Мојата од кога се роди заспива со вриштење. Кога ќе дојди време за спиење почнува со а а а и после се појако и појако додека не почни да вришти и во секунда ја снемва заспана е. Бидејќи ја заспивам со нишање и шетање само така заспива, порано барем ја нишав навалена на мене во хоризонтална положба. Сега ако е така легната вришти уште повеќе, па морам исправена и така од стоење, јас си шетам таа вришти и едно време ќе ја снема со вриштење знам заспана е. Тогаш ја вртам во хоризонтала и уште некое време нишкање затоа што ако ја ставам одма на кревет се разбудва.
@eli25 ако не се лажам... пет и пол, шест месеци е малиот? Време за скок во развој, прилично специфичен. Очекувај поголема активност наскоро, време му е за оставање на земја.
Мојава до 3 и нешто месеци спиеше по над саат и пол повеќе пати во денот. После нагло смени и почна да спие по само пола час три пати дневно. Што убаво си спиеше, а сега ништо не можам да фатам од неа, се сака да ја занимавам и во раце повеќе сака.
Моево некогаш заспива со цицање ама многу често со вриштење и нишкање додека не се ''предаде'' ко што сте опишале @eli25 и @kiki_riki Исто, откако ќе заспие почна да станува на секои 45 мин и да бара нишкање, не е гладен, нудам и не сака...убаво спиеше и се будеше само за цицање...прво препиував на двата долни заби,излегоа...и се смири малку...дали десет дена беше ок и евепак иста приказна...рано е за пак заби толку набрзо или тој скокот е... :/
Да Ана толку сме леле тие скокови тој на 3 мес едвај го преживеавме сега пак ли Инаку го оставам на земја ортопедот ни рече. Се е ок, цица убаво само што заспивањето кога ќе дојде на дневен ред се крева во воздух цела зграда И тоа миже и вришти , од што му се спие ... Навечер почна на саат да станува, мижи, кенка, крева нозе нагоре... А си сврзуваше по 5,6 саати .... И си бара да Цица и тоа влече ептен јако па ајде повраќање после .... Таков ли е овој скок?
И нас не "нападна" скокот. Навечер не сака да заспие после јадење ја нишкам ја шеткам и тек после 2 часа ќе заспие. Се бапка во мене нервозно луто како да сака од раце да ми побегне вришти и кемка. Ќе подзадреми кај мене спушти ја и опет. 3 месеци за некој ден.
Таков е. Трпение само. Брзо поминува, верувај. Само додека трае се чини вечност. За заспивањето, јас го шетав од соба во соба, со музика на телефонот, така се смируваше и брзо заспиваше. Тој вришти оти не сака да спие, не сака ништо да пропушти, а му се спие. Не знае што му се случува, и нормална е таа реакција.
Пробајте со white noise. Кај нас во 90% од случаите помага. Како што велите, ем му се спие, ем вришти. И кога ќе му пуштам тоа да шушти за скунда заспива. Ама во раце пак со нишкање, ама битно престанува да плаче и заспива. После го нишкам уште некоја минута и го легнувам.
Секое приказна за себе. Ти се верува малото од како е родено преку ден нема спиено повеке од 20 мин. За ноке е добар, врзува по 4-5 саати, со исклучок кога вади заби. И дефинитивно поубаво спие ако не сум јас во иста соба. Ако спие со мм спие по 5 саати. Со мене најмногу два. Изгледа го дразнам или ме мириса. @eli25 му се спие, а не сака да се предаде, се е интересно. Малото така ми правеше. Дур не се извришти убаво не заспива. Убаво ти вика Анат оставај го на под со играчки. Да се тегне, влече, лази, да се умори поубаво. Мм го заспива во темница. Ролетните спуштени скроз, црна темница. Инаку се нешто се загледува. Му пуштам приспивна песна од играчката или телефонот. Тој се тегне, се бутка, врти со главата да лоцира музиката од каде иде и ако може да го фати мобилниот.
