Да на ад сме има и 2 оброка не е од глад. И ја му викам на мм да не помислува на друго. Ми остана уште да уплатам кај dr. Goodnight ама чекам породилно. Ми препорачаа и мелатонин капки да пробам ама не знам...
Исти сме. Кога ве читам вака веќе поголеми паника ме фаќа. Се тешам дека изгладнува па кога ќе воведам вечера ќе смени, ама изгледа не. Заспива во 8 и до 10 се буди сто пати, миже и плаче додека не го земам. Од 10 докај 1 му е единствено цврсто спиењето не се буди. Е од 1 до 8 е ужас. Вриштење во сон на секој час додека не му дадам млеко. Ќе испие 3 голтки и ќе заспие и за еден час пак исто. Полудуваам. Остај што преку ден спие макс по пола саат. Ако најдете лек кажувајте оти вака ако продолжи не знам како ќе преживеам
@Anturium Леле исто. Во 8 заспива, се буди во 9, во 10, во 11. Тогаш и јас се качувам во спална и легнуваме заедно. Не сакам да спиеме сите на спална, ама очајна сум за сон. Во креветче додека ја оставав да спие ќе ја заспијам, ја ставам во креветче се буди со плачење, ајде пак и бескрајно беше тоа. Па спие 2-3 сати (не секогаш), од 11 до 1-2, па се буди во 3, во 4, во 5, 5 ипол, 6, 6 ипол. Во 6 сабајле веќе ми е време за плачење. А преку ден исто, максимум пола час ни се дремките. Не знам што ќе правам. Ама веќе сериозно размислувам пак да ја вратам во креветче, макар и да треба со саати да висам над неа.
Јас сум упорна со креветче. Не го ставам на спална воопшто, успивам во раце и ставам во креветче. Мислам дека ако е на спална воопшто нема да заспијам од што ми е страв. А преку ден и кај нас најдолгата дремка му е 40 мин, а некогаш и 20 мин знае да поспие. Аман веќе. Се мислам дека се заби зашто многу лигави и тоа плачење во сон од такт ме вади. Секој ден сум гроги и не можам дома да завршам ништо како што треба од што немам сила. Нека поминеее што и да е
Мајки 9м регресија во спиење како преживеавте? Мислев дека 4ти скок беше страшен ама ова било .... цела вечер со плачење, во раце спие види ли кревет или ако го ставам во кревет зајдува. Додека не се собереме сите на куп дома со него во соба не заспива. Што се случува упатете ме вие што сте го поминале ова?
Апсулутно ништо, сите ми викаа до 40 дена ќе смени, еве го наредна недела 2 месеци ќе прави страшно неспиење има. Ако поспие преку ден 2-3 дремки од 1 5ч навечер е по 45 минути со страшно плачење цела ноќ. А следниот ден има дремки од 45мин и цел ден вриштење па навечер знае да поспие 1.5ч сврзана дремка. Мислам дека ќе се обраќам по педијатри. Мртви уморни сме дома!
Мајка дали смени ритам или останавте така? Во иста ситуација сме, месец ипол 1 се уби од вриштење за спиење никој и нигде не можеме да го успиеме. Те молам утеши ме дека ќе заврши ова.
Ооо да, се среди. Јас спасот го најдов во прошетки. Секој ден денски спиеше по 2 саати кога ја возев. Наспана дењски, лесно заспиваше навечер. И со тек на време, си фати таков редослед - 2 саати дремка, грубо кажано помеѓу 12 и 16, и редовно заспивање околу 8-8 ипол.
Се надевам дека за скоро ќе фати ред. Дали имате рутина некаква? Да не го мачат грчеви? И дали имаше лесно или тешко породување? Можеби е потемпераментно бебе и тоа се одразува врз спиењето. Прашајте педијатар дали нешто можете да преземете, со капки, чајче, или преку тебе ако го доиш. Масажа, вежби, рутина. Дај боже да смени на подобро. Бебињата преку ноќ менуваат.
И јас почнав да го шетам, некогаш спие некогаш и во количка се буди и вреска, па презаспива. Нема разлика во ноќта ако спие на шетање. На кој месец смени твоето?
Искрено не се сеќавам бидејќи тоа беше пред повеќе од една година, но мислам дека во тек од месец-два. Језда мојата никогаш дењски не спиела многу, од секогаш по само една дремка од по 2-3 саати.
Спиеше по 12 саати, но се будеше на секои 3 саати да пие млеко (на АД беше), ќе го испиеше и продолжуваше да спие. Сега ти ги прочитав мислењата страница уназад, како што сфатив бебуш нема ни 2 месеци, така? Уште е малечко, сигурно плаче и поради грчеви. Можеби како ќерка ми сака во раце да биде држено, мојата се смируваше во раце кога е и тоа да ја држиш и да стоиш, никако седнување. Исто така, ќерка ми од раѓање буквално не сакаше да ја држиш во раце во лежечка позиција (како за нишкање), сакаше да ја држиш исправено, божем гледа наоколу. Бидете трпеливи, сè ќе се среди, многу се малечки уште.
Кога ги спојуваа дремките во едно преспивање? Детево има скок пред проодување изгледа, еден ден спие, едвај ја будиме насабајле, друг со петли е станата (за викенд обавезно), еден ден не може никој да ја успие, друг сама се успива во кола.. ама деновиве се успива покасно, па ми падна на памет да не е време за една дремка? Инаку, утеха од претходното дете, бебе ќе почне да спие кога ќе се расшетате на пролет, ко за инат
И мене и со прво и со второ најтежок дел ми е неспиењето. Баткото до 15 месеци плачеше за цицање на секои 2-3 саати дур ги спиеше 12те саати, т.е. додека јас спиев 2-3 пати ме будеше. Ама во сон цицаше и за 5 минути се презаспивав јас, а он не се будеше. Мислев дека ќе умрам, жива ненаспана бев година ипол со сѐ бременоста. Да се разбереме, јас сум човек на кој му требаат минимум 8-9 саати квалитетен сон да функционира. Пред дете ако не спиев добро ми се случуваше да "дремнам" после работа до следното утро Второво ми покажа дека тоа неспиење со бато било мачкина кашлица: од кога е родена навечер исто не врзува повеќе од 2-3 саати ама плус се буди, па си игра, па ме скубе, цица со саати т.е. џвака брадавица, и оди спиј дур некој ти стиска осетливи делови од телото. Дур бев бремена исто не ми даваше да спијам, шетав како некој манијак низ маало во никое време, а во дневна вртев кругови место да спијам. До денес точно година и пол не сум спиела повеќе од 5-6 саати испрекинати по 5 пати, со по саат два пауза.. не знам искрено како воопшто функционирам. Малово инаку имаше некој зрак дека ќе спие повеќе, 3-4 пати околу 3тиот месец ѝ се случи да преспие по 6 саати ама тогаш пак не спиев од страв да не ѝ се случило нешто што не плаче. Целта на муабетов (дур младата дама се насладува со којзнае која по ред порција млеко) ми е дека штом спанка како мене уште шета по земјава, и решила да има и второ дете, има надеж за сите