Јас мислам дека многу саати ти спие преку ден, затоа касно заспива навечер. Ќерка ми е скоро 11 мес, една дремка саат, една дремка пола саат, максимум 8 ипол е кома.
Мами шо правите кога последната дремка паѓа да е касно за дремка,а рано за легнување ? Кратиме од 3 на 2,бебе 8 мес,некогаш многу малку ќе дремни на втора дремка,па трета му паѓа кај 6/6и30 шо ни е доцна,зошто обично кај 8 заспива
Ништо, оставам како сака бебе да си спие. Знае и во 8 да заспие трета дремка и да стане во 8.30. Потоа заспива накај 10.30-11.Евентуално да пробуваш секој ден по 10,15мин порано да го легнуваш,кај нас тоа нема ефект и затоа оставам бебе само да си заспие кога сака
И ние моментално кратиме од 3-2 дремки. Тежок период ни е, хаос ни е со спиењето, ама ноќното спиење не го поместувам покасно од 7 ипол. Јас го занимавам после втората дремка ако е кратка да е буден до ноќно спиење и му зголемувам прозорец на будност преку ден за пола час. Доколку седи буден без проблем до 6 ипол пробај порано навечер да го ззаспиваш
Како ги заспивате бебињата преку ден и навечер? До 6 месеци како ја оставиш ако и се спие ќе заспиеше било каде било кога. Е од тогаш само во раце и нишкање ја успива. Нема скокови, нема заби, не знам дали си ја фатив бељата. Не сакам вака да ја научам. Дури и на цицање ако заспие кога ќе ја ставам во креветче се буди. Успеал некој од нишкање да почне пак да си заспива само бебето?
Мојава имаше некој таков период ама со дневни дремки. И лежев до неа и така ја успивав. Подолго траеше ама со галење, гушкање и пеење се успиваше. Е сега за ноќе немам проблем, спие во креветче ама ако се разбуди понекогаш и ги фаќам рачињата, ја вртам на страна и ја галкам по грбче и по челото и си заспива. Се надевам дека некако помогнав...
А навечер како се успивате? Исто лежите заедно или си заспива сама во креветче? Дефинитивно ќе сум поупорна, бар за почеток да не е во раце, па ако треба и 1 саат легнати да се успиваме.
Ние сме обратно. До 6 месеци преку ден нишкање. Навечер кога како. Сега месец назад ја легнувам на спална, цицка и ќе заспие. И тоа инсистираше мм инаку ќе терав така. Мислев нема шанси да сака. Навечер цица на перница и заспива и во креветче. Кога ќе се разбуди, лажливка и галење или ептен ако се ококори на цицка. Пробај така легната до неа преку ден. Чим нас ни успеа ќе успеете и вие.
Мајка и јас ќе се вмешам во муабетов Моето има 10 месеци и никогаш не сум го успивала во раце со нишкање и сл. го легнувам во креветче, се држиме за раче, го галкам и заспива. Трае подолго ама се исплати. Ќе се научи и сам ќе заспива. Еве сега го легнав во креветчето и јас лежам на спална додека да се успие убаво па излегувам
Мајка јас читам и се чудам како е можно бебе да заспие со галење, јас мојава 4+++ си ја научив на цице и да ја шетам (што би рекол маж ми all inclusive). Колку време да ја држам будна пред ноќно спиење за да почнам да пробувам друг метод на заспивање. П. С чекам да помиме 20-тава недела за да бидам сигурна дека завршил 4-ти скок.
А кога ги заспивате вака легнати или со галкање, пеење, плачат ли? Пошто мојава знае од закенкување да прејде во плачење и тогаш се откажувам и пак земам во раце и нишкање. Друга работа е па што не седи мирна да ја гушнеш и да заспиеш, туку е црв невиден. Не знам ми е жал да ја оставам да плаче, а така веројатно ќе заспие. Може ќе треба да се вратам на прозорите на будност да ги пазам.
Лелле исто. Пробав неколку пати, што во креветче, што до мене, без цицка. Само со галење, гушкање, тапкање по грбче, по газе, пеење, вака онака... Ма јок бре. Заспива само и само на цицка, во секое време. Евентуално може и бонус цуцка плус нишкање и пеење, ако е ептен кенкав.
И јас се чудам како заспиваат на кревет со галење, овој мора во раце да заспие со нишкање и шушкање. Ако го ставам во креветче или си игра додека не се измори па после плаче додека не го земам да го успијам, или на спална шета по цела спална возбуден се превртува и абер нема сам да заспие
Блазе си ви што ви спијат во раце. Моево повеќе се нервира ако земам во раце да го успијам Кај нас заспивање само со млеко..
Навечер околу 9 пие млеко и додека е уште во food coma, целата среќна и дебела е тогаш одма заспива. Ама ако нешто и се згреши, табуретка до креветчето и ја галам преку решетките, имам механизам на нишкање на креветчето и ја лулкам и галкам и се успива
На 4+++ 2 ипол саати да не беше прозорот на будност пред ноќно спиење види така. Мене во 4ти скок поубаво ми спиеше него сега на 7 месеци.
Од 4ти скок па до 7 месеци само со нишкање заспиваше, значи кичмава хаос и баш тука прашував и се чудев како со галење или тапкање по газе кога моево почнуваше да плаче. Е ама наеднаш престана да сака во раце, почнуваше да прета да се исправа и морав да најдам друг начин. Почнав седејќи во раце млеко да му давам и да го спуштам заспан (темпирав ад и време за спиење), после го легнував на спална на висока перница и му давав млеко за да се одвикне од раце, па после тргнав млеко и само на спална да лежи и да го припијам до мене како spooning и тивко песничка да му пеам, за на крај сега го спуштам во креветче, пуштам песничката за заспивање што му е на тел (да ја слуша, не да ја гледа) и 10 мин се превртува се треска и беснее и сам заспива.
Не со секој, ама тетка ми што фат ќе имаше а го земе во раце, потпира главчето на рамо кај неа и си заспива