Ве читам викате на 2-3 месеци сами заспивале во креветче, јас па мислев достигнување е кога сама ќе се заспие. Ме интересира дали некој внимавал на прозорите на будност ама баш така строго по шема. Дали успеавте да немате раскенкано бебе, бебе што заспива само и спие повеќе од 5 мин преку ден?
Јас почнав сега брзо, скоро 5 месеци е. Ми немаше логика пред тоа, мало е уште за ред. Сега за сега пазам на прозори на будност, 2 до 2ипол часа да е максимум, после го успивам, или со млеко или со нишкање. Навечер во 10 гледам да заспие, со бањање/туширање и млеко, само тогаш сам се успива, уште не успева сам преку ден. Сабајле сам се буди рамно во 7 и се така во круг. А траењето на дремките варира малце ама во принцип сам си ги темпира да траат исто Првата пола саат, втората саат ипол до два, третата пола саат и четвртата 20 минути. Вака не е преморен и многу помалку кенка, ама обавезно плаче 5 минути кога го зимам во раце да го успијам.
Ги пратев и предходно ама не до толку. Сега пред извесен период почнав да пазам повеќе на тоа и имаме малку напредок. Предходно спиеше на мене и а помине еден циклус одма очи отворени и морав да презаспивам.Сега дури почна и сам да спие мислам одкога ќе го заспијам па да го спуштам на кревет. Денес дури и ме изненади првата дремка му траеше 2 ипол саати а ја па не знаев што со себе Ми дојде како шок
Дефинитивно, мојата не ни негира. Ние бевме 5 деца во еден двор од двајца браќа и сите сме разлика на една година. Баба ми од кога паметам трчкараше по сите. Тогаш снајки на работа си оделе без замарање и си имале време и да си поспијат после работа да се одморат
Јас па си мислам Америка сум ја открила ако еднаш фатам ред ама толку трае еден ден и испаѓа ни прозори ни врати туку се потрефило така изгледа. Ама не се откажувам мала не мала ќе пробам да и терам по шаблониве од нет па ќе видиме
ме изнасмеа.со ова прозори, врати исто е сегде, таман мислиш некој ред си фатил, станало попредвидливо спиењето си викаш ооо топ, и оп доаѓа скок и ајде све од почеток
@unearthlysarah @Mucika Хахахаха уште се смеам. Баш така е. Наше е да си пробуваме, нивно е да си тераат како им одговара. Дур фатиме ред ќе почнат да трчаат со другарчиња на улица
Јас му фатив ред, со прозори и врати.. минимум 3ч е буден измеѓу дремки, ретко тера и до 4ч, шанси нема помалце а кај и да сум читала пишува 2ч да бидат ај важи
Ко јас да сум го пишувала постов. Исто се од збор до збор. Во последно за дневни дремки почнав легнати на спална да се заспиеме па да избегам полека. Некогаш се буди, а некогаш не. За победа сметам тоа што денес успеав да се избањам и налакирам додека спиеше сам дневна дремка.
Аааааа честитки. Мене ќерка ми еднашка ме частеше лакирање на нокти. И и бев благодарна ама не беше комплетна пошто чекав сам да ми падне лакот јер нели.... И јас пробувам така на спална и со доење ама не бре кога ќе се ококори дете па ќе почне да игра и толку ама мислам дека тоа ќе ми биде спасот па ќе бидам упорна. А бањање обично во 6 сабајле додека тато е уште тука што си е сигурно е сигурноПа кафе во 6:30 и let the game's begins
Мајки кога кратат дневни дремки бебушките? Од 4 на 3 сама си скрати, таман скрати на 2 дневни дремки пред половина месец еден ден се разболи и се вративме пак на 3 дремки. Првите 2 дремки и се по 1.45мин-2 часа последната и е 1час. Ноќта заспива најкасно 9 и во 6ипол поретко 7 е будна. За неколку дена 10м ќе сме. Знам дека веќе овој период треба да сме на 2 дремки.
