Mali se ama mojata za nedela dena odi vo gradinka tamu stoznam bas dali 2 ke ima. Inace ima baba problem da ja zaspie vcera jas posle rab na cicka odma zaspa spiese nekoj pola saat dokaj 5i nesto i posle vo 8 pak do sabajle
Добро, нормално ли е што моето бебе дур не го ставам во креветче никако не ми заспива во раце? Мерак имам бар еднаш да ми заспие и поспие во раце, ама нема шанса. Дур не го ставам во лулката/креветчето око не склопува. Немаме проблем со заспивање, едно ставање во креветче и одма сам си заспива. Ама цуцето мора да е во усте Сите ми велат да бидам среќна што е ваков, ама па би сакала да осетам како е да ти спие во раце
Мами, внимавај што посакуваш. Мојата е 6 месеци, дневни дремки цело време во раце ми спие, или во подобар случај спие гушната, јас мора да лежам до неа и да ја гушкам. Имаше мало подобрување еден период ама сега сме на најлошото… и навечер сака така да спие, па жива ненаспана сум и здрвена целата. А се тоа си има и последици, јас имам сериозни болки во зглобовите кај дланките. Ама од друга страна ти го разбирам меракот, ќе се разбуди ако го земеш малку додека е заспан, па така да го подржиш?
Не се "секирај" нема долго да ти биде вака Сите ми викаа колку мирно и тивко бебе имам до кај 2-3 месеци, сега е 6+ па кога е време за спиење, кога ќе викне мајка ми го слуша на 10км Тивко заспивање има само со нишкање во раце, а сам во креветче заспива после 10-15 мин викање, ама ептен гласно викање. Имате време, ќе се заспивате во раце Оф топик, многу добар исход од нишкањето во раце со шетање низ стан (и доењето де) е тоа што уште слабеам, -7кг сум од пред да останам трудна
Мамииии, немој да мечтаеш . До 3 месеци и моето само заспиваше, ама сега во раце и на цицка, ако не цица . Дремки во раце, успивање во раце, ноќе презаспивање во раце. Дланките веќе не ми се сразмерни со телото, а и грпка ми се појави на вратот, искичмена до максимум. *на почеток и јас си викав леле ова мое бебе ме мрази, не ме сака, вриштеше кога ќе ја ставам на града. Ама сега е лепешка Почекај за месец, месец и пол ќе се ококори
Ти ја разбирам во целост желбата мама . Нема поубаво и поисполнително нешто Првото ми беше поинакво бебе, само спиеше во креветче не бараше многу внимание а и јас бев помлада доста. Со второво е сосема друга приказна. Дали дека долго чекано и со триста проблеми дур стигнеме до него, чувството е многу поинакво (да не се разбереме погрешно си ги сакам двајцата најмногу на свет). Сега јас сама не сакам да го пуштам од раце што се вика.
Бубче, моето беше исто такво....ни нишање ни раце не сакаше....цуцла и креветче само така заспиваше...па после имаше една фаза за во раце ама за среќа брзо му помина ама тежок беше веќе...сега освен на спална никаде не заспива на друго место...ама бар не бара нишкање...ако сака цуцла спасена си..убаво ти напишале пази што посакуваш
Како ве читам, ви завидувам Ние сме 6++++ и никако не заспива во раце ни ништо освен една недела кога беше во скок
Истото ќе го пишев Кичмава и грбов а и раце ми откажуваат. Го сфаќам меракот ама сеа си викам еее што убаво беше првите 2-3 месеци коа сам си заспиваше на кревет, сеа нишкај пола саат под аспиратор у кујна, 3 пати го спуштам у креветче и се буди одма, го оставам на мене и спие, а јас 2 саати како кифла свиткана после не можам да се исправам. Од болки не можам ни да заспијам навечер
Ајде и јас да поплачам малце Вештерчево мое е чудна особа. Навечер немам гајле, си спие во креветче уште од излегување од болница, заспива кај 9, прво цицање ни е кај 1:30 после некаде после 4 се буди за второ. Официјално разбудување некаде кај 7:30. Нема плачки навечер обично ја слушам како си ја шмука раката па станувам. Ама преку ден......друга приказна. Ретко ама многу ретко спиење во гнездо или креветче. Она заспива нема гајле, обично на перницата за доење ама да ја оставам се буди или одма или после 10,15 минути. Па така дремките обично ни се на перница за доење и нели наравно мама не може да мрдне цел дееееен. Поминав низ курсот од постарите со тоа така си ја научила....па кренав раце повеќе не се ни објаснувам, само и викам да јас така одлучив да се мачам цел ден. Како и да е, секое човече со своја прекрасна приказна.
Најјак муабет е тоа "така си го научила" Баш за ова вчера и кажувам на мајка ми, дека денски само во раце сака да спие, и она со тоа тешко тебе што го учиш така. Е ај да терам инает ако не, ем он ненаспан, ем јас со скинати нерви. Само реков е ако де, ќе помине и ова, ќе порасне уште некој месец, кое дете останало во раце да спие, до тогаш вака и тоа е тоа.
Моето оак си заспива на цицка, не дека имам млеко де, колку да си ги навлажни усните..... и мајка ми исто ..така си ја научила.... значи од такт ме вади. Ај си викам да ми каже некој друг, ама ти...како дежурен критичар. И викам а ти како си не успивала....епа не знам, сум заворавила.... уше толку ме нервира.
Да, да тој муабет. И викам Добре бе мама две не израсна како не знаеш како сме спиеле ние, или и за други прашања како грчеви ова она....и истиот одговор аааа па сум заборавила. Еднаш и плеснав да бе си заборавила, свекрва ти не исчувала па ми се налути малце Ама сериозно мисла дека повеќето сме изгледани од бабите со оглед на тоа дека повеќето биле екстра млади мајки а и се живеело во заедница.
Јас со обратен проблем. Моите тогаш почнале сами да живеат, а мајка ми меморија ко мислиш вчера било, па за се си има мислење