Моето па почна да се оправа со денското спиење, 3 дремки си има, по 45 мин. Ама затоа секоја ноќ се буди расположен за играње, дреме по еден саат, фрли играчки и сабајле пак у 6 со кокошките станува и одма скока, се тегле... Ќе видеме што ќе биде во 6тиот, страв ме фаќа.
Кај нас првата дремка си е уште добра, спие 2ч без проблем ама затоа втората леле мајко го успивам саат ипол за да спие 20-30мин. И навечер си игра, стои во креветче се смее на глас, па ќе почне да плаче. Ако го земам на спална му се радува на татко му, го штипе, го гребе, му ја кубе брадата
Кратко да не е буден за второво спиење, што де мачите со успивање и кратко спие? Јас почнав по 3 ипол, 4 саати да ја држам, втора дремка ја накачи на саат. Првата од пред две недели ја продолжи.
Можеби му е доволно спиење 2 и пол часа од дремки? Затоа можеби си игра навечер и не сака да спие повеќе од 30 мин втората дремка? Пресметај колку часа спие преку ден и навечер, за таа возраст 13-14 часа е просечно
Преку ден му е доволно, мене не ми е навечер слабо спие, околу 9ч со тоа што секоја втора ноќ поминуваме 1ч во играње хаха Од прилика вкупно спие 11-12ч
Не е кратко воопшто, кога ќе поминат 4ч од првата дремка тогаш почнувам до го успивам. Ама џабе е се, ова мое бебе се понаша како да има 17м а не 7 хаха
Мајки, дали и вашите бебуши се вртат на меше во спиењето? Моето е 5++ и во последно почна многу да се врти во спиењето и неколку пати го наоѓам како спие на меше?
Тогаш од прилика почна и моето да се врти, можда и порано, ама секако нормално е. Битно ти секогаш ставај го на грб да спие, па ако се сврти само остави го
Бебе е 3+ и има 2 дремки преку ден, првата 20,30мин а втората подолго. Кога сакам да го шетаме во количка во последно време почнува да ни плаче и сака во раце. Му се спие а во количка нејќе да заспие како што правеше до пред 2 недели. Има ли некој друг со вакво искуство, само што ќе излеземе ние веќе се враќаме дома за да спие бебе, или едноставно нејќе да се вози во количка? Ептен ми е криво,место да шетаме ние дома седиме и се нишкаме за спиење, само што заврши 3 скок
2 дремки му се малце. Од прилика саат - саат ипол треба да се будни. Јас после спиење ја дојам и ја изнесувам, не ми се ризикува ненаспана да ја изнесам. А ако плаче за во раце тогаш почни кенгури да си разгледуваш.
Се им е сега ново, многу дешавки и им се ремети се. Моево во последно време заспива кај 5 попладне кога ќе дојдам од работа и ми продолжува за вечерно... Ич не си го гледам 3 - 4 дремки на таа возраст треба да има, може се иритира затоа што е преморено кога сакате да го успиете. Моево бебе има заспано во количка само додека не направи 3 месеци, кога уште цуцаше цуцла. После тоа нема заспано а и почна да протестира за возење во количка и до ден денес ја мрази количката за жал, а скоро година има. Количката ја искористивме летото за шетање дур спиеше. Го заспивав дома па во стававме во количка и шетавме дур не се разбудеше за цицање. Пробај нишкај го додека сте надвор па стави го во количка кога ќе заспие и шеткајте.
Пробавме денес ама уште не ја држи 100% главата стабилно, ќе мора да почекаме, еве денес 2 прошетки и двете завршија со плачки за во раце
Пробано е се, нејќе да спие надвор само сака во раце за жал, толку се, 2 дремки, едната помала другата подолга и спиење на крај до сабајле
Чико е, незнам што број е, само наслонот е многу мек и не е за држење глава се спушта надоле, незнам како да објаснам али мислам дека е за понатаму кога ке држи глава стабилно
Легнувај го порно за ноќно спиење ако кратко дремнува преку ден. Јас вака правам некогаш ако не е спиена саглам. Еве ова е како пример од една група на фб. Треба 5 до 5ипол часа да му се дневни дремки.
Малата ми е 6 недели, преку ден сака исклучиво само на стомаче да спие инаку се разбудва одма не спие, а ми кажаа дека не смеело да спие на стомак. Какво е вашето искуство, дали сте ги оставале вашите малечки од месец дена да спијат на стомаче ??
Не е безбедно за толку мало бебе да спие на стомак. Прв пат го оставив да спие на стомак кога научи да се враќа од стомак на грб.
Ајде да праиме муабет дека ќерка ми е на врв глава 1 саат спиена и пеобуем да ја успиам а она се чеша по глава и нема абер