@elenaklasik , јас на YouTube пуштам звуци на фен или правосмукалка и тоа кај нас често е успешно за презаспивање. Пробај и така. Друго прашање имам јас. Кога почнуваат да спијаат децата легнати на тил? Моево си лежи на грбче, а главата редовно и е завртена лево или десно. Дали се корисни перничињата за оформување на главчето или да не земам воопшто? Инаку веќе успева на неколку секунди да го држи главчето исправено кога ја креваме или држиме во раце.
Цела вечер во раце. Ја оставам се буди. Врзана сум врзанаааа. Не можам во вц, не можам да јадам. Се поти и таа во раце и се малтретира. До кога ли вакааа? Бара да цица, ја ставам, цица малку и одбива а и се цица. Уффф
Јас мислам скок е. Дали се тегне многу? Забрзано ставаат тежина и растат. Тоа си оди на сметка на сонот Без разлика што по термин се смета, бебињата се во развој и ние се погодуваме во скокот сега
Бебе е 4+++ ни заврши 4 скок ама спиењето е крш. Преку ден спие само во раце, штом ја спуштиме по неколку минути се буди и после кенкава е дека ненаспана. Навечер исто додека се успие повеќе пати се презаспиваме во раце, и пак на 2,3 саати се буди за цицање и немирно спие. Дајте некој совет ве молам. Ни во количка не заспива и да се шетаме надвор пак кога ќе и се приспие за во раце плаче Пробувам во креветче да ја успивам ама прета се врти превртува, не може да заспие сама.
Мамички здраво. Сакав да ве прашам по колку часа спиеше вашето бебче на почетокот ? Се породив пред два дена, ама воопшто не можам да си го помилувам, цело време само ми спија, по 6 - 7 саати, малку се разбудува за јадење и продолжува, а мене ме фаќаат паники и стравови. Има простор за паника ? Некоја да сподели искуство ? Ви благодарам
Честитки. Да ти е живо и здраво. Тоа уште не знае кај се наоѓа, си мисли у матка е. Буди го на 3 саати за јадење. Мало е многу да спие 6-7 саати. Има ли жолтица? Тоа придонесува за спиење повеќе
Ти благодарам Нема жолтица, ама такво ми е поспано цело време. Ако не го разбудам ќе си спија. А уште немам и млеко салам, па само колострум си цица.
Мајка исти маки тераме ама не знам колкаво е твоето. Моето е родено 37ма недела, 2 месеци сме со некорегирана возраст
Бебево е нецели 5 недели. Овие три дена душа ни вади, воопшто не спие. Ноќеска отспа легнат меѓу две хранења 2 саати до мене, ме држеше за рака и од тогаш навака е буден. Го играв, му правев вежби, се храниме на 3 саати, на ад сме, после секое се пробав, нишкај, лулај, џабе никаде не заспива освен в раце, штом го спуштам се буди и вришти. Јас сакам да го држам за да спие, ама близнаци се и сама сум, другово едвај успеав да го нахранам, па држи двете пошо и тоа вриснува и не знам како веќе, раце и кичма ми паднаа, ни вода сум се напила ни во вц сум била. Сигурно не е нормално толку мал толку време да е буден и вознемирен. Што може да му биде? Утре ќе бараме педијатар матичен, да го види, ама имате некоја идеја што му е или што да направам добредојдена.
Мислам дека најактивна сум на темава ама луѓе ова е неиздржливо. Вчера беше некој за нијанса подобар ден од сите изминати недели и дури се случи во 17ч да спие до 22ч, а требаше да јаде во 19ч. Секако бидејќи не очекував такво нешто не спиев чекав секој момент да стане. Сакав да ве прашам дали ако пак се случи такво некое чудо од врзување без будења дали да го будам за да спие вечерта или нема логика тоа?
Еден месец. Родено исто во 37 +3 Можно е таа развојна фаза во 8ма недела што е. Дали твоето почна да гуга да се смешка? Што прави кога е будно?
Најдобро е да се советоваш со доктор гуднајт. Јас исто немам идеја како е подобро. Можеби теоретски е добро да го разбудиш ама во пракса ... Кажи вечерта како спиеше по дремката?
Еве некое бебе како моето. Од раѓање голем спанко,цицаше заспуваше и така цел ден и ноќ, плус и немаше грчеви, абе да заборавиш дека бебе имаш дома. Ама ова раното станување ме убиваше на почеток. Стварно е напорно секој ден да стануваш во 4/4:30 сатот. На почеток многу се нервирав ама после фативме една рутина. Штом заспиеше навечер тој, за брзо си легнував и јас. Сега е скоро 2год. и уште си станува кај 5-5ипол.
https://www.ringeraja.mk/m/statija/kolku-son-im-treba-na-bebinjata-tabela-za-roditeli_6792.html Еве една табела за спиење. Што мислите ? Едвај чекам бебе да е 3 4 месеци да проретчи дремки. Пишува вкупно 3 до 4 чсса, таман
Јас секој ден се тешам дека ќе смени. Легнувам и јас најкасно во 11 ама пак во 5 е многу рано да се стане. Па уште и 2 години оххх…
Моето бебе пак многу спие, ноќе заспива околу 22-23ч и спие накај 09ч и ја будам. Еве синоќе заспа во 23ч и сеште спие кај и да е треба да ја будам доста и е спиење.