Колку дремки имаат вашите бебиња на 9 месеци? 9++ сеуште има 3 дремки по 30мин спие. Прозор на будност ни е 2ипол саати, од последната дремка до ноќното спиење ни е 3 саати.
На 8 месеци си ја скрати третата дремка. Сега 9++ со две дремки е, една во 9:30 сабајле, другата околу 15 и легнува накај 20:30/21. По 2 саати му се дремките, некогаш и помалку.
Мојава денес направи 5 месеци, веќе 3 месеци секој ден различни и се дремнувањата. На неколку пати по 20 минути, пола саат најчесто. Некогаш спие цел ден, некогаш не заспива цел ден. Ако пробам да ја успијам а не и се спие, ќе не слушне цела зграда па вака ќе си седиме мирни
За неколку дена ќе полни 1година, а понекогаш кога спие се соочуваа со ноќни терори (плачење во сон). Искуства?
Во колку часот ви легнуваат навечер бебињата? Ние сме скоро 5 месеци и од месец ипол негде вечерна рутина завршуваме и легнуваме околу 7, така се научивме и спие до кај 6-7 сабајле, нормално се буди за цицање. Сега се мислам да не ја научив да легнува рано? Доаѓа лето жештини, ќе сакаме во 8 навечер да излеземе. Како го решавате ова?
Мало е, допрва ќе менува. И мојата спиеше од кај 21 до 08-09 сабајле ја радости славење. Сега ако стане во 7 сум среќна. Легнува некогаш 21 некогаш 22 па дури и 23 знае да ја фати мада ретко, ќе смени. Евентуално последната дремка да и ја поместиш да и е покасно па да издржи до кај 21.
Дремките ни се каша попара таму ред нема, нема што да и поместам. А ми е страв некако во 9 да ја легнам или покасно, сигурна сум дека ќе стане пак кај 6-7 и не знам дали им е доволно сон тоа.
Ако не и е ќњ надокнади и ќе се регулира сама, нема што страв да ти е она може и сама да поремети легнување навачер.
Можеш да почнеш покасно да ја заспиваш. Постепено ќе се научи да заспива во 9 и да станува сабајле во 8-9.
Ние сме исто 5 месеци до 21 најкасно е заспан подоцна ретко. Обично накај 8 и нешто рутина капење масажа доење. Наутро се буди накај 7. Се буди преку ноќ за доење. Можеби постепено да почнеш секој ден по 10 минути подоцна па да дојдете до саканото време. Него колку пати навечер се буди? Синко како помал помалку се будеше сега на 3 сати се буди.
Ќе пробувам до кај 8 најкасно пошто ептен е ден 7. А толку ми е убаво во 7 кога ќе заспие дури можам и да излезам и на кафе и до молл баш време за себе ми е некако. Еве деновиве протестира не издржува после 7. А за будење правило ич немаме, во просек 2 пати околу полноќ и кај 4 сабајле и после кај 7-8 кога ќе станеме веќе. Имало периоди и на 2 часа да се буди, ама дур си го научиш детето ќе порасне, еве 5 месеци е уште ја учам. Претходно на секое шушкање и давав да цица и го рачунав ко будење, е сега одприлика знам дека 4 саати може да ги издржи и не ја нудам има и килажа може и повеќе да издржи ама си сакаме цицање. Зависи од карактер инаку има начини и да се одвикнува од ноќно цицање, само мене ми е жал уште. Плаче ли на 3 саати кога се буди за да цица или си закенкува само? Ако е така само превртување почекај некоја минута може да презаспие, кај нас тоа беше трикот.
Нее таман работа од сега да го одвикнувам од цицање сакав да прашам чисто да видам искуства да знам дали е нормално. Знаел и по 5 часа да врзе заради тоа ми падна чудно сега на 2-3 часа. Супер напредува со тежината полни пелени. Инаку не плаче кемка само и пример ќе му дадам цуцла ќе се смири и после 20мин пак. И тогаш си викам не го мачи детето нека цица, ама па од друга страна не може само така да се учи да призаспива на секое будење само со цицање. А си викам ако не плаче па можеби и не е гладен ама цицањето не е само храна и утеха им е. Нека се живи и здрави само.
И јас оставам така и ако не презаспие даваме цице. Сигурна сум дека за 1 недела нешто ново ќе смени не му ја мисли. Денеска прв пат спиеше до 10, ја разбудив .
мајки има ли некое чаре 2м е бебе само на доење, многу станува навечер 1ипол саат- макс 2, што да направам да не цица толку често навечер?
Ако заспива за ноќно спиење пример во 20ч., тогаш во 17:30 дај му да цица, во 19:00 пак, па ноќна рутина ако имате пред спиење и ептен ако се успива со града, дај му пак во 20:00 и би требало да спие до кај 12 барем. Моево го научив да спие повеќе со 1 dream feed околу 21ч (заспива во 20ч. со рутината погоре), па почна да спие 4 саати непрекинато до полноќ, и после да се буди пак на 2 саати (со тек на време и тие ги пролонгиравме на 3 саати). Само трпение и златно кафе преку ден