Многу си ја облекла за во вреќа. За вреќичка ти е доволно боди на кратки и горен дел, долу само пижамки без ногавици и без чорапи на нозе вреќата е затворена. Капа и ракавици не ти требаат. Може и да е скоко во развој. МОже и уште стомачето да ја мачи. рачунај до кај 3 месеци може да има грчеви благи па тоа да ја буди. Мојот преку ден ретко врзуваше сон. Ноќе спиеше ама со будење. јас мислев дека тоа е нормално и така треба да биде.
@Вереничка и јас би те советувала како @Ano малце да се опуштиш и да не мислиш што ќе биде,како ќе биде ...Тек ќе менуваат ,ќе растат заби ,ќе настине...секогаш ќе има нешто. И јас сум имала такви моменти,ама сфатив дека не треба премногу да се грижам...како ќе биде така
Знаеш до пред три дена имаше некој ред каков таков, одма продолжуваше после цицање, стануваше најчесто само два пати и третиот пат веќе беше преместување во дневна, и пред 2-2ипол не се будеше, и не беше плачка, воопшто, многу ретко плачела. И сега две вечери ми се буди на секој саат не продолжува со цицање, цела ноќ спие немирно, ми се чини како да не сме спиеле ич, плаче преку ден неколку пати, плаче како што требало да плаче кога била новороденче, како бебе што плаче кога има јаки грчеви, а веќе 3+ не би требало со тоа да се занимаваме кога досега не сме имале проблем, плаче пред секоја дремка, додека се убедиме дека ќе спие итн итн И нормално е мислам да се испаничам. Кога не знам што точно и е, и како да и помогнам Знам дека се бебиња и дека се премногу мали за правила, ред и слично, и се надевам дека е период кој брзо ќе помине. Веројатно е скок затоа што и за цицање ми прави проблем, тоа пак е друга приказна. Денес веќе сум малку посмирена Како сака она така правиме. Ќе видиме ноќта каква ќе ни биде. @Klarisaa во право сте и двете Ова со вреќичката е од пред месец скоро Беше само две три ноќи кога беше поладно и толку веќе не сум ја ставила, топло е за вреќа. А ова со неспиење е од сега, друг пост. Инаку да, има мака често шрди и само еднаш кака, а додека се искака си има мака. Ама веќе сме 3+
Мојот имаше грчеви до кај 3 и пол месеци. Му почнаа после 40 дена. Така што нема правила кај бебињата што и како. Може и да е скок во развој. Ќе менува уште милион пати спиење и јадење.
Не мора да значи заби ако пика рака во уста. На почеток се ставаат во уста зашто устата им е најосетлива и така го осознаваат светот. Сетилото за вид не им е доразвиено па така се преку уста се осознава. Прво само ги смукаат рачињата и тоа нема врска со заби. Кога ќе почнат заби почнува лигавење, кенкање, гризење на работите. Ако важи правилото рацете во уста за заби растење моево некои 7 месеци вадеше прв заб. Од месец дена може и претходно ставаше раце во уста прв заб извади на 8 месеци.
Кога почнаа да заспиваат сами вашите бебиња и како ги научивте? Преморена сум од успивање. Го успивам со саати. Еве вечерва од 10 изгледаше поспано, триеше очи, очи затворени еве го 1 и нешто се врти во креветче не може да заспие. Се преморив немам сили веќе.
Здраво мајки Малечката е скоро 7 месеци и мака мачиме посебно последните денови со заспивањето на вечер. Можеби и јас си направив проблем што ја легнував во различни периоди секој ден ама еве денес во 11 45 заспа. Болничка е, носето полно и кашла па е плачлива малку. Предлог како да се доведиме во ред со спиењето? По колку пати дневно спијаат вашите малечки? Мојата спие 4 5 пати преку ден па можеби затоа не заспива порано ноќе
Многу спие преку ден, синко тој период имаше 2 дремки, ама втората не беше покасно од 16-17 часот. Скратувај постепено, нека има 2 подолги дремки и после 17 часот не му давај да заспие, дури вечер кога ќе дојде време за спиење кое ќе си го одредите, да не биде покасно од 21 часот и гледајте да биде секој ден во исто време.
4 5 пати? Многу е. Не се чуди ако не спие најнормално дека нема да сака да спие навечер. Моево откако се роди премија ќе беше 2 пати да отспие. Со тек на време воведовме некој ред и е на една дремка, втората ја исклучи. Колку па е тежок на спиење тоа чудо. Од 1/2 месеци он е "на нога" и не спие. Вечен проблем ни е спиењето. Има период ќе спие и ќе е ок. Со една дремка плус навечер ама има периоди кога за жива глава не сака да спие. Нозеве рацеве грбот не си ги осеќам од нишање постојано. На пример вчера вечер до 3 седеше 3 часа думкање го оставам станува и рика. Има и подобри периоди ама дефинитивно слаба страна му е спиењето и ептен леко. Исклучи некоја дремка. Два пати е доволно на ден и после 6 часот не му давај да спие. Барем во 9 10 ќе легнува.
