Па затоа ти спие цела ноќ, бе мајка, не зашто на цуцла си ја научила. Ќерка ми е скоро година, од 40 дена заспива со цуцла. Ама цуцла не ја заменува близината на мама. Кога е во скок, вади заби, има регресија во спиење, се адаптира во градинка, бара цицка цела ноќ, не зашто е гладна, не зашто е научена да заспива со цицка, туку зашто и е утеха и и треба мајка и. Од 100 доени бебиња, едно преспива ноќ без да побара цицка, а од 100 бебиња на АД, 70 преспиваат ноќ.
Мојата е 3 месеци, преспива вечер, од 10 до кај 6,7 сабајле, само на доење е, ама додека заспие 2 саати е на цицка
баш познавам мајки од околина што бебињата им спијат по 12 часа без будење и се на ексклузивно доење.
Кај мене во околина е обратно. Моето е на АД и спие по 12 саати, додека на другарка ми е на доење, жената нема спиено 8 месеци. А и нејзиното сака цуцла од старт.
Не знам што да кажам можеби е и до бебињата , мојава е спанка .. Ама тој ритам да седи на цице толку долго време не верувам дека би го издржала пошто сама го чувам бебето немам помош и по цел ден е во раце само
Абе и мојата е реално спанка, и во текот на денот си има некогаш асални дремки од по 2,5 саати, некогаш 10 пати ќе преспие по 15 минути ама мислам дека има удел и тоа што од 3ти месец е целосно на АД. Пред тоа додека ја доев, си стануваше ноќе ама пак врзуваше по 7-8 саати без проблем.
Затоа без предрасуди, сепак секоја мајка мисли и прави најдобро што може и умее за своето дете. @Danielaand, ти дале предлог мајки погоре, пробувај денски на секој можен начин да го оставаш да спие без тебе, надој го бебето и штом заспие одма префрли во релаксатор и нишкај или на кревет со тапкање по газе. На мене тоа ми успеваше долго време, во комбинација со white noises. Биди многу упорна, сега имаат пократкотрајна меморија и не памтат повеќе од неколку дена и има поголема шанса да му створиш нова навика на малото. Моево до 4м заспиваше со нишање во релаксатор додека му ја држам цуцлата во уста, пошто сам не ја држи а ја тргнам ли вреска, ќе заспие, го префрлам во креветче и го заборавам 4-5 саати ноќе, денски до саат макс. Ама почна да не заспива во релаксатор на почеток на 5ти месец, во раце никад не научи да заспива а и боље со оглед на тоа дека сѐ потежок станува. Пошто никако другачие не заспиваше, го научив на цицка, признавам. И за дремки, и за заспивање ноќе и за презаспивање. Е сега откако почна да јаде по еден оброк сабајлечки на скоро 6м, СЕ КОМИРА САМ после пола саат - саат откако јадел, и тоа кај што ќе го оставам. Без стандард кенкања. Вчера вечер успеав да го презаспијам со вода, изгледа жеден беше, 2 голтки и кома. А приметив и кога му е ладно повеќе се буди, еве сега го покрив со тенко кебенце (на боди на кратки спие) и спие 2 саати без да трепне. Вчера до ова време 3 пати ми се разбуди. Муабетот ми е не се плаши ама и не се надевај слепо на едно решение, пошто стварно се мењаат како камелеони секој ден како што раснат. Експериментирај цело време, нешто ќе успее денес, друго утре. Ако не бива ништо види со тренинзите за спиење, и ја познавам препородени мајки после нив.
Која генерализација. Пошто моево бебе е на АД, не му треба утеха и мајка му или близина за да презаспие? Тоа само со цицање се добива? Зошто се буди ондак?
И синко, заспива 20:30-21:00 ама цел час цица за заспивање. Инаку после тоа се будеше накај 2 по полноќ, ама деновиве може на секој час претка се превртува и само цице го смирува. 4+ сме, валјда влеговме во прочуениот скок.
Здраво на сите, нова сум на категоријава, скоро се породив Да не ме разберете погрешно, но и мене уште првата вечер во болницата ми го кажа докторот ова со близината и утехата бидејќи бебето беше вознемирено. Ми вика може да му даваш АД млеко, но немој тоа да е замена за контактот кожа со кожа со тебе и таткото. Значи дај му млеко од шише и остај го малку да лежи на отворени гради. Бебето не секогаш ја користи градата само за цицање, некогаш е и за да се смири. Шише и цуцла не можат да го заменат тој контакт, па АД млеко не е причина да не го оставате бебето да ви заспива на гради.
Сите знаеме дека со цицање се постигнува тоа, дека така добиваат близина и утеха и се. Точно дека со шишето и цуцлата не го добиваат тоа, ама има и други начини за блискост освен цицање. Како што кажа и ти, контакт кожа на кожа е многу битен, ставање на гради да лежи голко кај мама и тато го постигнува тој ефект. Мене ме вадат од такт коментари дека бебето ако не цица не си ја бара мајка му. Као ја ќе му тутнам цуцлата у уста и не го пипам нит за заспивање нит за презаспивање. И ден денес ад од шише му давам во раце кај мене додека лежи, гушнат да е. А 10 месеци има. Првите 2 месеци беше само на доење и воопшто не се будеше ноќе, некогаш само еднаш. Сега по 10 пати се буди, а само на ад е. И така.
Абеее додека доев па глеам ме побара во 8 месеци 2 пати се смирила кај мене, а рачунај сама сум по цели денови некогаш. Родив независен тинејџер Не сака во раце, не сака да се гушка, не сака да ја гњавиш ама затоа ако не е наспана ламја жива е
А бе исто, нејќе во раце ама ич, нејќе да го гушкаш и галиш, не бутка и двајцата со цела сила Пример ќе почне да кенка у количка и сите ќе ми речат плаче за у раце, го зимам, тој уште бетер почнува да кенка, и прета и све. Ама затоа у кенгур кај што не треба да го држиш со раце обожава.
Абе ќе ја пријавам за семејно насилство кај и да е. Цела сум испогребана, испотепана од неа. Кога ја успивам до мене, ме клоца кај стигне Со трауми сум
Мајка консултирај се со др Гуднајт (Сања) https://instagram.com/drgoodnight.mk?igshid=YmMyMTA2M2Y= Мене од една консултација ми кажа дека не ми треба тренинг, да пробам да ги применам советите нејзини, и мене често ми се будеше навечер на секое 2часа иако е на АД, и без млеко нејќеше да заспие, ќе цуцнеше 20мл и пак ќе заспиеше. Еве од 5месеци си преспива убаво навечер, еднаш станува кај 5 за млекце и презаспива до 7 или во 6 и не презаспива. Ама од 8 навечер спие така што наспана сум Мое мислење е секое бебе е различно, многу често мислат дека бебињата на АД повеќе спијат навечер ама има секакви примери што тоа е контрадикторно. Искрено според мене, се зависи од дневни дремки, должина и прозорец на будност, тоа и самата Сања го кажува. И да, имало моменти кога сум го будела од дремка и кога му се спиело и сум го држела буден.