Моево пред месец дена ја скрати, на 13 месеци. Сам. Некако претешко беше заспивањето, борби по пола саат и повеќе, плачење, покасно заспиваше навечер и ноќе почесто се будеше. Откако ја исфрли, се препородивме мислам. Се буди накај 7, 7ипол, една има и таа му трае околу 3ч, од 11 до 2, 2ипол, па вечерта во 8, 8ипол е кома. Ма да знае да заспие попладне ако излеземе во кола, 20 минути и после не се трпи каков е злочко.
Мамички кажете некои тактики за спиење преку ден. Бебе е скоро 2 месеца спие од 9 до 8 со 2-3 будења за млеко. Навечер е супер, ама како станува во 8 не спие воопшто. Дремнува во релаксатор неколку пати по 5-10 минути и се така до вечерта. После 4-5 поручек е веќе мн нервозен кенка му се спие а не заспива. Пробувам со успивање на темно, со бели звуци, ништо не помага. Сакам да му воведам барем 2 подолги дремки преку ден, ама никако не успевам
После 2 -3 часа од првото будење пробај да го успиеш, предолго е буден и затоа после тоа тешко заспива. Јас го успивам со цицање, после будењето сабајле, си играме, гукаме скоро 1 час, потоа го оставам во посмирена атмосфера да лежи и кога ќе дојде време за цицање го зимам да цица и нежно го тапкам по грбчето. Не го враќам назад се додека не заспие. Откако ќе заспие уште некои 10 мин го држам во раце и потоа го спуштам и си спие 1-2 часа.
Цел месец веќе пратам прозори на будност. Го успивам кога треба ама дремнува не повеќе од 10 минути. Тоа ми е проблемот. Тој брзо и лесно заспива ама многу му се кратки дремките. Не дозволувам да поминат 2 часа, а да не дремне. Ама па и тоа од 10 мин не го ни рачунам за спиење
И од кога ќе го спуштиш полежи до него со раката под него па нежно ќе ја извлечеш. Кај мене ова пали од време на време
Ние сме 2 месеци и моментално спие во раце. Сто пати да пробам да ја ставам, сто пати ќе се разбуди. Се надевам ќе и се подобри сонот а во меѓувреме вака тераме колку можеме
Бебе ми спиеше 2 саати, уште не ми се верувааа. Фала ви од срце @marijaaa20 кај мене упалија советите горе, плус скроз темна соба и дожд пуштено на тивко. 20 мин ми спиеше во раце па го спуштив така со држење на раката доле и галење по главче. Пробај може и кај тебе ќе упали тоа
Сѐуште е многу мало, но понатаму пробувај да го заспиваш во креветче или да лежи до тебе. Јас не успеав никако да го преместувам во сон без да се разбуди па ми спиеше по цели денови во раце од страв да не се разбуди.
Па прво спиевме заедно така целиот склопчен во мене и околу 4м. беше кога заспиваше сам во креветче, само за раце се држевме ама јас бев упорна и не го зимав одма кога плачеше, чекав ако не се смири - тогаш.
Пробај ако имаш количка со корпа за спиење, јас првите месеци само така успевав да го успијам цврсто. Ја ставив во дневна количката и го возев напред назад. И аспиратор обавезно да брчи
Да тоа на два пати ми успеа ама се уплашив дека ќе му остане навика и ја симнав количката во подрум. Ја внесуваш дома со извалкани тркала или ги чистиш? Јас дека речиси секој ден шетаме со количка и се мислам како да ја внесувам дома
Ја бришев на секое внесување со влажни или ако беа ептен за никаде тркалата ги миев. И ние скоро секој ден шетавме.Јас бели теписи ги прежалив само да ми спие детето зошто не се трпеше веќе