17.30 максимум, за да заспие до 20.00-20.30, со тоа и јас малку да одморам откако ќе заспие. И да не заборавиме, сѐ ова е нормално! Еднаш се бебиња, да ги гушкаме и бакнуваме, ќе ни недостигаат овие моменти. Знам како е, сум била на твое место, и уште сум, уморот и неспиењето е тешко, влијае многу психички. Јас научив да не се борам со тоа, да го прифатам. Полесно е
Ноќе спие најчесто 9ч, ретко 10. Преку ден ако отспие 3ч сум среќна. Така да исто како кај вас не е некој спанко, а мама сака да си спие ама се навикнувам
Мами ај давај совет: 7+ Пред 4 скок насабајле спиеше до 8-9, а навечер запиваше најдоцна до 22. Ноќе може ќе станеше за едно млекце, обично 4-5. Од 5ти месец навака не сака млеко и се поремети и спиењето. Ноќе се буди често и се презаспиваме во рака. Сабајле се буди во 7, 7:30 и дур смениме пелена, се миеме, облекуваме, на подлога ќе си поигра 15тина минути и се успива на подлога за саат време откако е станата. (Не бара млеко).....обично и давам во 4-5 сабајле во полусон. Не знам каде грешам... пример синоќа последна дремка и беше до кај 19 часот и веќе накај 21 почна да трие очи. Се успиваме во раце, демек со цицање, колку за заспивање капнува нешто инаку не цица. Се успа, ајде во креветчи и се ококори во 22 часот. Па си игравме и заспа во 23 часот. Ова се повторува веќе некое време. Сабајле станува рано, демек наспана, весела па си дремнува пак, и доручекот ни се фаќа многу касно во 10.
Ве читам и капа ви симнувам како издржувате. Моево 4++ денски ич ич ич не спие, 3-4 пати по 15 минути макс. Освен ако шетаме со количка, така и по 2 саати ќе спие. Навечер мака со заспивање, дури во 11ипол ќе заспие и во 6 очи ококорени. Ноќе го слушам си праи муабет, се треска со нозете од душекот ама си продужува, ама денски цеееело време бара внимание, се му здосадува за 5 минути, само кенка и плаче. Излеговме од 4 скок, јас веќе побудалувам, нерви ми се при крај, затоа викам браво како издржувате.
Како минува времето и ти ке си мислиш како сум можела да го издржам тоа. Секој период се чини пренапорен ама доаѓа нов, најчесто уште понапорен па претходниот ти изгледа боза дека бил.
Ќерка ми сама не сака да игра, игра по некои 10-15 мин после плаче да дојдам да играме. Можеби заспива од досада? Не знам ама можно е. Пробај играј ја барем 2 часа да поминат од станување до прва дремка. Види како ви одговара. Мислам дека не е доволно уморна за да заспие во 21ч, таа заспива но се буди после еден циклус одморена. Според мене, минимум 2 и пол часа пред вечерно спиење да е будна, со играње, да се измори за да спие подобро. Сепак најубаво си ја знаеш, но веќе е 7 месеци за да може да издржи. Кога кажувам подобро мислам да не се буди како од дремка, спремна да игра. Честа грешка која ја правиме е да мислиме дека им се спие, ги успиваме порано и тој sleep pressure што треба да е највисок за ноќно спиење е премал и се будат по 30-40мин а всушност им е досадно, па треба да прошетаме малку да ги заиграме со некоја играчка. Исто така, последната дремка во 19ч, јас би ја истуркала порано, 17.30-18.00 часот, за да заспие до 20.00-20.30 а со тоа ќе се разбуди накај 7, 8 часот. Колку вкупно спие во 24часа? Може многу спие преку ден па навечер се буди? Не се грижи за доручекот, јас затоа што вметнав и ручек, доручекот кој порано го давав во 10.00-10.30 сега е во 09.00-09.30 пред првата дремка. Кога ќе почнете со ручек пред првата дремка пробај, минимум 2 часа откако пиела млекце
4ти и 5ти скок како споени ни беа. Кај нас многу чудно беше периодот меѓу 4ти и 5ти беше хаос, а 5ти скок освен ноќното спиење, супер си беше, весела. После 5ти скок си се враќа полека и ноќното спиење. Некој ќе рече новороденче најтешко, мене најтежок период ми беше како направи 3 ипол месеци, па до кај 5 ипол. Сега е скоро 6 ипол, многу е полесно, него тој период.
Млеко не сака да смисли. И давам сабајле ви сон накај 4-5 . А сабајле кога ќе стане, по 1-1,5 час и давам доручек со млеко.(освен ако не задреме, па ќе не фати 10 часот) Има аверзија од млеко. Ќе пробам да ја заигрувам јас.
Толку спие и синко, ретко 14 саати, со тоа што ноќното спиење му е 10-11 саати во кои се буди по неколку пати, не се во континуитет. Мада последнава недела ми спие помалку. Исто ја протестира последната дремка и некогаш после 3 ипол- 4 саати му се фаќа, па спие до 19.30-20.00, што во превод значи ноќно заспивање после 22.30. Пробав со две дремки, ама се буди ако го заспијам порано и си рачуна као трета дремка. Сабајле пред осум е станат . Биолошки нормално е бебуш да спие во контакт со мама . Јас не се потрудив ни 5 мин. да го учам во креветче. Видов дека нејќе и тоа беше тоа.
Се согласувам потполно. Со денешните ‘специјалисти по спиење’, се наметнуваат нови правила во бебешкото спиење, како треба, како не, забораваат дека бебињата не се роботи, им треба љубов и топлина.
Точно. Ти викаат не го држи во раце - ти продаваат кенгур, не го нишкај - ти продаваат релаксатор, упорно се наметнува идејата дека бебе треба да преспива цела ноќ, sleep training индустријата е во подем. Листата е долга..
Мами бебе секоја вечер вришти по 3 саати, едвај го смирубжваме, плаче и на цице и во раце и во количка, крајот едвајму го наоѓаме кога и он ќе се измори од плачење и заспива во 11,12, 7 недели сме и вака е веќе долг период, има ли некое решение или утеха дека ова ќе се среди еден ден
Исти сме и ние и преку ден и навечер никако да и погодиме, не е гладна, плаче цело време , исто 7 недели сме, и ова трае можеби цел месец, сите ми викаа издржи до 40 дена... Ама ова си продолжи
Исто и мене ми викаа ќе се смири по 40 дена ама не, еве синоќа се искорна од плачење, едвај го заспавме во 11, незнам веќе дали се грчеви или само плачење, исто плаче и за двете и коси корнам кога се приближува саатот навечер кога почнува да плаче. Се надевам дека ќе сменат бидејќи вака не е убаво ни за бебе ни за нас
Скокот ни следи наредна недела, ама и да е скок треба да помине за некое време, кај мене од 50 дена она е ваква плачлива 40 дена, не се издржува, кај мене не спие ни дење ноќите кога како а преку ден по 10 мин тоа и е мирувањето се друго и е плачење
Незнам само нека е период и нека помине што побрзо, мене ме плаши да не си остане ваква плачка, и во раце ја држам и пак си плаче ова е чудо невидено