Е не ми текна да ја прашам во моментот милион работи ми нафрли. Можда може и помалце да има ефект, али само за навечер ако не спие и е вознемирена.
Идеи за заспивање на бебе, како да го тргнам шишето? Заспива со шише ( 5+++ сме ) и навечер се буди на 3 часа, и само со шише заспива, очигледно не може да презаспие само.. Преку ден пазиме прозорци на будност за успивање ( и на денските дремки се буди во рок од 30 мин, освен ако не го возам надвор ) , и пие доволна количина на млеко, што не станува за глад... Сегде "по книга" бебињата на адаптирано до 6 месеци треба да ја преспиваат ноќта, а нас поим ни е ако поспие 4 часа..
Цуцле само кога ќе добие млекце и ќе заспие, да не плаче за повеќе прифаќа инаку џабе, му давам цуцла со раката си ја бутка и вришти се погласно и погласно додека не добие млеко
Пробај со гушкање така додека е поспано и цуцлето у уста. Јас некогаш ако баш ептен не можам да ја презаспијам ја земам во раце кај нас на кревет, од топлината и гушкањето се успива па кога ќе се уцврсти ја враќам пак во креветче и си тера до сабајле. Мада искрено некогаш ми е ќеф па си ја прибирам до сабајле кај мене
Батали ги книгите Најдобронамерен совет за да спречиш нервози и стресови Бебињата не се водат по книга, не можеме да ги издресираме како роботи. И јас би сакала ќерка ми од 10 месеци да ја преспива ноќта, но среќна сум кога ќе се разбуди макар 2-3 пати во текот на ноќта, а не 5-6 како што некогаш знае да се случи. Додека пак за успивањето немам совет, спие до мене и кога ќе почне да кенка ѝ давам да цица и презаспива.
Многу убав совет ти дала @marta993 Џабе книги, џабе табели бебе си прави на крај него како му одговара Моето е скоро 10 месеци, од цуцла сам се откажа, исклучиво со цице презаспива. Ноќе пречесто се буди и од што ми беше напорно да станувам толку пати и да висам над креветче ете го спие меѓу нас на спална Не ти дадов совет ама споделив искуство да не се нервираш ако полоша фаза дојде. Сега се буди почесто од бебе
За 2 дена сме 7 месеци. Имавме и скокови и регресии и неспиење. Значи се будев е на секој саат. Хаосс.јас сум сама преку денот додека мм не дојде од работа. Кога имав нешто да потфатам, кафе да напраам, јадење за мене за бебуш знаев да ја ставам во релаксатор и да гледа малку тв. Тоа се случуваше секој ден по околи 30 м сабајле и малку пред спиење, да можам да средам спална креветче да фрлам пелени и слично. Една другарка ме искара и ми рече никако тв бебушка затоа ти се буди. И да така испадна. Од денот кога прекинав да ја ставам пред тв моето бебе се смени си спие, се буди по 1 или ниеднаш за цице. Легнуваме во 8 и сабајле сме будни во 7. Еве совет најдобронамерен ако помогне на некоја мама.
Индивидуално е мама. Јас не и пуштам тв. А не е ни заинтересирана за тв. Па се буди не знам по колку пати, ова после 4иот скок. Претходно си спиеше
И моето ги сака биби и боби, ама ретко му ги пуштам, и тоа не трае повеќе од 5 мин. @ivani30 па ти си раат штом спие од 8 до 7 сабајле. Дечково почна да заспива во 9 навечер, се буди во 11, па пак заспива после некое време занимавање, и на крај е буден уште во 5-6 сабајле. Мајка хронично ненаспана.
Знам викаат нема врска доењето со спиењето на бебињата ама еве, како и скратив ноќен подој, бебе врзува по 6 саати. Не се случило од новороденче кога беше. Се разбудив во 5 ипол наспана, бебе цицна еднаш во 4 и толку, кома е уште, јас не знам што да правам, па фатив на форум да пишувам.
Јас на ќерка ми (8+) и' пуштам Baby tv саат време од сабајле, тоа ни е утринска рутина, цртани, млеко, кафе. После попладне некаде околу 5-6 пак и' пуштам додека си лежи на спална, де гледа, де си игра со играчки. Вака тераме добри 5 месеци. Како спие? Да не урочам, супер. До пред месец дена ја легнував во 8, право во креветче. Сега помеѓу 9 и 9 ипол, бидејќи подолг е денот. Испива млеко, ја врти главата на другата страна и заспива. Кога легнуваше во 8, стануваше во 6 ипол; сега станува во 7 ипол. И си лежи уште пола саат во креветче, се расонува. Се буди еднаш во ноќта за млеко, порано во 2 ипол, сега во 4 ипол. И така, од раѓање немам проблем со спиење. А очигледно гледа многу повеќе цртани од другите тука што споделуваат.
и ја и пуштам , кога бев трудна викав нема воопшто да и давам да гледа тв, сега имам слична рутина како твојата, сабајле кога ќе станеме ја пресоблакам, цица и пуштам цртани ја за тоа време се средувам и пијам кафе, сега откако затопли ја вадам надвор цело време шетаме и попладне исто и пуштам да гледа, мојата општо е неспијач, ноќите ги спие, ама се буди пречесто, не верувам дека е поврзано со цртаните
На некоја емисија на тв кажаа дека ноќните подои на крај се кратат. Јас го будев кога беше мал на 3 саата, сега е 3ипол мес, па си се буди сам на 6 саата. Заспива во 8 па станува во 2 за цицање, па после сбајале во 5, 6, 7, како кога. Сигурно сте на дохрана, колкави сте? Јас се спремам да почнам со кашички на 4, можда повеќе ќе јаде, ептен малку качува, не знам ни дали има 5 кг.
Моите 2 се скроз различни за спиење, до децата си е. Беби бр.2 спие исклучиво на стомак од 4 м кого почна сам да се врти, си се мести и си заспива. Спие во креветче. Првото, уште спие немирно скоро 3 год, спие не дека не, рано легнува ама клоца се превртува, и уште спие на спална. Го доев на секое станување, до мене, легнат. Второто не сака да лежи и да цица, морам да го држам па да го вратам да се сврти на стомак да си продолжи да спие. На скоро 6 м, знае и да заспие со татко му, а првото немаше шанси. Првото пак спиеше во количка, се утепав шетајќи и по кафиња, второто боже сачувај, сака дома сам да си легне на стомак. Двете бар во 7 ми легнуваат, раат сум.