Сме пробале повеќе пати да не ја оставам да спие после 6, ама плаче да ја слуша цело маало. Не се откажувам, мора да се среди ова со спиењето. Ке гледам да не преспива толку преку ден. Фала на советите
Да прашам мајки со постари деца колку мојот да ме посоветуваат. Дете е 2 г и 7 м. Сабајле станува околу 7 за во градинка, таму е до два, но не спие. Кога ке си дојде дома пробувам да го успијам, ама тоа не оди лесно. Значи во раце со буткање, бегање, кенкање. Ако успеам да го заспијал спие два-три саати. И вечерта пак до единаесет не е легнат. Со тоа што околу единаесет полесно е заспивањето. Сам легнува, му кажувам приказни и заспива. Сабајле тешко станува зошто не му е доволно тоа спиење. Е сега ако не се заспиеме попладнето, во осум вечерта сам заспива ( буквално му пага главата сред игра, читање, телевизија) и спие до сабајле без прекин скоро 12 саати. Сабајле станува лесно и е наспан. Која варијанта е подобра? Со или без попладневно спиење?
По мое, без попладневно спиење. Ноќниот сон е поквалитетен од денскиот и поефективен за одмор на организмот. Што прави во градинка ако не спие? Во градинката каде што одеше големиот сите легнуваа во креветче без разлика дали им се спие или не, и најчесто заспиваат.
Исто како момава моја. Во градинка е до 14.00 и не спие таму. Ретко заспива на пладне а кога конечно ќе се умори и заспие веќе е касно, спие по повеќе часа, па навечер е фит. Вакви ретки моменти, со преспивање, имаме ретко, и тоа за викњнд кога сме шетале па на враќање во кола па и ми е некако ок бидејќу другиот ден нема градинка. Инаку кога гледам дека мине 15-16 часот и да сака што се вика, не ја оставам. Се занимаваме некако уште некој саат.
@irena.1 ако не заспива во градинка, јас сум за второто. Барем понаспан е. Ама идеално би било таму малку да поспие, на пример мојов ако стане рано сабајлето, преспива само еден час кон 13 и после во 21 е заспан. Ако заспие денски покасно редот се губи и ноќта ми седи до 11-12.
Си седи со учителките. Секако пробаа, не не и не. Со лежење, во раце, со приказни, ако му речат дека мора да лежи се утепува од плачење и ги буди другите деца. Си седи, си игра, црта, бои, телевизија му пуштаат. Он сам ми кажува. Кога ке дојде дома веке е касно, плус многу се успива и затоа вечер заглавуваме. Кога не е спиен дење околу 6 попладне е страшно нервозен. Ако спие и го разбудам за саат време после исто е цело време нервозен. Никако не сум.
Јас секогаш сум повеќе за ноќно спиење. Секако, не е лошо и денски да има дремка, ама со сила не може да го заспиеш на пладне. А 6 попладне е веќе доцна. Факт е дека не им треба исто количество сон на сите деца, некои функционираат со помалку спиење, други не можат без минимум два часа денско спиење и легнување во 8 навечер. Големиов на таа возраст имаше една дремка во градинка, без исклучок на пладне. И дома кога беше, легнуваше во исто време. Навечер до 9 најдоцна беше заспан. Кога потпорасна, над три години, поради денската дремка му се пролонгираше вечерното заспивање во зима, заспиваше околу 10. Ама пак се врати на старо во летниот период. После тоа спиеше на пладне само во градинка, дома не. Ако не преспиеше, беше прилично нервозен во критичниот период од 6-7 навечер, ама му наоѓав занимации.
Мајки ве читам за спиењето на бебчињата.. Па и моето спие неколку пати во денот по 40мин до саат и вечер пак си спие. Т.е. последно спие докај 7ипол/8 и во 9/9ипол го заспивам во спална и спие цела ноќ, се буди само еднаш за јадење и продолжува до сабајле најмногу до 8ипол. Од вчера почнав да не му давам јадење кога се буди во ноќта и планирам да го одвикнам од ноќното станување за млеко а сме 5 месеци. Нели е нормално да спијат често дента?
Секое дете е посебно. Големата спиеше 1-2 пати на ден по 15 минути, некогаш воопшто не спиеше . Ова како бебе. Сега, на 2.5 год. Сеуште е неспијач и најчесто не преспива. Малово, на годинка, два пати на ден по еден час.
Моево во последно време заспива со плачење. Значи вриштење ко незнам што . И солзи Он си има фатено ритам саат и пол е буден од последно спиење и кога ќе му дојде време сам си покажува си вика а,а,а..... или си м'мка ... До скоро само го земав го гушкав, ставав цуцла и заспиваше експрес.... сега го земам вришти, плаче , се тегне по пола саат и потоа заспива само ќе му падне главчето дури е во раце....Вчера саат и 15 мин така правеше Навистина го мислам вриштењето.... да не го боли нешто ама цело време весел се смее си игра, ова само кога ќе дојде време за нанање .....