Ее умно бебче. Овој легнува, се врти 350 пати, станува, ја проверува цела соба, разместува, расфрла по нешто, пак се џитка во кревет, ме бутка, ме гриза, и дури откако ќе се нацица како човек, е тогаш заспива.
Кај нас е обратно. Прво ќе се нацица, после се превртува, вика, брмчи, гризе, стои на глава, за околу 1 саат заспива Втората дремка секогаш е тежок за успивање, затоа за првата го оставам во креветче и паѓа во кома, а може и на тепих да заспие
А твоето ако се разбуди 11 пати, 11 пати можеш да го ставиш да цица и да се смири/презаспие, ја на што да го ставам, на глава аххахаха а не смеам ад на секој саат значи побудалев. Сите со различни маки сме ама битно ненаспани. Додуша веќе навикнав и топ ми е
тоа дури е помало , зависи и кога ќе му ја воведиш вечерата и како напредува дали има потреба од млеко плус , после веќе накај годинка не е морално и потребно , ноќта е за спање , вечера си има и доволно е. Син ми го одбив на 13месеци ( цицаше на заспивање само последните месеци ) решив дека му е доста , си има 3 оброци и ужинки измеѓу , млеко не нудам , пиеше после одбивање на ноќно заспивање Ад , ама го прекинав и тоа , си внесува јогурт и останати млечни и доволно му е . А па ќерка ми сама се одби на 9м неќеше адаптирано да прифате ја пробував млеко да нудам демек мала е , ама док ми кажа дека ако внесува доволно млечни производи таман си е и без млеко да не се секирам да обрнам внимание на оброците , ама сепак млекото ( адаптирано или мајчино ) е основна храна до годинка се друго е само учење и пробување на друга храна. Доколку ти пие нуди колку што е потребно , ама да не заменува оброк , да си се уче на друга структура.
Здраво мами, јас како тазе мајка на првенче бебе од месец ипол имаме мака со спиење, бебе едвај издржува саат ипол будна и се приспива ако не заспие хистерично плаче. Е сега успивањето ни трае прилично долго пробав секако и на цице и во лежечка положба и со тапкање а најмногу сака кога е стисната и со нишкање. Проблемот покрај успивањето ми е што несака да спие на грб ниту на страна се штрека мрда со рачињата и се буди за 5 минути, единствено на стомаче сака и така знае да сврзе и 2 часа , навечер ја свиткувам во тетра да и се стегнати рацете и единствено така спие на страна. Но сега е лето нема да можам долго да ја повивам во тетра навечер а и спиењето на стомак преку ден незнам колку е здраво, јас ја набљудувам цело време но неможеме постојано така. Ве молам споделете искуства, секој совет ми добредојден се ќе пробам да имаме мирен и безбеден сон. Со исхрана сме на доење и два пати дохрана од 60мл што некогаш не ги допива.
Месец ипол бебе само спие нормално е, не ни треба да го будиш освен за јадење. Тој период јас мислам само во раце спиевме. Исти се сите, се штрекаат, имаат грчеви, не сакаат во хоризонтала да спијат ама тоа е, ќе помине. Богами мачно беше кога ќе се сетам. Јас не ја повивав ич, не ми се свиѓаше да е утуткана. А спиењето на меше е ризично и покрај тоа што го гледаш, мало е. Нема некое решение за жал, да имаш среќа бебето да нема грчеви ќе нема проблем, а вака само гушнати бевме постојано. Уживајте, сега во раце нема шанси да ми спие и да ја гушкам.
Дали има некоја регресија во спиење после 7ми скок? Скоро 11 месеци е сеуште има 3 дремки, навечер ја легнувам во 9 ама многу често станува. Преку ден едвај 2ипол саати издржува будна од дремка до дремка. И нешто ново после 7ми скок - додека спие наеднаш се исправа и си седнува и си прави муабет, си игра со цуцлата ама она спие. Некој со сличен "проблем"? Многу лесно се буди така кога е седната и само шета низ креветче. Жива ненаспана сум цела недела.
После 7 скок исто во сон се врти на стомак и си седнува, а спие. Ако не го приметам се раскенкува одма. Нормално е, си повторуваат во сон што правеле дента си вежбаат моторика и во сон.
Ние сме на прагот на 7ми скок. Веќе цел месец се буди, лази и седнува во сон . Ноќе мочање нема за мене. Ќе прелета преку спална.
Мојава 3 месеци веќе лази во сон, 2 месеци седи/стои, аплауз дава, зависи од расположение. И тоа се со затворени очи, спие и "работи"
Стана во 4. ) Си прави муабет и се шета низ кревет. Нема, нема па се загледа во мене, не трепнува, абе пронижува со погледот.
Мајки синко утре 7 месеци. Не знае сеуште да се заврти ни од стомак на грб ни обратно. Сака да спие на стомаче колку е безбедно да го оставам? Главата ја држи исправена без проблем ја врти ама цел да се заврти не знае. И сега шубе да го оставам. Искуство некој?
Моето од 5 месеци спие на меше. Дури накај 8 научи убаво да се врти од стомак на меше и обратно. Ми беше шубе на почеток, ама не сакаше да спие никако на грб. Извади од креветчето перница ако користиш, нека спие на душекот само и немај гајле чим ја врти главата Сега има повеќе рамнотежа и спие на страна, прво неможеше
Нема перница на транспортно спие со мрежи околу. Нема ни оградници. Ново му е ова од сношти се боревме цела ноќ односно тој спиеше на стомак јас стража чував хаха. Па заврти го на грб дремни 15 минути па одново круг. Денски ќе го тестирам денес да видам како ќе се понаша. Фала мама