Голема е мојава, 9 месеци. Она не цица веќе преку ден, има 3 оброци и 1 ужинка. Цица кога ќе се вратам од работа и навечер. Имаше периоди се буди на секој саат за цицање, а шанси нема да е гладна, од навика само. Сега има еден подој навечер и ок функционира, врзува саати. А за качувањето килажа не се секирај, мојава слабо качуваше само од цицање, како почна да јаде на 5 месеци, супер качува.
Со што ги покривате бебушите? Дома ни е топло, 24-25 степени е. Спие со боди маичка и тенки шпихозни и боса. Тенко ќебенце? Или нема потреба. Многу мрда, се движи во кревет.
Tenko jorgance ama samo po pamucni spihozni e bez bodi. Planiram denovive letnata vreka da i ja izvadam
Малата почна да се буди секоја вечер, и си седи еден- два часа будна, не успевам да ја презаспијам предходно за жива глава. Таа и инаку си се буди на еден час, ама со цицање или нишкање презаспива, секако ми е тешко сега ова капак. Сериозно размислувам да и дадам Ад веќе, ќе промени ли тоа нешто? Инаку ептен немирни спие, спие на меше и кога ќе се преврти на грб се буди Имал ли некој друг вакво бебе неспијач, како се справувате? Мојата е 9+.
Мама, а запче да не вади? Синко вака ми прави пред да му избие заб, се буди со плачење и шанса нема да го презаспијам, обавезно мора да станеме.
Дали е до заби до што е не знам, ама спиење се по катастрофа и по катастрофа е. Вчера од 11 до 22 пола саат не предрема, легна стана еднаш за цицање и презаспа и стана во 05 сабајле. Така ми прави веќе неколку дена. Утепана сум, кичма, врат, нозе се ме боли. Пробав и осанит, дентинокс и уште еден гел забораив како се вика. Кажете некое чаре немам душа више а и она мн малку спие и очигледно има мака не знам како да и помогнам.
Имам и јас се жалено предходно и тоа многу, мојата постојано правеше така дали во скок дали регресија во спиење си игравме со часови преку ноќ, ако ти е за утеха сега е 16 месеци, последните 2-3 месеци се нема случено станува само за цицање 1-2 пати и презаспива.
Мојот е 6+++ исто станува навечер, најчесто во 2 ипол и неќе да презаспие до 4 саат, мислам дека горните заби ќе му излегуваат многу е нервозен деновиве и малку е настинат. Инаку за неспијач месец ипол веќе станува во 4 ипол или 5 ипол, неможам да функционирам вака веќе ми се плаче за спиење
@Autumn Love вади, ама за предходните запчиња само ден, два се будеше сега веќе денови и денови е вака. Не се буди со плачки, едноставно спремна е за игра, полна со енергија…Секоја вечер легнувам со надеж дека подобро ќе спие. @Zumbulche такви бебуши ни се погодиле, знам дека ќе помине, еве кај тебе поминало, ама многу се фрустрирам навечер. Тоа е ќе помине. @Juicy најубаво можам да те разберам.Се надевам дека ќе помине побрзо овој период
Бебево во последно време почна да се врти само на стомак 4+++, ама незнае раката да ја извлече од под стомак и му паѓа главчето во душекот. Ај преку ден што се врти е супер, ама почна и навечер да се врти, сон немам од страв пошо не плаче, ќути и со главата во душек се бори, неможам нонстоп будна да бидам, на штрец спијам со едно око, преморена сум, чаре некое од искуство мајки?
Ја држи, ама после некое време се уморува и му паѓа во душек, башка раката што му е заглавена под стомак, значи со една се држи и нема сила да седи исправен со главата подолго време
Не верувам да се угуши ако ти е тоа пошто има рефлекс веќе ако ништо друго ќе почне да плаче. Мојата секако се врти дур спие па и до главата у душек така и најчесто заспива отпосле можеш да ја најдеп на страна на грб ...
Сега и пишав на друга членка. Во вреќичка е мојата и мислам и отежнува да се сврти и имам онакви пелтенки во креветче па не може многу да манверира. А за рачето, ќе си се научи, можеш ти понекогаш да му го тргнеш, ама како ќе се ојачува ќе го трга.
Баш се мислев дали ќе помогне вреќичка или бетер ќе направи ако успее со неа да се сврти...незнам што е попаметно
Моето кога почна да се врти не ми помагаше вреќичка. Но, не може ни да нашкоди освен да му е топло на бебето, но ако е ладна просторија тогаш ок е. Такви плетени не ставај, ризични се. Мене ми помагаше да го свртан на контра страна, на пример главчето да му е каде што му биле порано ноџињата.
Не помага вреќичка, ако решиле да се свртат ќе се свртат. Само треба да им обезбедиме безбедна околина за спиење.
Така и мислев, фала мајка, ќе спијам со едно око дур не научи да се враќа сам на стомак, друго чаре нема
Со мене е на кревет не спие во своето креветче за жал. Фала мајка за советот за вреќичката, барем да не ја купувам дур не научи да се врти сам назад
Дојдов само да шкртнам (да остане запишано) дека 3 саати ги спие без да се разбуди па да се презаспиваме. А у громчето на 7 скок е, денес ништо не е погодено ваљда спиењево ќе се погоди.