Леле мајки ве читам и се чудам, како за моево бебче да зборувате Веќе некое време е така, ама не сакав да пишувам затоа што досадна сум во темава дека не ми спие детето Исто секое спиење денско е со плачење, додека заспие церемонии, чуда, музика, многу е проблематична. И се спие, ја легнувам вришти, ќе ја кренам гледа во страна, долу, ќе ја легнам во раце, скроз се врти со главата и разгледува. Плаче и така прави како @eli25 што пишала, јас не знаев да го објаснам ммка, прави аа..аа..аа ањњњ така некако јас се чудев и се исплашив овие два дена и многу нишкање, музика, галење бакнување па да заспие Како што пиша @Annath како да не сака да спие, а и се спие Ама проблемот е што спие 20мин 4-5 на ден т.е на секој саат-два. Успивањето трае подолго од спиењето Како што кажа @fana се турка од мене, се тегне, па како да сака да ме "гризне" се удира со главата. Пријателки ми кажуваат да ја ставам на стомак, денес пробав да ја ставам. Знаете што се случи, одма се разбуди и ја крена глава и разгледува почна да плаче па пак ја заспивав и ја ставив на грб. Како ги ставате вие да спијат? Не ми успева ни на стомак, ни на грб сум пробала мора да ја потпрам со перница и пак некако се извртува и не е тоа на страна и секако кратко спие. Не спие цврсто, нема шанси да ја преместиш одма ќе се разбуди, и кога ја нишкам па кога ќе ја оставам морам да продолжам со нишкање и галење за да продолжи со спиење. 3 ипол месеци е, до кога е скокот? (како тоа да ќе промени нешто во врска со спиењето )
Да ве прашам, моево е мало, мало ама знае што сака. дури еден месец сме. Нишкај пола саат, легни ја во креветче, аАаАаА. Нишкај пак пола саат, легни ја, аАААаа. И опет.... и после неколку пати, упорност и инат магарешки, ја легнувам на спална. И штама! 3:30 станало! Дали детето е поцврст карактер од мене? Само упорност ли е во прашање, или некој има подобра идеја?
Упорност Јас така неколку дена имав "мака". Ама па на спална ми беше мачно спиењето - цело време ја гледав да не ја смачкам. И викам, ќе издржам, ама ќе оди во креветче. Преку ден знам да ја оставам во раце да спие бидејќи мислам дека 15-20 мин ќе спие, а знае да затера. Инаку оди во транспортер и ја возам. Не ја нишкам или ептен ретко. Немам сила толку долго да нишкам, па ја возам
Ме утеши Преку ден спие во корпата од количката, и спие убаво. Дури помислив и да ја ставам во креветче корпата, ама што е многу, многу е. А инаку, да, со ишијас се будиме, пазејки да не ја смачкаме на спална. И плус, пред да се породам бев најмногу против тоа детето да спие со ридителите. А сега, јас тоа го правам. Ќе тренирам упорност, нема друго чаре.
Јас тренирав упорност @Leo_29 и бејби победи За денски. Ставав во корпа, транспортер, релаксатор, на кревет, не, не и не сака да спие, преку сила кога ќе се измори 30мин нека се, некогаш ни толку, а му се спие глава му паѓа. Остави го за 1-5мин е буден па вришти, пишти, заоѓа, целото поцрвенува, помодрува, од памет ме вади ма ни возење не поминува, пеење, нишкање, што сакаш прави додека не го зедеш, изгушкаш, не те помириса, не ти се изжали, не се смирува смири го, викаш се изморил, спушти го пак исто.. па беше нервозно, кенкаво, плачливо по цел ден и ништо се откажав, па само во раце спие, ретко знае во транспортер да се успие. Вака едвај е буден, а кога е буден сака самиот да си лежи на кревет/релаксатор и да прета, гуга, смее А чудна работа, а сме некаде надвор спие во транспортер, корпата нема гајле, ама додека не се успие цврсто мора да го возиш, застанеш ли одма мрда, аааа ууу ќе чуеш во кола никогаш не спие, се вози, си гледа, дреме, застанеш ли на семафори одма пак се буни На тераса кога го возам во корпата успевам да го успијам понекогаш, па одмарам така раце За навечер. Стеснив просторот во креветче, пробав шише со топла вода до него да ставам, да го држам за раче, галам, да ставам нешто мое до него, јок и тоа ништо, иста песна како и денски, заоѓа буквално од вриштење глас губи само со тоа што навечер е потивко па цела куќа во вис ја крева спие со мене, на рака ми спие, не сака да спие до мене туку сака да го гушнам, па ќе се ушушка во мене и е бајче не ми е страв дека ќе му направам нешто, го осеќам и во полусон, порано помалечок и едвај мрдаше, сега дечко од 2м и некој бокс знам да заработам, па и со нозе ме мава во стомак Решив до 3+м вака ќе тераме, грчевите да му минат, не ретко и од нив и во раце кога е ми се буди, па ќе пробувам пак, да се одвоиме барем за ноќното спиење, засега собирам живци, план ми е и тампони да си купам Се надевам нема да се вртиме во круг, грчеви ќе минат, заби ќе дојдат јас се тешам ќе пркне, ќе подразбира, па ќе се ззлажуваме ^^бебчево е цело на мм инат, инат невиден, кај личи на него од глава до пети, па и наравот ист им е Инаку по дома и пошироко ШЕФ го викаме/аат
Моето од два месеџи спие на стомак. Педијатар дозволи. До шест месеци мора да спијат на стомак со надзор поради зголемен ризик од сидс, после тоа се смета дека се многу помобилни да спијат како сакаат -впрочем и сами се вртат стомак/грб(се намалува ризикот за 80% за сидс). Не е точен податокот дека до година не смеат на стомак.