Дали е нормално бебе пд 2.5 месеци да спие цела ноќ околу 12 часа без да се разбуди за јадење. Денски има неколку дремки по 30, 40 минути вкупно околу 3ч. На АД е.
Преку ден само ако се премори може другбда ја успие а навечер нема шанси кај друг. Не сум ја ни оставала со друг де. Може да. Мојата беше така. Цела ноќ спиеше без млеко да побара. Ова до кај 4.5 месеци беше.
Може , ако добро напредува ич не му ја мисли. Додека бев бремена сите ми велеа сега спиј после нема спиење. 9 месеци на породилно сум се изнаспала со бебе како никогаш во животот.
Не знам дали има врска АД, дека ние на доење бевме, исто ми се случуваше да преспие цела ноќ 10 саати без да стане. Нормално е во секој случај, дали треба да се буди не знам. Кога прашав педијатар ми рече на 5-6 саати навечер да јаде, ова беше околу 4ти месец. Најубаво прашај педијатар, зошто спиење цел ноќ е благослов ама види со доктор дали има потреба да јаде измеѓу.
Добро напредува бебка, исто и мене ми велеа, и јас спремна како да око нема да склопам а бебката спанко
Ќе прашам да, планирам утре да и се јавам. Јас му давам еднаш да јади ноќта ми е страв да не му се многу сати без млекце, малечко е. Иначе добро си напредува.
Ако му даваш еднаш во тие 12 саати нема гајле, супер е чим си спие така, ти посакувам да си остане подолго спијач.
Победивме викендов, 1-0 за нас против нишкањето да фати мајата и за неделава, пошто не сум дома за прва дремка, ќе треба или со мм или со баба и да се успива. Дневните дремки си ги преспа заедно со мм, си легнаа на спална си заспаа, мува не ги лазеше и он се изнаспа покрај неа. Навечер оди во креветче, не на спална, ама после цицање се расонува во префлрањето, знаеше и да закенка и да поплаче ама не беше очајнички, малку ќе се провртка и заспиваше. Се надевам ќе се подобруваме, фала на советите. Не знаев дека можело и вака, како и за секоја промена мислев крај на светот е.
Мајки здраво, Да ве прашам за мислење… бебе е 5++, од 4 ти месец навака се буди ноќе, се тртка, и сега веќе последнава недела дена станува на секои 2-3саати со плачење.До пред 4 месеци беше бебе спијач, цела ноќ ја преспиваше со едно станување за цицање околу 4. 4 ти скок помина што може да е сега? Инаку уште сме само на доење. Исто и со дневните дремки мака мачиме за успивање, не дава да ја нишкаш ( вришти ), пробувам на спална да лежиме заедно да заспие сама и тоа не бива исто почнува да вришти. Периодов само успева денски бо количка да заспие и така да отспие 1-1,5 саат. Хелп давајте совети
Со потполно истото се соочувам. Исто е 5++ Мислам овој период имаат регресија во спиењето И јас би сакала да слушнам совети од мајки што ова го поминале
А може да ми кажеш каква рутина имате? Колку ви е прозор на будност? Мојата е со 3 дремки, секогаш со различна должина. Обично првата е меѓу 45мин и саат, втората од саат и до три саати знае да тера, третата 30 мин. Пред успивање има 3ч прозор на будност
Меѓу 4 и 5 скок има регресија, мене тој период ми беше најхорор, денски по 40 мин дремки, ноќе често будење, заапивање само со нишкање. Плус први заби излегуваа тогаш. Ќе помине, бар кај нас после 6м се среди све.
Пробувам да следам прозори на будност. Има најчесто 3 дремки. Две по 30минути и една подолга. Или 4 сите по 30мин, секој ден различно. Пред спиење 2,5-3часа е буден. Гледам да не се премори ама и така е џабе секое успивање е борба. Навечер исто едвај ќе го успијам со нишкање, а го спуштам во креветче се буди и така неколку пати. Па ќе заспие до кај 1-2часот и се буди јаде и нејќе да презаспие, па борба водиме до сабајле ќе заспие и цело време се буди, мрда, се превртува, нозе во вис и така до сабајле Се надевам ќе помине, едвај чекам
Ве молам совети како да ја успиваме ќерка ми на 11 ипол месеци. Заспиваше во креветче, како почнаа да ја чуваат сите, ја научија на нишкање или во раце да ја држат. Е сега има и друг проблем, а ја ставам будна во кревет шанса нема легната да остане, станува, скока, вика, па морам да ја земам да ја подзаспијам во раце.
Е за тоа значи може да се расправам до бесвест со сите, одма ја земам. Мерак им било со нишкање да ја заспијат. На нив мерак мене маката на крај. Сега оставај ја, се додека рипа скока вика и не плаче би ја оставала сама во креветче нека дивее. Ако заплаче ја оставам некоја мин да плаче, влегувам во соба ќе ја помазам, па пак во круг се додека не заспие. Еден ден им треба на нишкање да се научат.
Исто сме и ние, 6+, се пресели со мене на спална од шо не можев веќе. А мрдне - порција млеко. Како ќе ја вратам во креветче не знам. Контакт спијач стана, и за рака ме држи, море и нога преку мене знае да стави дур спие. Едвај се успиваме, научивме легнати на спална дур мама беше со ковид и не можеше да ја нишка во раце. И на секое звукче се буди, кога се врти се буди. Спие на страна, на грб, на стомак. Умирам од грижи ко ќе видам дека не е на грб. Најстрашно е кога ќе видам нозе у вис, придружено со "Плуп" звук на плукање на цуцла. Тогаш знаеме и да се шетаме низ дома како зомби. А ко ќе ми текне дека си се успиваше сама во креветче до 4ти месец.
Мојов 7м е, спиење на грб за него веќе не постои два месеци. Плус постојано вртење, плукање со нозете, ама не му се секирам и знае да се врти.