^^ Секаде кажуваат различно, можда во Мкд е така но тука во Америка не е така. Тука додека си во болница одиш и на часови, еден од тие часови се предаваше и за сидс, и ти кажува ризикот ти е сериозен и треба да се внимава до една година. Од 4ти 5 ти се намалува ризикот но сепак треба да се внимава. На првиот преглед на педијатар ми го кажаа истото, значи кажувам она што доктор ми кажал ,јас ова не го измислува а немам никаква корист ни потреба да го измислам.
@eli25 како себе да се читам. Ај си викав забчињата може ја мачат. Излегоа 2 забчиња и пак исто. Порано преку ден заспиваше или цицајќи или ќе ја повозев со количка 5мин. Сега стави ја на цицка вришти, во количка вришти, во раце се тегне. Лудило ме фаќа. Вака преку ден си е мирничка, ама со спиењето маки. Ја оставам на земја, активна е. Навечер станува почесто . На 3 месеци не почуствував скок во развој, ама сега се надевам тоа е. Денеска полни 6 месеци.
Не се чудете. Скоро секое бебе е иста приказна. Ретко кога сум слушнала некое бебе да се раководи по книга. Ептен ретко.. Затоа е бебе. До 3 години немаат "чуство" за поспаност и омалаксаност ноќе како кај возрасен. И ние бевме и сме иста приказна со спиење од сам старт иако бебето ми беше мирно сепак спиење катастрофично и сега и кога се роди. Јас очајна и комлетно сама најдов спасот во звук од фен на апликација. Колку толку подобро е, барем сме посвежи и поодморени ако не друго. Фунционираме. Бебиња. Така растат. Од момент кога се соочуваш со мајчинство повеќе се нема живот и сон како претходно, нормално. Јас дури и се навикнав без проблем и поспаност да станувам било кое време нокеска и да нишам. Навика и љубов. Човек на се се навикнува.
И јас сама се чудам како не ми смета неспиење. Некако психички спремна влегов во оваа фаза . Мајчинството е чудо.
Маж ми точно 1 месец немаше спиено повеќе од 2 часа бидејки му кажувал негов близок пријател дека новородено бебе може да се не дај боже угуши од чистење од плодова вода и немаше никакви шанси да го натерам да спие цела ноќ. Седеше цела ноќ и бдееше над син ни. Јас на сем почеток немав спиено точно 6 дена и тоа е едно мое многу лошо искуство кога организмот ти влегува во халуцинации и флешови. Не дај боже на друг. За ова не сакам ни да се потсекам. После почнав со по 2 3 часа, и не дека не беше тешко ама лека полека се навикнав да фунционирам и без сон воопшто со оглед на тоа што син ми се буди 12 месеци редовно и тешко спие. Најубаво ми е раноутринското кафе со ран знак на сонце, тогаш ми се чини дека светов е мој од убавини после одспиени 2 часа асално. Нашава работа е 1 ден спие 3 дена не спие. Сега почнав да го оставам нокеска во креветче сам да се успие ама тешко оди со оглед на тоа дека се исправа и се дере на сет глас додека не го земам. Солзи крокодилски - на. Тоа е. Деца. Не е лесно ич ама пак љубовта е таа и што е тука љубовта е таа што те бодри и теши во секој најлош период и момент.
Ко себеси да се читам. Еве веќе пола саат спие во креветче. Од втора. Страв ми е очи да затворам, осеќам одма ќе стане. Ко за беља "пет банки" ми се отворени очиве, ко да не ми се спие, а колку сум само изморена.. За спиење на мене, преку ден една партија обавезно. Ѕверка е, ама ја сакам.
Моево сега сака во раце да заспива и таман ќе го ставам во креветче се буди. Па го кревам, го презаспивам и пак, 2-3 пати обавезно. Е после спие 3-4 сати, првото спиење му е подолго, па преку ноќ на 3 сати за јадење, обавезно 3 пати со викање дури не добие млеко. Пред неколку дена таман заспа, после 1 сат се разбуди со вриштење со сета сила, ко нешто да се има исплашено и едвај се смири, цели 5 мин плачеше. А баш тој ден цело време беше весел, гугаше, се смееше со сите, не знам зошто така наеднаш почна со плачење. Во главно мирен е барем засега, нормално ко секое бебе си има некои промени ама то е, ќе се издржи некако и со помалку спиење.
