Зашо ваков муабет "што се жалите, има и бетер"? Еве моево заспива во 10, ја си легнувам дури во 1-2 пошто 300 обврски имам по дома, готвам за утредента и за него и за нас, машини пуштам, пружам и диплам алишта, средувам хаос во дневна и кујна, седнувам на пц да поработам, се бањам, и тн. Се што не можам да постигнам преку ден. Се буди накај 7 дури за млеко, му давам и он продолжува до 10, а јас станувам. И не, не сум наспана со 6 саати, се распаѓам од што не седнувам ни 5 минути и од болки во кичма. Муабетот ми е секоја планина со своја тежина, на крај краева за тоа е форумот да си се пожалиме и размениме мислења и искуства.
Ако се бебиња не значи дека само ќе спијат. Искрено читам дека на повеќето бебињата сами им се успиваат и блазеси им за тоа. Но едноставно сите бебиња не се исти. Нз ти како си сфатила беше пишано дека има и од нивните бебиња поголеми неспијачи пример моето. И сакале нејќеле мора да го прифатиме тоа и ние да се прилагодиме на нив. Мене колку би ми значеле 6,7часа сон да сврзам ама нема. И тоа е за сега вака, па ќе издржиме со тек на време може ќе сменат.
Уф, се би дала да ја преспива ноќта. Се буди ноќе за млеко како новороденче. Ноќеска на 2 саати. Откако ќе заспие вечер мора да е тишина за да спие. Башка денски кога спие мора да е тишина. И јас се вртам во круг, ама ништо ништо не можам да сработам. И сабајле како навиена во 7-7.30.
14. Од шише. Беше претходно комбинирано, но цицаше само ноќе за да презаспие. Ја одбив и сега само со млеко презаспива. Ужасно ми е напорно
Се буди од навика. Мораш да го одвикнуваш од ноќно пиење, си требала и порано. Што подоцна, толку потешко ќе ти биде.
Како? Пробував со нишкање, шетање не сака да презаспие. А и слабо јаде. Да не речам ич. Мислам дека плус е и гладна. Од цице се одвикна за една ноќ. Затоа мислам дека е гладна.
Музика и пушташ ли? Преку ден во дневна пуштам радио, а во спална некои моцарти за спиење. Намерно за да можеме да дишеме инаку не смееме. Навечер дур легнеме бел звук. Жими тоа време ми е кога спие да сработам нешто. И навечер се буди и исто и давам да цица да не е гладна, ама искрено планирам да и скокам ноќни подои, нека се научи преку ден да јаде. Ќе пробувам да ја оставам сама да презаспие, галење, пеење, нишкање крајна опција.
Исто е и кај нас, мора да е тишина. Спие во спална со затворена соба и све праам многу полека и многу тивко (синоќа машината за садови пола саат ја редев), ако стропам со нешто одма се буди. Ама лесно презаспива, т.е само цуцлата му ја ставам (или сам си ја наоѓа во креветче) и продолжува. Ама џабе, еве ноќеска пример се будеше 4-5 пати со плачење, со цуцла презаспива одма ама мене сонот лесно ми се крши и еве денес ко зомби сум.
Секој со својата мака... синко беше пак уште полош, ноќното спиење му беше максимум 45мин до 1 час, а најчесто беше 15-30мин. Дневните дремки исто... па еве го сега 7 години е. Не ми беше муабетот дека моето е најлошо, туку само си споделив мака. Од друга страна сега ми е понапорно бидејќи се две а јас сум сама со нив, без ничија помош. Ама затоа сме мајки, ќе издржиме се за нив бидејќи вреди повеќе од се на светот
Ќе издржиме. Ќе поминат и овие денови. Се се заборава со тек на време и болки и замор. Ќе пораснат. Ќе ни недостигаат овие денови.
Пробав и да не дадам млеко, џабе. Ем никој не спие ем дента пак не јаде. Ах цуцла, како не и дадов уште првиот ден. После не ми прифати. Не смеам да ја затворам вратата дека почна да се симнува преку спална доле, страв ми е да не тресне. А спалната ни е до кујната...аве лудило. Јадам со раце за да не ми тропне вилушката. Хахахаха.
Мм се сврте така во кревет пред некој ден и закрцка креветот, ќе го убиев. Одма со закани "ако се разбуди, ти ја презаспиваш оти не знаеш мирно да спиеш" Пошто нели он ми е крив шо детево и на прднување се буди
Ме утеши со млеково, а таман се спремив Јас машина немам пуштено дур спие, после 3ти месец, се перам на скапа струја спалната ми е залепена до вц.
Абеее машината е white noise. И мене ми е залепена, центрифугата мислам дека ќе ја изнесе машината од веце ама па од тоа не се буди
Истооо!! "Зашо крцкаш со креветот, ако го разбудиш ти ќе го презаспиваш!" Гушки и за тебе сваќенце Јас таа за алишта ја пуштам дека е подалеку од спалната ама таа за садови нема шанси. Коа ќе стропа некое пластично внатре одма се буди Друг пример, филм глеаме на тивко на тв обавезно и ако имаме грицки некои, ги зимам и во вц ги отварам со ножици да не шушкам, ставам во пластично и ѓубрето до сабајле си стои во вц, не го ни фрлам во канта за да не шушкам хахахаха
Ааа за частење си ти штом гледаш и филмови. Хахахаха @LiquidLuna @Mucika Леб, или шо и да треба да се отвори се оди во вц или друга соба. Не се мие на умивалник пошто се слуша чешмата. А плинско да запалиш со упаљач нема шанси. Се буди од звукот.
А бе се што шушка и што праи галама подалеку од спалната Имаме кафемат долче густо и тоа во вц го носиме кафе да си праиме, на машината за перење стои А многу ми е јако кога ќе ми рече некој "вие така сте го научиле"...