Значи бебе што и да научи до 4ти скок, све ќе му се смени во скокот. Моево само заспиваше до тогаш, како почна скокот до 6 мес душа ни извади со нишкање. Сега е 7+ јас со тапкање ја заспивам, татко и уште ја нишка. Не му се замарајте многу како заспало на 2, 3 мес, битно да спие.
Вие па човек да не се израдува само што влеговме во "жолтото" од 4ти уплав имам. Ред нема секако ама и те како е олеснителна околност 8кг да не мора да ги думкаш цел ден ако може гушнати да се заспиете. Е сега што не чека ќе видиме.
Од седмиот месец почна некои денови да има по 3, а некои денови по две дремки. За некој ден прави 8 месеци и веќе е со две дремки. Сам си ги зголеми прозорите на будност и веќе немаше каде да ја сместиме третата дремка.
Како ги успивате вашите бебиња што се на доење, освен на цицка? Веќе е голем, скроо 7 месеци, не можам веќе вака. Мора да го заспијам на цицка и после тоа до сабајле нема мрднување, никако не смеам да станам. Пробувам и во креветче да го ставам откако ќе го успијам, не попушта и не попушта. Се буди и нема да заспие додека не го легнам до мене и не го ставам на града. Немам нерви веќе за спиењто.
Дали може од креветчето да се извади една страна и да се спои со креветот ? Ние моментално така функционираме. За спиење ја ставам во креветчето тоа си е нејзин простор, јас легнувам до неа и цица и така некогаш се успива. После си легнувам на спална и можам да отспијам 2-3 часа без да е до мене. Е сега, после 3 часот спиењето ѝ е немирно и ја легнувам до мене и до сабајле така спиеме. Ретко можам да станам да отидам до тоалет и јас хаха Цуцла секако не прифати, а кога се буди ноќеска ѝ давам да цица и презаспива.
Мајки, бебево 2 дена по ред не бара млеко ноќе. Не се ни буди. Некни заспа пред 12 и стана у 9 саат, ај викам се успала еднаш нема везе, не беше спиена цел ден, имавме гости се изремети малку. Вчера заспа околу 10 саат, ја будев у 5, не сакаше да пие млеко ( на адаптирано е ), го плукаше и заспиваше во раце. Стана у 9:30... Нема ни 4 месеци. Нели е многу мала за да престане да бара ноќе? Знаци на настинка нешто нема, температура и измерив. Вака весела е, не е поспана нешо. Само ноќе тоа ме мачи..
Ако напредува како што треба, редовно полни пелени, остави ја нека спие, не ја буди за млекце доколку сама не се разбуди. Не се грижи, спиј си додека таа спие, ехеее какви периоди те чекаат мама, ќе се буди колку сакаш и колку не сакаш
Мама она од почеток си спие како шо треба ( си врзува по 5-6 саати без проблем ). Јас сум и наспана богами затоа иам време да се грижам дека премногу спие За напредување си напредува у своја крива некоја ( помалку од "нормалното" ) ама сепак качува на килажа. Пелените се секогаш мочкани, какани на 2-3 дена. Педијатарот вика арно било ама еве нешто ми е на мисла ова спиењево. Иначе преку ден скоро ич не спие. Ќе дремне по 15-20 минути и толку.
Не се грижи, нека спие тогаш. Супер што си спие навечер, ќе наполниш батерии за преку ден да можеш да фунционираш Спиењето ќе им се менува од месец за месец, нормално е
Не, не се вади страната, ама доволно е да ја спуштам, мене не ми е проблем да му давам така да цица. Ама така не сум скроз прилепена до него, туку само градата и кога веќе ќе ја пушти осеќа дека не сум до него и се буди.
Дали кога ја кратат третата дремка, ја продолжуваат првата? Детево ми спие саат ипол прва дремка, не знам како да се понашам . А веќе 2 недели некогаш 2 некогаш 3 дремки има .
Ова не се десило од кога беше 3 месеци. Лежам до нејзе, не знам што да правам. До сега макс 50 мин, најчесто пола саат. Ајдее нека остане вака, дај боже
И јас не знаев што да правам, сега си се научив тие 2ч се за мене Некогаш ручек правам, ќе се избањам, ќе средам се дома, ама најубаво ми е кога и јас ќе ги преспијам
Ако најдеш чаре сподели. Исто заспива само со цицање, цуцла фаќаше ама веќе ја исфрли од употреба, за глодање ја користи. Дневни дремки залепен до мене, навечер првите неколку саати во креветче после се буди на саат време и само со цицање презаспива. Не пали ни нишкање, ни оставање полузаспан па да заспие сам, ништо Цицето е закон
Леле исто ни се случува 6 ти скок запче извади хаос вришти мора да ја разбудам за да ја смирам и пак да ја презаспијам неам сила веќе лудило само што ја оставиш за саат пак
Мајка да те утешам и јас паника пред 4ти скок мислев којзнае што ќе биде па еве го поминавме без многу промени и релативно лесно. Да имаше промени во спиењето, денски беше ќемкав некои денови ама пак на што се надевав добро поминавме. Што би се рекло како смо се надали добро смо се удали. Не мора да значи дека 4ти скок ќе е тежок. Навечер горе долу исто како и претходно спиеше. Денски беше потешко заспивањето.