И ние неколку вечери т.е. јас стражарам многу ми е шубе пошто не знае да се врати на грб. Преку ден ја оставам како заспала така, навечер обично се крева на раце и се раскенкува па се будам ја успивам на грб, она пак трт прт на стомак ќе заспие. И тоа чудно ако не е на стомак се буди, претходно не правеше така. Затоа последни 2 вечери со нас спие, бар полесно ја пратам да не станувам. И да ти кажам двата дена сите тројца сме се успале.
Си викам штом ја крева главата и веќе 7 месеци ваљда ќе се раскемка ќе се расплаче ако нешто ама пусто шубе. За спиење заедно сум многу строга само сабајле последната дремка е со нас инаку во креветче мирна главата. Ако е со нас јас не спијам воопшто. Сношти приметив ова си спиењето на стомак. Се врти на страна и пошто не може да се дозаврти паѓа на грб и плаче. И не знам што ми текна и мене да го дозавртам како легна за стомак кома. Сама си фатив беља. А и во таа црвената фаза е по апликацијата за скоковите исто, а го кренам кома спушти го во креветче плаче. Жива неспана сум како што сум сама периодов како зомби сум хаха
Чим ја вети главата немаш потреба за да се секираш. Ако сака да стане ќњ почне да плаче или ако е нешто сепак се работи за 7 месечно бебе не може ништо да му биде од спиење на стомак. А со рацете не се крева? Него вие мене објаснете ми ова како спие вака? 7+
Се крева со рацете без проблем и се држи исправен додека скапне ќе се спушти пак ќе се крене. Значи да го оставам да не го мислам. Ауу мама извини ама колку слатко се насмевнав кога ја видов сликата злато како спие. Се уморила си заспала. Колку само изненадуваат бебињава чудо едно, единки се со карактер со желби со емоции со се. Нека се живи и здрави само.
Моево нон стоп одскокнуе у нешто, пред некоја вечер како мајмунче кленката на колена на креветчето со рацете се фатило за оградата главата меѓу решетки и спие. Ама неам слика само видео
Не срце, она у спиење вака се наместила, убаво си беше легната, наравоучение допрва ќе го наоѓаш во секакви пози, неможеш да дежураш 24/7
Не знам и мене ми е мнгоу страв искрено, со мене во кревет па полесно ми е, секако не спијам ко што треба вака само поблиску ми е ваљда ко што ми беше страв кога почна на страна да спие и ми помина сигурно и од ова ќе се престрашам @Noranora и јас се пресмеав, работава ако спие како сака нека спие, па и на глава
А-уф, кое млатење со мокар чорап! Грчеви после 2ра доза Рота, 4ти скок при крај и РЕГРЕСИЈА во спиење. Званично ќе се шекнам. Малово станува у сред ноќ и почнува да пее со рацете у уста, се врти на стомак (или пробува), стигнува до вртење на страна и дебел газ - оп на грб и почнува да вреска Будење на саат ако имам среќа, најчесто само што ќе заспие одма се буди (значи ни 5 минути не спие). Ќе заспие на града и таман да го вратам во креветче, одма отвара очи. Пробано и да спие со/до мене, пак се буди. Денските дремки му се непроменети, спие на секои 1,5-2 часа по 30-40 минути, ноќе заспива во 20:15-20:30. Не е преморен, весел е денски, си игра, пее, збори исто како ноќе што прави. Заспива со нишање во релаксатор денски, не на града. Исто го успивам и за ноќното спиење, па го префрлам во креветче. Не заспива на града одамна. Дајте совет како да го презаспивам ноќе а да не цица, пошто не цица реално, само колку да ме осети дека сум тука, а нејќе цуцла да види ноќе. Нема логика да го дојам на пола саат, не е новороденче Има ли чаре или да го оставам да се справува со што и да учи сега, а ја да билдам живци? И може ли да се научи и покасно исто да прави, ако го нудам да цица на секое будење за да не ми пее на пола саат? Или да правам што и да функционира додека помине, ако е период. Help. Edit: Спојлер: Да не биде само https://fb.watch/dEk2zFv8AR/
Прави што и да функционира и чувај сила долг маратон е ова со неспиењево На почетокот и јас станував на 45 мин да се презаспиваме, нишкај шшкај, цуцла никад посебно не засака, се додека сфатив дека не можам толку е силата сон ми треба. Сега го заспивам до мене, го презаспивам со цицање и не се секирам до кога ќе биде вака пошто нема вечно да цица. И наспана сум и многу поквалитетно време денски поминувам со него, него претходно ко зомби
Исто вака спие и синко Негде од 5 месеци, од кога почна да седнува, во спиење си седнува па се мести во истава положба. Еве 10м ќе прави, уште го прави истото. Пресмешен ми е
Моево нема раат ни кога цица. Тек сега гледам у кој све пози може да се цица. Мисли ваљда дека градиве ротирачки се.
Истооо едно време дур цицаше рачето ми го пикаше во уста, да се закача. Сега не може зошто се врти на сите страни, ама си цица, нозе у вис и само клоца
Раката у уста ми ја ставаше па ногата (ова знае и сеуште да го праи) најчесто се врти на стомак со газот у вис а ако лежи знае и да клечи и да цица или д аморам д алегнам на грб а она од горе
Совет за сите нови мајки, не се оптеретувајте како ги успивате бебињата, ќе тргнете на работа, ќе ви го научат на друго успивање. 10 мес има од 6 мес со тапкање по газе заспива, фатија баба и дедо да ја чуваат ја научиле на нишкање па навечер се тапкаме по пола саат дур заспие
Луѓе готово ќе полудам! Од 5 мес, а сега е 8,катастрофално спие.. На саат, помалку од саат, се буди, едвај ретко 2-3 саати да сврзи. Последниов месец ужас. Еве вечерва од 21 до 23h се разбуди 3-4 пати,а од 23 до сега се држевме враце. Не само шо сака враце, и секундарно вришти ако не дај Боже седнам, туку морам станата, ај станата морам да шетам... Значи секоја вечер исто. Ќе спие еден саат, ќе го презаспивам саат и пол, ќе заспие и ќе стани по саат можи и побрзо за цицање.Дај те ми совет, нешто да напрам, да појдам, да му дадам, гатачки, бајачки толку сум очајна шо се би пробала. Немам сила повеќе, телово не ми издржува повеќе, заспивам секаде и на се, на стол, на маса, на шоља, на клупа,стоечки...Задремувам и кога го нишкам в раце од премор. Да се заби веќе не се, пред два три дена му пробија два. Сега шо е? 3 месеци шо е? Буквално се молам барем еднаш неделно да ми дава 4 саати сон, дали барам многу? Ќе полудам
Имате вечера воведено? Јас кога и воведов вечера почна да втзува повеќе саати, инаку на саат ми се будеше за цицање. Мојава од глад се будеше, да не е тоа и кај вас?
Пробај како што вика Теа, исто бевме и ние. Еве 4 ден со вечера си спие. Се буди два пати кај 1 и 4 Али помирно спие.
Мама како јас да сум пишувала. Самоншо кај мене почна од 5м а сега е 11 . Ама баш исто. Имам вовеведо вечера, давам мултигреин или млечна житна каша. Кое време ја давате кашата, колку време пред спиење? Мојава не се буди за јадење мислам.