Е не знам со сигурност како оди. Педијатарот ми рече после вечера 2-3 часа, па да цица и да спие. Затоа по вашиов распоред ќе треба да вечера 2-3 часа пред последното млекце. И јас се бунев дека рано легнуваме и дека вечера ќе е во 17, ама кај вас порано фаќа.
Додека да дојде до вечера ехеее има време, не му ја мисли уште од сега, може ќе се смени нешто до тогаш
Не , затоа што ќе му е тешко , рачунај 3 оброци , по отприлика еве 150-200гр ќе има плус млеко , ептен оптеретување на желудниче ќе му е се наеднаш да се даде. Нека го ќе ти направе и самиот промени после 6тиот месец , и дремките ќе ги намале , едната може да а скрате помалку да трае. Ќе почне да биде по активен физички. Најидеално е вечерата да ви е кон 18:00ч, па после 2ч млекце и припреми за спање. Пример појадок околу 9 , ручек околу 14:00 , вечера кај 18:00 , измеѓу млекце.
Значи после вечерата која како што читам вообичаено е млечна каша пример, или што и да е , сепак и млеко ќе пие пред заспивање, а? Јас мислев после вечерата нема веќе млеко
Мама, мојата до 6 месеци спиеше од 18 до 6:00 ама не спиеше во количка и моравме дома да си седиме. Многу пати пробував да и сменам ама само полошо, нервозна, мрда цела ноќ.. и си ја оставив, па како расте самата си менува, прво 19, па 19:30, и еве сега е 9++ и си заспива од 20:30 до 21. Мој совет остави си го да спие не му менувај со сила (плус во количка ако спие без проблем.. )
Супер ви е распоредот, посебно што немаш проблем со префрлање во креветче. Моево имаше период кога заспиваше во 18ч, ама тогаш се будеше во 3 ноќеска Денските дремки му се исти, а веќе е 9++, така да не се многу. Ако веќе сакаш и имаш потреба покасно да ти легнува навечер почни како што ти кажале, секој ден по 15-30мин покасно, па ќе си се навикне
И моево имаше скроз исти распоред, додека да стасаме до воведување вечера си го помести спиењето и сега заспива во 21ч. Така да, вечерата му е во 18ч, млеко во 20:30 и на спиење.
Морам да си пишам ама многу се нервирам кога ќе видам дека бебињава што ви се на ад ви спијат цела ноќ и не се будат ич.
Моето е само на ад ама се буди навечер 2 пати за јадење. На пријателка е на екслузивно доење и спие од 9 до 9 двајцата се 4 месеци Мислам дека нема правило и дека е до бебето Иначе и јас им љубоморам на сите што бебињата им спијат до сабајле без будење
На 9 месеци колку треба денски да спие? Знае да спие и трипати по пола саат, ама денес на пр заспа во 12, се отспа до 1 30 и толку, уште нема заспано од тогаш. А ноќеска заспива околу 10 во последно време, се буди различно, од 7 до кај 8. Многу често менува, не можам да му фатам некој крај. Или можда е период на промена.
Сеа па мене незгодно да пишам на доење дека последниве денови спие од 7 до 7. Ви посакувам да ви се случи и да се наспиете. Е јас па посекако не спијам ко шо сакам, така да не ми прави разлика кујзнае колку.
Хахахаххахааах. Многу ми е темпераментно бебево, искрено до кај 3 години не очекувам да преспие ноќ. Лази, оди, стои, збори, аплауз дава, се прави во сон.
Е не почнала уште да мањачи така 6 месеци е, ама ако е на татко и, он брка муви дур спие.. ај ќе преживееме.
И мене истото ме интересира, колку дневни дремки имаат на 9 месеци. Ние сме 9++ и уште има три дневни дремки (вкупно околу 4 часа) и ноќно спиење 9 часа со едно будење за млеко.
Очигледно јас погрешна перцепција имам. Така ми беше увртено во глава, 2 другарки на ад им беа бебињата, кома од 9 до 9. Мојава ако се разбуди помалце од 3 пати навечер, славиме до дома. Синоќа се разбуди 2 пати, ко вампир станав во 5 наспана
2 дремки има, првата обавезно 2ч, втората пак 1-2ч (ако заспие ). Навечер 8-9ч одвај, со 2 будења најчесто
@BezglasnaBukva @Tea SK @mommy's love сакате да се мењаме? Спиењето е квантна физика за дечкото мој. А па за заспивање мака мачиме секоја вечер, па дури и денски.
Што е најинтересно ѕверкава заспива за 5 мин максимум. Зима цуцлата, почнува да пее, тап тап по газето, одма е кома.