Ние шетаме сабајле пошто станува пред седум, до кај 8. Попладне исто кај 19 некое кругче, 20:30 бањање, 21 веќе нана.
Од сабајле, после доручек накај 9, и приквечер накај 19. Приквечер помалце шетаме, околу 45 мин, па вечера, бањање, и макс 21 е кома.
Не ѝ е жешко после 9? Ние накај 8 излегуваме, ама само едно кругче до продавница и назад, додека стигнеме дома и двајцата сме спржени од жешкото...
Ние од сабајле не шетаме пошто станува во 9:30. А во 17-18 уште ми е прежешко некако, ич не трпиме ни ја ни бебе топло и шубе ми е толку рано да го изнесам. Може треба, не знам... Накај 20:00 излегуваме и ќе ме зезне, ми заспива во количка во 21:00 ама се буди после пола саат, и како дремка му доаѓа вака прекасно, и после ќе се прибереме накај 22:00, туш/бањање и во 22:30/23:00 е заспан во креветче. Не знам како да не се буди во количка или воопшто да не излегуваме навечер за да не ми дремнува така касно.
И кај нас е нешто слично. Ние излегуваме од 19:30 пример докај 21:00. Она дремнува малку во количка ама кога ќе влеземе во стан очите одма ококорени. Па туш, па пак заспивање. И се успива накај 22:00-22:30
Да ме станувате касно многу па затоа малце и касно легнувате Некаде прочитав дека на бебе денот треба да му е почнат од 8 часот најдоцна (меѓу 6-8h)
Ние се успиваме 8/8 ипол и сега најдовме чаре само кога ќе стане од последната дремка трк Водно.. (последната дремка станува окулу 5-6) Нема многу температурна разлика ама барем не е загушливо. Сабајле некогаш не стигаме, се шетавме претходно за прва дремка ама сега е прекасно веќе 9 фаќа многу жешко..
Нема, значи дефинитивно или се прилагодуваат на нас или генетика е во питање. Јас сум вампир, секогаш будна во 6. Како татко ми. Еве ја и оваа сега. Еднаш откако е родена спиеше до 9 па се нафурав и и мерев температура
Јас сакам да поспивам, и цела бременост ја преспав Една другарка до последен ден стануваше во 6:00 за на работа и еве бебево 7 месеци веќе и станува во 6:00 свежа наспана. И викам се навикнало бебето дека треба во 6:00 да станува, кој ти е крив сега
Не знам, кое е објаснувањето зошто да е станато меѓу 6 и 8? Исто, и двајцата сме спанковци, и бебе е. Се има десено последниов месец и во 10-11 да стане. Мераци Едит: во колку и да е разбуден од последна дремка, кога ќе излеземе со количка ми заспива одма. Исто и во кола. Пример само што се разбудил во 19:30 од последна дремка, одма излагаме и он пак ќе заспие...
Комплет исто. Минатиот викенд станавме у 8:00 ( некако ги преживеав стрелачките погледи зашо ја разбудив ) и тргнавме на пат. Беше свежа, расонета. На излез од Скопје - кома А си го користи секој момент кога може да си дремне, power naps си прави по цел ден од 10-15 минути
Ако спие до 10 11 насабајле ич не му мисли нека си дремнува надвор, па и да стане, дома ќе го успиеш ако не прави проблем за презаспивање. Ма да на долгорочно мене не ми се свиѓа денот во 11 да почнува .
Леле исто значи, а не е дека главните дремки му се кратки, спие 2 пати по 2 саати, ама измеѓу така по 15-30 мин ако сме во кола или количка обавезно си дремнува. Што бебиња ќе беа Ич не прави проблем, не го одложува заспивањето заради таа дремка во 9 саат навечер Само некад ми е шубе, возрасните и моево 9 месечно бебе се надвор во 10ипол
Баш заради тоа ми е чудно, го носев хемоглобин и железо да испитаме да не е анемичен па затоа да спие толку (ова на своја рака) ама све си е океј. На сите ви посакувам вакви спанковци
Јас па ништо не испитував. Си викам дома нас со кран треба да не станеш од кревет, па во гени и е на беба да си спие