Аа фала да се враќа почесто Ме пресмеа за вадењето лак, ако успеам и тоа кога ќе дојде ред ќе го рачунам исто за победа. Исто беше/е, скрос заспан, цврсто го оставав и за 3 мин буден, "наспан" расположен го наоѓав. 7++ сме, во последниве две недели чат пат ми успева бар една дремка да ја спие без мене. Да не спие ноќе во креветче мислам тикови ќе развиев до сега. за поддршка
Ќути за спиењето навечер. Педијатарот ми вика абе чим ти спие навечер немаш гајле, па мора и да се гушкате некогаш.
Мајка, касно ја легнуваш, затоа три дремки ти доаѓаат. Две дремки во вкупно траење од 3-3,5 часа се сосем доволно на таа возраст. Од последната дремка до ноќното спиење максимум треба да поминат 3-4 часа, што значи дека ноќното успивање треба да биде од 19 до 19:30. Така ќе се фати ноќно спиење од 11-12 часа. И ние сме 9++, две дремки од саат ипол и ноќно успивање во 19-19:30.
Капа симнувам и многу љубоморам што ви успева во 19:30 да се успиете за ноќно спиење Јас славам последнава недела во 21 што успеваме да заспие и да тера ноќно спиење Од 23 враќавме на 22 едвај до 21 стигнавме. Од 19 сум откажана шанса нема до сабајле да спие у 3 весел спремен за играње ќе биде 7++ сме, се надевам со тек на време дека ќе вратиме бар уште еден саат порано заспивање
Ne se zamaraj ke naprais red...moeto maz mi vika ko u voen kamp znaes koga ke kaka ne koga ke spie...trgnav na rab dojdoa edna baba druga baba uneredija se po red....toa e...sea gradinka pa kojznae kako ke e
Па и не е баш касно Ние сме веќе 10м. и после некој ден од 10м скрати на 2 дремки од вкупно 3часа. Буден е 3,4 часа зависи кога како. Ние од скоро 3 месец легнуваме во 9ипол, 10 и до сега немал проблем со спиење. Еве да кажам последните 3,4 месеци си спие во просек од 10 до 9, 9:30. Исто ми беше и со 3 дремки еве сега и со 2 пак исто. @Bulibu Мислам да пробаш да ги ограничиш дремките на максимум 3часа за сабајле да спие до повеќе. Еве кај нас како шо кажав некој ден после 10м сам скрати на 2. Претходно беа 3 дремки вкупно 3 часа, сега исто 3часа, ама 2 дремки.
Дека подработувам и ми требаат тоа дремките да и ги средам да сум раат некој саат, да не е тоа ич не се замарам ќе ја држам цел ден и серии ќе си гледам . Еве заспана ја ставив во креветче мижи и се тепа се кубе пола саат те цуцла па нишкање и таман ќе заспие мирно се штрека.
Вас и денот ви почнува покасно како што сфатив, спие до 9-9:30 сабајле, значи околу 11 часа ноќно спиење. И 3 саата дремки, тоа е доволно и супер за возраста. И мојата спие толку, со тоа што јас денот го почнувам во 7. Исто сме со 2 дремки, и тотал спиење е 14-15 часа. работата е како ќе си го наштимаш денот, мене ми е подобро да станам во 7 и вечерта да си ја имам за мене, зошто до 9-10 би се побудалела. И генерално, не се препорачува бебе да се легнува после 8 часот. Еве од прилика табелава, слични се советите на скоро сите консултанти за спиење. А што пиша девојката погоре, со самото кратење на третата дремка, легнувањето мора да се помести порано, за да бебето си го надомести тој изгубен саат спиење. Кај некои бебиња иде многу лесно кратење дремка а кај некои треба и до две недели адаптација.
Знам дека по табела е така, ама сепак вака функционираме супер. Го прилагодив уште на почеток по нашите потреби и супер прифати и ок е засега Кај нас генерално лесно поминавме со кратењето. Епа шо знам пак ми излегува ок и со кратењето, оти до скоро третата дремка му беше до 7, 7ипол, а сега втората до 6ипол, издржува сега повеќе буден и пак му иде ок легнувањето во 9ипол, 10.