Не очекувам бебе од 6+ недели да има некаков ред на спиење ама таман ќе се израдувам дека два три дена со ред се средило спиењето односно сврзува 4-5 часа ноќе, па имаме денови кај што преку ден спие долго и цела ноќ си седиме двете. И така во круг. Останува само да се надевам дека за брзо некој понормален ред ќе фатиме.
Ете вчера си спиела цела ноќ. Колку убавоо Нормално е да нема постојаност во редот, сега тек го фаќа, ама барем ви спие по 4 5 часа. Кажи ми на почетокот како спиеше? Имаше будни цели ноќи? Те прашувам само за увид, дека и бебиња кои преседувале по цела ноќ, потоа и преспивале.
Не знам дали има врска што е прематурно бебе ама од старт си спие многу. Првите недели и по 20+ часа спиеше. Сега некаде можеби 17-18 часа ги спие секако. Е тоа што може поголем дел од денот да го спие, па ноќе да е будна е друга работа. И тоа што јас преку ден не спијам кога таа спие.
Јас ќе се шекнам начисто. Заспа во 8 о пол, за еден сат, точно во 9 и пол почна да се буди, да се тегне, да грофка. Значи ми доаѓа да избегам негде. Најблиску шо избегав е во кујна. Го оставив маж ми со бебе во дневна, пуштив греалка да дува во кујна и седам чекам нервоза да ми помине. Што е ова сега од бебе? Ако 3 сати прво спиење ми беа малку и после одеше сѐ крш, вечерва од старт ја почна со еден час будење. Нема плачки, нема стегање, ете така се разбуди. До кога трае лудилово? Ќе се пореметам скроз. Ме фаќа жичка. Бар да знам дека има крај ова. Што ако вака затера, ако е такво бебе неспособно за спиење, што ќе му правам толку мало? Да му давам понатака вештачко, ќе помогне? @Lina-Detelina вие како сте со спиење? Многу ми е страв да не почне со навика секој сат да се буди. Од друга страна си велам, ама ако пак до пред некој ден можел да спие повеќе, а сега е вака, значи има некоја причина. Џабе веќе сите пресметки ми се, молам Бога да биде подобро наскоро, за да си останам дома.
А проба да го презаспиеш? Шом не плаче не го зимај веднаш, пушти шум гали го лулај го може ќе продолжи. И моето еднаш два пати се буди кога ќе заспие, ама го презаспивам одма и тогаш сврзува околу 3 саати
Се разгрофта и тоа ужасно ме нервира и за да не продолжи одма го зедов во раце. Бев веќе на раб да го треснам искрено. Само што се сталожив да заспијам. А во раце по некое време не му е комотно, се крши се тегне, ко стуткано е. Да најде позиција да седи мирно ајде ок, ама почнува да крева главче да се извива (нема плач, туку како нелагодна позиција, бара да се намести). Значи и кај другите ги презспивате? Па дека почесто кај моево ќе заспиеше и ќе потераше така два три часа, сега ме изнервира. Ме нервира и темницава, ме гуши. Врти го низ раце да се намести, темничана, светло не сакам да палам да не се приразбуди, а не можам да спијам, уф така ми се собира. Ќе морам појако од б6 да земам ноќе.
Речиси секоја вечер се буди така и моето ама после ќе зацврсти. Најди ламба со многу слабо пригушено светло и само тоа пуштај, струја никако. Шум нека си врти цело време, а кога се буди вака појачи го после кога ќе зацврсти намали го. И пробај да издржиш да не го земеш во раце. Мене ова ми успева, а да го земам одма се расонува. Биди трпелива неколку денови вака да сфати дека е време за спиење, а не само за дремка. Тоа уште не знае дека е ноќно спиење тоа, мора некоја рутина да го научиш. Кај мене ова делува. Знам мачно е, стресно многу, ама станува полесно верувај. Издржи
И ние не сме наспани. Минатата ноќ во крило ми спиеше цела ноќ на рака. Се грчеше кај 1, и помина и после цела ноќ не сакаше сама да спие. Денеска поспа 1 саат сама, можеби 2. Другото спиење во раце. Сега ја легнав, само што се намерив да си легнам отвори очи. Ете со татко и се држат.