Isto.Od zbor do zbor ko jas da sum pisala.Kaj nas veke se toa pomina.Mojava devojka spie po 4,5pati vo denot.Eve denes dva pati poveke od saat spiese.U krevetce.Drugite pati se po pola sat.Cesto i vo race.Navecer voopsto ne se budi.Neli devojka vekeDenes stana duri vo 9.Eh uste kolku ke menuvaat.Da se naoruzame so trpenie.Samo toa e spasot.Jas bev veke na rab na ludilo.Usta ne zatvarase.I den i nok
Како јас да пишувам. Веќе 1 недела заспиваме преку ден така. Вриштење ужас. Ќе рече некој што му правам на детево. Оддеднаш смени. Што ќе се прави незнам. Почнав да ја оставам додека не почнат ептен да и паѓа главчето и очите да и се затвараат . Друго се пробав. Абе солзи плачење тегнење ...
Сакам да прашам дали некој има слично искуство ,моето синче 6+ веќе ,2-3 месеци му е катастрофа ноќното спиење ,најмногу сврзува сон 2 саати повеќе не ,некогаш се буди дури и на пола саат -саат и цело време бара да цица само така се смирува .Ако го земам го нишкам со нишкање не се смирува продолжува да кенка дури може и да се расплаче ,а ако го кренам во раце се расонува и си седи по неколку саати будно насмеано сака да си игра . За гладен сигурно не е затоа што убаво си напредува .Си викав ај да не го мачи нешто си помислив да не се забчиња пошто се става во уста глодалките дури шкрипат кога ги глода ама ова трае веќе долго време ,а јас стварно сум хронично ненаспана и уморна .Имате ли некој совет нешто да ми дадете ?
Истото буквално и син ми го правеше во 6тиот месец па се до 7 ми месец ќе паднев во несвест за спиење али накверојатно им е некој таков лош период, па еве го сеа се утепува од спиење преку ден обавезно 2пати и навечер убаво спие несе буди како што се будеше па и јас можам повеќе да одморам, издржи период е ќе помине
Исто како за керка ми да зборуваш и јас ке припаднев за спиење овој шестри месец, имав прашувано и претходно, ама последните неколку дена има две дневни дремки во 12 и 16 и за спиење се спремаме само што ке дојде 20 часот. Мама и тато срекни, со серија и мир малку во куќа
Се надевам дека ќе смени ,искрено до 3 месец негде ,толку беше мирен си спиеше и преку ден и ноќе ,ноќно време се будеше само два пати за цицање и си продолжуваше ,ама сега некако не се издржува ,ај си реков недела две ќе помине ама ова трае веќе два месеци скоро ако не и повеќе ,веќе престанав да бројам .За преку ден јас немам проблем си спие има отприлика три дремки од кој 2 му се по пола саат,а третата варира различно некој пат е пола саат ,некој пат еден саат а некој пат по 2 -2ипол саати различно е секој ден .
