Има ли некоја мајка со слично или исто искуство? Бебе е 40 дена, веќе 2 недели се бориме со спиење. После јадење заспива мнооооогу тешко со држење дункање во раце, го ставам во креветче спие 30-45мин и се буди со врескање. Некогаш успевам да го презаспијам некогаш не и спојува оброци. Не е гладен, нема грчеви. Нон стоп вреска и е претепан за спиење а не спие! Почнавме во кола да го возиме од што немаме сила за држење во раце. Ама кај и да е заспан за 30 до 45 мин макс се буди
Слично искуство освен што врз мене или пак во слинг може да спие со саати.. 8ма недела е моето.. ноќе во кревет до мене спие, по саат/саат ипол се буди или пак ако станам јас (извини што немам совет, коментирам за да видам дали некој ќе сподели слично искуство).. освен да пробаш да го носиш во кенгур/слинг, ти нема да се одмориш ама барем бебе ќе преспие убаво
Исто навечер знае да заспие со саати на мене. А се буди одморено твоето? Имате будни моменти? Моево само плаче не сме го виделе буден
Има чат пат будни моменти, почна да се смешка но не трае долго убаво расположение, најчесто наутро има така мирни моменти, а после 5 часот па додека заспие околу 8 обично е многу нервозен и не може никако да го смириме
Ова неспиењево ќе ме полуди, ми иде глава во ѕид да треснам. Навечер прилично лесно заспива иако некогаш по 2-3 пати морам да го земам па ќе му позборам па ќе го легнам и се трае пола саат. Ама денскииииии готово ќе полудам. Му се спие капнат е и не се дава. Вришти мислиш кожа му дереш, мижи и се препелка. Во раце не можам да го додржам, во креветче многу прета за да заспие, во количка се буни и веќе не знам. Ама ова дерење истоштува. Којзнае и комшииве што ќе си помислат веќе непријатно ми е. Од 5 како стана еве го 2 саати се дере.
Како сте со спиење минативе ноќи? Мојов нешто потешко заспиваше вчера сабајлево @gothchick @Lina-Detelina ?
Оваа ноќ добро поминавме за цицање стануваше на неколку сати. Ама минатата си дежурав. Многу лесно спиеше, оставија во кревет се будеше одма, па ја земав пак и така цела ноќ. Се случува како да спие со отворени очи. Вашите прават така?
И ја враќаш назад во креветче или до тебе? Да, ги држи отворени очите некогаш а спие. И трепка брзо, некогаш и мимики прави. Тоа е рем фаза од спиењето. Кога спијат цврсто, не се мрдаат толку, помирни се.
Паа киваше, сега вчера и до денес не. Ама и поткашлуваше, мислам дека и до воздухот е дома. Инаку по неколку пати на ден киваше, 5 6 можда Нормално е да кива, сосема во ред, така реагира имуниот систем и се навикнува на бактериите од средината.
Дали некоја мајка ја уплатила програмата на dr.goodnight или некоја друга слична програма што се нуди online да сподели искуство со методи на sleep training на бебе? Ме интересираат конкретно искуства со сертифицирани програми/консултанти што користат Ferber или слични методи на sleep training. Какви искуства имате (доколку имате), кога сте започнале, колку време траел тренингот да се постигнат резултати, колку сте задоволни? Би била благодарна за секоја споделена информација.
Бебе 5+ од колку до колку ви спие навечер? И колку будења има. Ние сме уште крш со спиење и 5 скок не дрма сега
Мајки јас да се испукам... ова не е нормално. Скоро два месеци, откако ја фати регресијата во 4ти месец, по не знам колку пати се презаспиваме. Во 8 навечер легнува и до сабајле до 6 скоро на секој сат се буди. Понекогаш врзува 2-3 сати ама тоа е само еднаш во ноќта. Ќе полудам. Веќе 2 месеци не сум спиела повеќе од 3 непрекинати сати, и тоа е реткост. Во потешките ноќи сум приметила и кркори мешето, веројатно ја боли откако почнавме со вкусови. Ама не е така секогаш. Како да се навикна да се буди на 1 сат. Додека ја заспијам, па не знам колку време треба да ја држам за рачињата да се успие длабоко, па само што сум заспала ете ја пак се разбудила. На три месеци спиеше по 8-9 непрекинати сати, редовно. На 6+ месеци спие полошо од новороденче. Па на моменти мислам ќе ме стегне нешто од толку неспиење. Ова е тортура.
Моето е точно 5 месеци, спие од кај 20-21ч. до 7-8ч. сабајле. Се буди мин. 5-6 пати во текот на ноќта и презаспива само на цицка. Спие до мене. Вака е од самото раѓање, јас сум очајна од неспиење и умор, спиењето ми е ужасно, испрекинато, не сум врзала повеќе од 2 и пол саати сон откако е роден. На почеток си викав, му треба близина, гладен е, ќе се подобри, ама сега сфаќам дека ќе мора нешто да се преземе зашто нема подобрување и сѐ додека има цицка до уста, ќе ја третира како цуцла (цуцла неќе да види). За максимум 2-3 месеци од сега ќе почнеме со sleep training, погоре баш пишав за искуства за програми.
Кај нас е исто од 4ти скок до денес еве скоро е 8 месеци. Синоќа спиеше од 9 до 11 како што треба и после до 7 сабајле на секој саат се будеше. Повеќе бев седната до креветче него легната. Не знам чаре ама при крај сум со силите
Јас би го легнала до мене. Креветче кај нас е невозможно. Пробав првиот месец и пол и само бдеев над него и нишав.
@anngelique те читам и тебе на мака си... Мислев дека е до доењето, ама ете ти си со формула па пак истиот проблем. Ако се сите бебиња олку проблематични со спиење јас ќе си останам со ова едново -.- Маж ми нека си прави второ трето со друга, гајле ми е.