И јас тоа викам, јас уживам шо да и правам а мене сега само ќе ми биде тешко и брзо ќе помине овој период.. се нервирам само кога ќе ни дојдат годти баби, тетки и они до нивните коментари шо ја нишкаш бе?? Одтави таму во креветче и затвори врата ќе плаче ќе плаче и ќе се смири и сама ќе си заспива после шо ја разгалуваш.. А јас цело време би и пеела и би ја нишкала и би и правела шо сака.. првенче ми е немам друга обврска тука сум за неа и плус си има привилегија зошто си е прва
Јас веќе скроз отрпнав на тие коментари. Еднаш една ми рече дека бебе ме манипулира. Така гласно сум се исмејала и и реков “ако, нека ме врти на мало прстче кога му се може” Наше е да уживаме во оваа љубов и милост, нема да го има долго тој бебешки мирис. Секоја возраст си носи своја убавина да, ама кога се бебиња мислам најмили се Па другите нека си вреват колку сакат, изгледа ни љубоморат Замисли само колку сме и битни на тие бебенца, цел свет сме им сега и толку потребни, души мили
Како за моето бебе да читам. Колкаво е твоето? Моето скоро ќе прави 5 месеци. Од дете што имаше ред за ноќно спиење, сега се буди на секој саат, не спие мирно само се врти лево-десно, се фаќа по лице… од како влезе во 4 скок е вака, иако му помина. Исто знае наеднаш да почне да писка и тешко се смирува. Да напоменам иџвади заб во трети месец, а еве веќе и вториот заб пробива. Стварно не знам од забите ли е вака нонстоп. П.с. Вашиот пост е од пред десетина дена, сега како е?
Извинете за спам, веќе го пишав ова во др група, ама може некоја тука ќе сподели совет. Ја одбив ќерка ми од доење на година зашто почна да се буди по 100 пати навечер, после неколку дена почна да сврзува подолг сон ама одеднаш сака само во раце да спие. Што да правам? Не знам дали и е фаза или заби или што и да е ама може цела вечер да ја помине во раце спиејќи и само што ќе ја ставам во креветче почнува да плаче. Читам некои феминки биле задоволни од Фербер методот, ама мене ми е многу жал да ја оставам да плаче, плус она има годинка се плашам дека многу време ќе и треба за да се научи да презаспива сама, срцево нема да ми издржи толку плачење. Не знам, пишете ако имате некој совет, се осеќам очајно веќе
Ова ни е 5ти ден без доење. Постепено намалував. Изминатиов период денски воопшто не цицаше, само навечер. Не беше скроз нагло ама малку го убрзав прекинувањето на ноќни подои зашто почна да се буди на 15-20 мин и колку и да кратев пак се будеше многу
Си избрзала, и наместо да се спасиш, поголем проблем направи. Подој по подој, прво дневните. И тоа една недела еден подој, друга недела втор, и се така додека не престане да цица дење. После се прекинува со подој за заспивање една две недели, а во сон нека цица. Откога ќе се навикне да заспива без цице, се прекинува и ноќното и за тебе полесно и за него. Мене и мојата матична, и на детето и гинеколог ми го кажаа истиот совет и многу сум им благодарна што ги послушав. Помина многу лесно и безболно. И откога престана со доење, не станува во сон да бара вода или млеко. Ама но престанавме на две и пол. А да не претерам ама одвикнување траеше сигурно три месеци. Твоето е мало, и ќе става навечер да те бара, и да пие млекце. Децата емотивно се поврзани со доењето. Тешко ќе ти биде, да не те плашам. Само имај трпение.
Она е навикната да заспива без цице зашто комбиниравме ад+мајчино уште кога се роди и никогаш не беше претерано поврзана за доење освен изминатиов месец и тоа ептен зашто се разболи па повеќе и давав да цица. За дневните дремки баш ги кратев ко што пиша, пробав и со ноќните ама сфатив дела колку повеќе одложувам, не менувам многу освен што она плаче повеќе. Не знам како од целава ситуација произлезе да не сака да спие во креветче... Мислам дека главниот проблем не е толку во доењето колку што е во тоа дека навикната е да заспива во раце па сега тоа ни се удира по глава
Плаче кога ја успиеш во раце па ја ставаш во креветче или си пробала и будна да ја ставаш? Ако не си, пробај гушкај ја малку пеј и некои приспивни песни кратко колку да се смири и стави ја во креветче. Ако се буни гали ја по глава, успивај ја без да ја земеш. Може ќе ти помогне ова. Јас вака го научив сам да заспива ама тоа на еден месец, твоето е веќе големо не знам дали ќе успее
Мајки ај пишете распоред на спиење на 3 месеци. Бебе почна да го ремети ноќното спиење па да видам дали до дремките е или до скокот
Значи не можам веќе...од 20.00-02.00 е ок со спиење тек после тоа почнува журката. Си ја врти главата, лево -десно, си ги крева ноџињата и ќе ги тресне, па се превртува...мислев гладен е, не е тоа, ќе јаде и пак иста шема до сабајле....гушни, пушти, го повивав, white noise... ништо не пали... Веќе и преку ден е борба за спиење, очи му паѓаат, кенка, но не се предава...има ли крај на периодот? 4.5 месеци е бебуш
Здраво мајки, Дали некоја од вас има искуство со "тренинг" на спиење кај бебиња, Dr. Goodnight? Која цена е, дали вреди, дали има долгорочен ефект? Фала од напред
Последно кога и пишав беше 2000 ден консултација и 10000 ден тренинг. Колку месеци е? Си пробала прво со средување денски дремки и пратење прозори на будност?
Убичу се Какво е ова не спиење? Преку ден супер, 2 дремки секој ден исто ред на се, дојде вечер 11 легнува се буди за 1ч со плачки, тегнење, вртење, трескање нозе, спие у раце, стај у кревет иста прича, аајдее расположен за игра до 2 до 3 Се смее, мижи, сам си прави ѕе со перници како не арен се понаша 2 недели сме вака, 9++ Хелппп
Оваа регресијата во спиење на 12 месеци мислам дека мене ми остави трауми....еве после две недели почна пак да ја спие ноќта ама се буди рано во 6 и пол а пред тоа знаеше да спие и до 8 и пол 9. Заспивањето уште ни е борба. Како поминавте вие?
Фала многу за одговорот 6 месеци е инаку. Од старт дневните дремки му се како по книга, истотака и прозорот на будност му е супер, може да се каже природно му доаѓа да спие како што е правилно. Си има и рутина за ноќното спиење, бањање, цицање и се знае спиење амааа..... не врзал 2ч до сега. Буквално на секој саат станува, и тоа се расонува. Ако не му дадам цуцла, цицање или дури и нишкање во раце, шетам низ соба,, толку ќе е, отврени очи има. Не знам како да се изразам, нема проблем со заспивање, туку со "одржување" на сонот... Грешка ми е што го заспивам во раце, знам, сега сакам да го научам во кревет да заспива (само какоо ) па можда ќе има ефект....ако не, ќе се консултирам со Dr. Goodnight