Форумџика на годината

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов за да се пофалам :rofl:
    Од 21 до 5 сабајле не се разбуди, или јас не сум го слушнала :lol:
    Прв пат после 9 месеци се осеќам наспано :inlove:
     
    На tina2018, firequeenn, Babycool и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Babycool

    Babycool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Мајка а како се скратува ноќен подој? И мојата е 9++ има 3 оброка а понекогаш и ужинка и плус за дневни дремки цицнува,ноќе се буди многу често.
     
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    9.288
    Пол:
    Женски
    Мојава се будеше на саат, дур не решив дека е доста. 9+ е, пред 10тина дена намаливме на 2 подоја во текот на ноќта. Како се будеше, татко и ја презаспиваше со цуцла. Сега заспива накај 8 ипол, 9, цица накај 1ипол, 2, па во 5. Плачеше 3 дена многу ама толку беа плачки, сега врзува по 5 саати од заспивање. За една недела да направи 9 ипол, планирам уште еден подој навечер да и скратам ама здравје :)
     
    На nevermet18, Babycool и Pacient srna им се допаѓа ова.
  4. Babycool

    Babycool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Барам СОВЕТ доколку некоја мајка се нашла во слична ситуација. Бебе кога ја заспивам сака лулање и тоа не седната само стоејќи и шетајки ја по 20-30 минути и ја држам до дека убаво да зацврсти. Еве ноќе се будеше многу и 3 пати ја лулав по 30 минути да заспие. Како да го сменам начинот на заспивање ова е многу исцрпувачки не се издржува. Или споделете вие како ги заспивате вашите бебиња,9++ е мојата на доење е но никако не заспива на града. И многу немирно спие,ако треба да се сврти на друга страна одма се буди и сака во раци или толку од спиењето.
     
  5. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Женски
    Мамички, искуство со капки мелатонин?
     
  6. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Мајки дајте некој совет како детево да спие подолго.
    Легни ја во 21 во 5 будна, легни ја во 23 пак у 5 будна..
    Како да спие бар до кај 7 цркнав веќе, сериозно.
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  7. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Тој и е биоритамот, да биде ранобудна. Кај нас е обратно, сакав да пробам да сменам, ми рекоа да не правам ништо вештачки, а заспива во 21h или порано. Е сега од 21h или од 23h до 5h е малку сон. Си пробала да ја заспиваш порано? Знам деца што стануваат во 6h, ама легнуваат во 18h иако во лето уште има сонце надвор. Исто многу важно е да легнува отприлика во исто време.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    4.693
    Си пробала покасно, порнао не си пробала. Легни ја во 8. Во 5 кога ќе стане плаче? Ако не плаче остави ја може ќе си призаспие.
     
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Исто е и во 8 ако легне (пред некој ден во количка заспа) не малтретираше од 2 до 3 ипол и пак стана во 5 со тоа што да напоменам прелу ден има или 1 дремка од 2 часа или мах 2 по 1 саат. Вчера во раце се држевме да ја преспие втората дремка од 1 час. Неам мозок што да правам жива ненаспана сум.
     
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Заспана е и во 8 истото е, плаче, со тоа што кога легна во 8 од 2 до 3 ипол беше весело да ја презаспиеме и во 5 и 20 пак стана. Ќе разберев да спиеше преку ден ама она ни преку ден не спие и е поштење вриштење после одреден период кога ќе се замори додека да заспие вечерта. Колку и да и се спие се бори сама со себе да не заспие.
     
  11. hotsauce

    hotsauce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Колкаво е? Можеби е голема за две денски дремки.
    Мојата стануваше пред 6 долг период ама легнува во 7. Тоа се скоро 11 часа што е доволно. Сега легнува накај 8, станува накај 7.
    Легнувај ја порано за да си ги има одредените саати сон што се потребни.
    Ти кога си легнуваш, пробај порано, накај 9 .. до 5 имаш 8 часа.
     
