Одамна престанав нзс да и барам искрено, ни Шерлок не би знаел што им е. И кога ќе подобри спиење, знам дека за некоја недела пак ќе си смени и така баталив, нека е жива и здрава само. Добро си направила што сте се галеле. Ај ваљда нема да ви се повтори.
Може сум грешка ко @Speechless да беше? Пошто не си решена за Сања, а сакаш ст, има една група на фб Respectful Sleep Training / Learning можеш и таму доста да се информираш. Ама кое и да е, тренинг е самиот збор кажува, било Сања или некој друг сите ќе речат не се остава да плаче со саати. Од друга страна на инстаграм heysleepybaby е сосем спротивност на ст.
Во право си мами, еве ќе се самоцитирам за моето искуство. Иначе од отприлика 7 месеци спие од 8 навечер до 7 сабајле. Тоа е моето искуство најбитно е конзистенција и строго водење по нејзините совети. Spoiler
Како ви е сега распоредот мама со дневни дремки и вечерно заспивање. Должина на дремки и сл. Чинам околу годинка сте така?
Да, година и две недели. Зависи, периодов ни е преод од две во една дремка.... Обично станува 7 ипол-8 сабајле, прва дремка од 11. Е сега зависи до кога ќе ја спие таа, ако ја продолжи до 1 ипол, само го "одмараме" окулу 4, односно или го возиме со кола или со количка пола саат- саат. Ако стане порано, го заспиваме окулу 3 ипол, и макс го будиме кај 4 ипол. Навечер спие од 8 - 8 ипол.
Jas imam maka so zaspivanjeto kaj maliot skoro cel mesec...So placki so ritanje treskanje zaspivame...Dusa mi place, ne znam so se desava 7++ e veke i normalno vo race zaspiva nikako sam dremkite gi skrativme na dve, nejke da spie
Здраво мајки на 10 месечни бебушки како ви е организиран денот по колку дремки имате пробав со две дремки ама и беа малку секој ден почна се порано и порано да бара да спие и нормално се порано се разбудваше сега пак сме на три дремки ама кога иди за ноќно спиење многу тешко заспива незнам како да фатам ритам
Мајки ние наполнивме една годинка и спиењето ни е катастрофа, значи преморена сум Уште од мало кога неможеше да се врти целосно, само главата ја вртеше лево-десно и кемкаше. Сега што да ви кажувам, ќе спие еден саат убаво и кога ќе си почне де лево де десно нонстоп, па ќе заплаче па одеднаш стане седнува и почнува да лази по спална и така вчера ноќот ми падна од спалната незнам како не го осетив, ама ваљда уморот си го направи своето. Спиеме на спална некаде до 6-7 месеци враќаше млеко и се гушеше па мораше до мене да биде. Од вчера решив мора во креветче да спие, ајде го заспав ама кога стана едно плачење И така ја поминавме цела ноќ, ќе го презаспијам на спална и го преместувам после. Денски од секогаш спие по пола час до 40 минути и кога имаше по 3 дремки, некогаш сврже и час ипол ама поретко. Станува рано 6-7 часот е буден. Овие 3 дена ќе спие пола час или еден час ќе стане накај 13часот и толку потоа не сака да презаспие бар уште еднаш, а верувајте толку му се спие и несака и несака Дали има корист од оние шумливи мечиња допрва сега да му го купиме? Да напоменам дека и над нашиот спрат има луѓе и премногу се слуша па често го будат, ептен лесно спие. Па дали звуците од мечето ќе го ублажат сето тоа? Не сум паметна што да правам.
За шум можете и од апликација на мобилен, јутуб, фен а кога ми спие во дневна и аспиратор пуштам. Пробајте може ќе му ги ублажи звуците од страна и ќе спие повеќе. И нис сме во зграда, над нас имаме брливи комшии па вакви звуци ни помагаат.
Како што имам читано 11-14мес најчесто ама немора да значи. Ние еве кратиме веќе недела дена, дефинитивно најтешка е за кратење
Недела дена има како сама си ја скрати. Си викам мала да не е, па упорно ја заспивам. Денес еве спиеше од 2 до 4 и толку. Немаше ни намера да спие по втор пат Или ако спие два пати тоа ќе биде по 15-20 минути и некако полоша е таква, не е баш најпријатно друштво
И мојава е веќе месец дена со една само. Почна да станува после 8. Сега заспива кај 12:30/13 и млати по два, два и пол саати и толку е. Више во 20:00 е кома.
Мајки здраво, ние сме 40 дена ама последните неколку денови бебето заспие и после 10 15 минути во сон почне да мрда со раце и нозе, спие ама со рацете постојано прета и се фаќа по уши лице и кенка постојано..тоа може да трае и по пола час а некогаш и повеќе и почнува да плаче во сон..имал ли некој вакво искуство
Моето вака прави кога е гладно. По вакво претање знам дека ќе стане за млеко за макс пола час. На доење сте или формула?
на ад формула сме, ама тоа е 2 часа после јадење инаку му правам по 90ml, ама секогаш му остануваат по 10 или 20мл...и чудно ми е зар е гладен после 2 часа...нели обично кога се на АД се препорачува 3 часа разлика меѓу оброците..
И моето исто, после 2 часа прета и буден и кога спие. Од глад е, ама јас гледам да развлечам уште некој пола саат-саат, не му давам одма. На 3 часа давам најчесто, ама тој еден час прета, кенка, не му е погодено ништо
На 40 дена кај некои бебиња почнуваат грчеви ( кај некои и порано) и нормално е ова немирно спиење. Не значи дека прета од глад.