Не е нормално не спиењево на моево бебе. Еве ме плачам, само што му се развикав ама неподносливо е. Срце ми се кине што викнав. Кенка и се расплакува на секои 15минути последниов саат. Сака да гп нишкам низ соба за да презаспие. После 15мин иста песна. Вчера заспа во 11. На секој мој обид за порано плаче. Го носам во спална и плаче. Знае дека треба да спие. Кое бебе спие пд 11-8?? И при тоа станува де за цицање де за нишкање. Ме јаде страв дека не треба така и не е здраво, на страна тоа што сум жива ненаспана. Нема поврзано повеќе пд 3 саати, а сега и за нив се молам...ова трае веќе месец. Еве го насмеан гуга до мене...преку ден иста песна. Нервозен е , трие очи, му се спие а плаче кога се трудам да го заспијам. Не спие повеќе од пола саат ни преку ден ако успеам да го заспијам(вака два три пати)....бели звуци не ни се од корист...имам пробано...не знам веќе што да правам
Исто е и кај нас ,разликата е што ние понекогаш заспиваме во 10 навечер спие до 12 и после почнува хоророт почнува да кенка да плаче на секој пола саат ,саат максимум сврзува 2 саати се нишаме пееме ништо не помага заспива само кога ќе му дадам да цица .Преку ден спие два три пати по пола саат е сега некогаш едната дремка од тие три знае да му е и подолга саат два ама тоа никогаш неможе да се предвиди .Вчера баш го прашав и педијатарот ми рече дека не е гладен сигурно затоа што убаво напредува ,најверојатно се работи за некој период ама периодов трае два три месеци јас сум хронично ненаспана .Јас се тешам дека кога ќе извади забче ќе смени се си мислам дека тоа го мачи ,ама колку што се сеќавам твоето има две забчиња веќе ,незнам ни јас веќе што да правам и како да му помогнам
Што да кажам, едно исто повторувам Таман да пишам, мислејќи дека само моето дете не спие, само јас имам мака, ве прочитав и сега не знам дали да плачам дали да се смеам Најмногу се пронајдов во постот на @vitamina и на @Igle па и на @elcezelce ... во сите бре! Луѓе, мајки, ми се чини децата на сите околу мене спијат, само моето не. Ааа мојата цела ноќ ја преспива.. а од 8 до 8 спие моето... не, не какво станување, дали еднаш се буди и одма продолжува... јас го пресоблекувам во 11 му давам да цица и продолжува... ПРОДОЛЖУВА? Мојата ако ја разбудам толку ќе ми биде, јас се трудам да бидам максимално тивка, уште да не дишам ми преостанува. Не знам што да кажам, не спие ноќе. За дење се навикнав и се помирив. Спие како што пишавте неколку пати по максимум пола саат и толку. Ноќе не спие, заспива во 8 ипол 9 и секоја вечер се буди во различно време! Можно ли е, нормално ли е? Еднаш во 12 па во 1, па друга вечер во 2, некогаш и во 11. Прета цело време, се фаќа со рачињата, ја врти главата, сабајле цела коса и е оставена на постелнината. Пробам и помалку облечена, и со ќебе и јорганче тенко и само со јорганче и со дебели и со тенки пижами, ни ладно ни топло. Каде грешам? Секоја ноќ истото прашање додека бдеам над неа и ја нишкам. Каде грешам? Некогаш се буди на пола саат-саат како синоќа, цело време нишкај, некогаш и плаче, некогаш само се буди си гледа, а најчесто немирно спие, мрда, прета, лево десно, лево десно.. Грчеви јаки немавме никогаш, ама не кака многу често, еднаш два пати, или цел ден нема да се искака, и еднаш квалитетно и толку. Ноќе многу често кога така прета, ги крева ножињата и прди, некогаш и кака ноќе. Можно ли е поради тоа да не спие? Да ја мачи мешето? Ама уште малку 4м сме зар не би требало тоа да е веќе регулирано, иако никаков пробиотик не пие. Ниту чај ни вода. Само цица. Дење не ми е проблем што не спие, ајде и ноќе ќе бдеам, мајка сум, ќе издржам, ама за детево, зошто така немирно спие, што му е, што го мачи? И често од околината добивам еден ист совет. Да и давам навечер дохрана, ад. Дека не спие, затоа што млекото не ја најадува. Дека затоа се буди, малку и е. Ама како е можно, кога супер напредува машала. Цица дење на два, некогаш на три часа, никогаш скоро не плаче дека е гладна, ќе закенка или поминало доста време па јас ќе ја понудам. Можно ли е тоа да е навистина проблем па затоа да се буди цела ноќ? Ми снемуваат одговори... Сакам да спијам, ама повеќе сакам и детево да ми спие мирно и да не се мачи.
@Вереничка како што опишуваш за ноџињата, гасовите тоа се грчеви, давај пробиотик, капки некои, топло на мешето ставај, нема некои одредени правила до кога траат, викаат до 3ти, па до 4ти се намалуваат и изчезнуваат, ама ништо не е по книга нели..
И јас мисл дека ја мачи мешето затоа така ти праве .. давај и пробиотик , чајче , топло ставај и на меше преку исхрана и течности пиј ти чаеви нешто што би и делувале. камилица мн ги смирува пиј ти ако несакаш на неа да и даваш , ама зошто и да не и дадиш било какво чајче .. Биди смирена сето тоа влијае и кај неа се ќе помине период е , не се вофи по тоа некој кажал 4м и нема грчеви не е точно , нема правила во нив ..