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Вчера наполни 7 месеца ова е вака 3-4 недели сигурно, пробано е секако ако легне порано станува навечер у ниедно време. Мислев дека се забите бидејќи во скок не е ама и двата и пробија и си остана такво. Ќе пробам вечер да ја легнам кај 20 пак па да видам како ќе биде
     
  13. hotsauce

    hotsauce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Ооо многу ти е мало за тие саати сон. Мојата до 8 месеци беше со три дремки. Мислам дека ти е преморено бебето. Премореност- помалку спиење за жал
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    4.693
    А вечерна рутина имате? Тоа со дневните дремки јас ич го немам погодено, кога сака колку сака. Ама навечер ако и се приспиело во 18, во 18 легнувала и спиела до сабајле, пошто нема резон да стане во 19 и после 21 да ја преазспивам за до сабајле. Или па ако малку спиела преку ден и во 17ипол имаше легнувано, ама помала. Е сега ради жешково сменивме некако и легнува и во 21 што не се случило претходно, ама пред 6 никогаш не станала. Како и да е 5 е прерано, ама после 6 е веќе ок да стане и покрај тоа што и тогаш ќе ти плаче душа за спиење ама за биоритам е ок :).
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ама нема шанси да ја легнеш јас ја легнувам во креветче она станува, на цицка таман ќе ја фати дремка со главата наназад иде почиња да се пентари итн, во раце пишти се боро ќе ти избега,надвор пишти вришти како да ја заспијам?Не сака и крај.
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    4.693
    Ако не сака преку ден дефинитивно навечер порано легнувајте, го практикувам ова од време на време. Нема поената да чекам ни 20 ни 21 навечер кога пак ќе стане во исто време. Полека полека ќе се стабилизира, кај нас беше така.
     
    На Noranora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    8.869
    Пол:
    Женски
    И мојава станува во неделата барем два пати во 5:30, како денес на пр.
    Ноќеска и доста стануваше, еднашка многу тажно плачеше и реков ќе ја игнорирам ама кога ја слушнав мам, мам ус плачењето срце ми се скина. А мама ми кажуваше минатата недела кога и ја оставив пола саат дека така викала кога плачела не и верував.
    И дојдов да се пофалам.
    Прв пат заспа сама на спална сега. Зборев на телефон ај викам нека поцица малце ај за раче и кома. Обично преку ден се нишкаме 5,6 минути ја бацувам во образ три пати и затвора очи. Ова многу ме изненади пријатно. Ќе ја частам нешто :D
     
    На Razvigorec, zverkica, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Имаме да, шетање,бањање,млеко и кревет.
    Е сега кога успева кога не, вчера на пр не можев до 23 да ја успијам а спиеше во раце од 15 до 16 последно.
    Јас не и бранам кога сака тогаш нека легне она од некоја причина не сака да легне ќе се бори сама со себе со мене со сите ама ќе остане будна. Единствено во кола заспива ама кога ја вадам од седиште се буди не битно дали заспала пред 5 или 15 мин и толку е.
     
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам денес да ја легнам порано па ќе видиме.
     
  20. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Моето е помало 4 месеци о стануваше во 4:30 секој ден, без разлика кога ќе легне. И јас применив еден совет што кај нас успеа и сега будење му е од 7-7:30. Навечер ја затемнувам собата скроз, мртва темница да нема зрак светлина во собата и така му се продолжи сонот. Читав дека и најмал зрак светлина е знак за бебињата дека е ден и дека може да почне денот:) Уште од првата вечер кога затемнив и затворив се бебе почна покасно да се буди. И кога ќе се разбуди навечер за јадење не палам светло, во мртва темница му давам и продолжува. Го приметувам дека има денови ќе се разбуди во 5 ама јас не реагирам, ќе си поседи буден и ќе си презаспие. Ролетни кревам во 7-7:30 и тогаш си се буди. Пробај вака, кај нас успеа иако не верував дека ќе успее:D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.