Дали тие шумиши и како и да се викаа, се корисни? На ум сум да земам, амс скептично некако. Првиот син не сакаше звуци, не палеа кај него, затоа мислам дек е глупост
Зависи до детето, кај моето делуваат и тоа многу. А го изгасам се буди многу често и немирно спие. Јас имам ламба со различни шумови и повеќе бои на светло каде што се намалува и појачува. Спиеме со најнамалено бело светло и тивок шумич, најчесто дожд ама ги менувам. Моето е 16 евра од амазон, ако имаш начин да го порачаш
Фен или правосмукалка, ама на најгласно пуштено кај мене Симни ја baby sleep апликацијата, и пробај од таму кое ќе успее кај вас
И вие сте различни со спиење. А и кај тебе имаше ноќи кога спиеше повеќе, па сега е поинаку. Зборот ми е дека не сум сама, дека и други бебиња се такви. Ми е страв да не му остане во навика, да не е некое ептен терсене бебе. Зашто сѐ уште не знаеме што карактер се. А колку можемд сега да им влијаеме на спиење? Малку. Ама еве и мојов минати дена поОК, последниве дена никако ич. Дали е развој во прашање ќе видиме. Макар што се џари по дома наоколу, изгледа како да разбира, нѐ бара со главата нагоре кога го држиме. Што знам, ако има врска тоа.
Мора да се наспиеш една ноќ да се рестартираш малку. Вечер успиј си го бебето и маж ти после нека дежура, ти оди во друга соба, стави тампони за уши и не мисли на спиење. Само лежи си и ќе дојде сонот. Па на секои 2 часа нека ти го носи маж ти бебето за цицање и ќе си продолжиш да спиеш. Извини ама најдобронамерно, делуваш многу исцрпена и нестабилна.. мислам дека една ноќ да одмориш многу ќе ти смени
Кукличка, здраво како си? Си барав стари мислења со првото дете како било спиењето и го најдов коментаров. Кажи ми во ред ли е да е шарено спиењето кај едномесечно бебе? Еве сега спие веќе 3 часа, заплакуваше, му ставам цуцла и продолжува. Од 10 часот нема цицано, а дома во зградава бучат во друг стан, не се буди. Дали ако спие долго денски, ќе се поремети ноќното? Кога да се фаќа редот, до кога да го чекам? И јас веќе сум испореметена со спиење од што ме сецка навечер и од мисли не можам да заспијам. Не знам дали да земам мелатонин, дијазепам...
Мајки ај хелп. Не знам како да му го поместам спиењето на бебе покасно. Веќе некој период ми заспива во 7ипол, а сега почна и порано. Еве го сега заспа. Пробував да вметнам уште една дремка околу 5-6, ама месец два се мачевме многу да го заспиеме тогаш. Исто да го држам буден, кенкав е плаче, никако не му се погодува, и се откажав го оставав да заспива рано. Ама денес ептен рано почна, ми е страв да не продолжи вака, барем до 8 да издржи. Вака ни е редот на спиење: Станува 6-6ипол, во 8-9 спие 30 минути. Па во 11-12 еден час, и во 3 околу 45 минути. Пробував првата дремка да ја поместам околу 10, ама тогаш тешко заспива едвај успевам да го успијам и се буди по 10-15 минути и цел ден е нервозен кенкав после. Исто проблем е што заспива само со млеко (на адаптирано сме), па се трудам да ги усогласам дремките со времето за јадење. Се буди секоја вечер околу 4ипол-5 за млеко и продолжува па, па кога ќе стане не пие млеко. После пие пак 8-8ипол, па 11-12, па во 3 и следното му е во 6ипол-7 кога заспива. Ај хелп што да направам. Може да ми го кажете редот на спиење и јадење кај 5 месечни бебиња на адаптирано што се