И кај мене е темница и преку ден за да спие откако ќе стане дигам ролетни па џабе, ете во 8 заспа во 9 иако не доспиена што се гледа по неа стана.
Уффф баш ми е жал. Останува единствено да пробаш со дневните дремки за да не е преморена. 2часа пред главното спиење ако треба врти ја со кола , 15мин барем да дремне за да не биде многу преморена. Баш како што пиша некој погоре преморено дете=помалку сон.
Да не ви е топло дома? Или станува тогаш, зошто тогаш се разденува. Да и тоа го поминавме Долго време ми стануваше одма кога ќе се раздени. Е кога дојде време за во градинка, не можев да го разбудам до 8-8:30. После некое време си фати некој ред, Денски дремки има 2 уште од 6 месеци, првата е обавезно 2ч, втората може 30мин, а може пак 2ч . Откако почнав да го успивам во ептен ладна просторија, се ни стана полесно
Е ова со ладново ме замисли, јас не ладам дома од причина што е она по боди само голем дел од денот и некако ми е мала . Ќе пробам да разладам па ќе видам како ќе биде. А за денот спуштени се сите ролетни и вратата затворена не е до тоа. Фала мама
Во скок се будат со плачење навечер? Или заби се тоа? Значи ноќеска хорор, будење на секој саат со кенкање и плачење, во 6ти скок е ама не знам дали е до тоа, се нема случувано до сеа. Има 3 заби и кога ги вадеше не беше вака. Или можда си има мака некоја
Welcome to the tired club! Додуша, моево е пред 8ми скок, но мислам дека во скоковите влегува порано од што покажува апликацијата. Секое будење е со вриштење, а се буди пречесто. Со мм секоја вечер се претураме ко компири од соба во соба со него. Плус заби... Ај, мантра ми е за се, ќе помине, ќе помине...
И моето станува во 05:30 Ама наврчер заспива во 18- 18:30ч. Некогаш излегуваме тоа време да шетаме/седнеме некаде. Ама нема гајле он, си спие во количка. Кога ќе се вратиме само го ставам во креветче и си продолжува без око да отвори. Сакам да пробам да го научам да заспива кај 21ч и да спие докај 07-7 ипол ама не знам како
Малку по малку ќе ги поместуваш дремките, денес 10 мин утре 15 задутре 30.... И за некој ден би требало да се адаптира
А бе не сум толку tired колку што притисоков ми е 500 и глава ме фрка од плачењето Немам проблем да се буди, имам 300 начини да го презаспијам ама ова овааааа таман ќе заспие и по него и иа и пак вришти ме вади од памет. И сеа еве го си игра најрасположен на свет Ај ќе помине ваљда, да си повторувам и јас... Со плачки?
Ама сеуште пие млеко на 3ч. И вака иде 06:00 млеко 09:00 каша 12:00 млеко 15:00 млеко 18:00 млеко Е сеа некогаш знае да се разбуди околу 02 ч ноќта и да побара млеко, но презаспива и пак си се буди точно у 05 ипол. Вака ноќеска у 2ч се буди секој трет ден . Не знам како да го направам распоредот или нема потреба да мењам? Оти он си има и денски дремки. 0д 9:30 до 11:30 Од 15:30 до 17:00 Спие бааѓи нели?
На татко му е он. Ако не сме излезени и тато си легнува во 19ч. И у сред лето !!! Уште сонце пече они се комирани
Мене ми одговара вака што спие и што станува во 05 ипол. Посекако и јас цел живот, зима лето станувам пред 06ч. Мислата ми е дали за него е во ред што станува и легнува толку рано. Или па штом спие по +-14 часа во едно деноноќие арно си е
Зошто да не е, супер си е. Камо сите да спиеја така Јас поместив покасно заспивање за да прошетаме навечер. Не може да заспие во количка пошто живееме на 4ти спрат без лифт и морам во раце да го качувам и обавезно се буди и презаспивање после 2-3 саата. Чим твоето без проблем го префрлаш и продолжува, можете и раат да прошетате, не сте врзани дома уште во 6 саат Според мене си е супер вака.
Јас тука ништо не би мењала мама, Моево спие преку ден 1-2 саата мах тоа ми е и маката. Чим и вие сте си навикнати така и така си функционирате не пипај ништо. Дај Боже да си остане така ама од лично искуство ќе го бараш ова ако не дај Боже смени како мојава.
Дап. Кога повеќе кога помалку ама скоро секоја вечер веќе 3-4 недели ме пее ако не и поише треба да проверам кога сум пишала за забчето дека и искочило од тогаш почна се и сеуште трае.
Какво бааѓи, па така растат. Кога ќе треба да му воведеш вечера може ќе треба прераспоред да си направиш. Или ќе треба во 3 попладне да му е вечерата
А да прашам. Од кога ќе вечера не може одма да си легне, така? Колку време треба да помине од вечерата па до заспивање ? Оти ние откако ќе се натапаниме правац кревет фаќаме