Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.255
    Пол:
    Женски
    Колкаво е веќе твоето мама?
    Мојов малечок уште, 7 недели скоро, сеа на мисла ми е да не спие многу, да не му фали млеко плус (facepalm)
    на ад е
     
  2. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Сега сме 10та недела. Ама и мојава во 7,8 недела така спиеше.
    Како и да е, дали повиена или не, мојата се буди за цицање. Кога им се јаде ќе се разбудат.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    Мојот цицољуб веќе 9м. константно се буди навечер на 20-40мин. Ќе ме цицне и продолжува да спие. Гледав разни тренинзи за бебе ама никако не можам да се натерам да почнам. Чекав 9м. и сè е исто, а при крај сум со одморот и кога ќе тргам на работа знам дека нема да можам да функционирам. Има(ла) ли некој сличен случај дали само од себе се средило спиењето?
     
  4. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација, само моето е 7 месеци. Се помирив дека нема друг начин, освен тренинг, зашто веќе му е навика, се буди од навика, заспива со цице во уста од навика. Спие залепен до мене во брачен, татко му во друга соба, од страв од задушување ако е помеѓу нас. Не смеам да станам во вц, одма се буди, ко да има сензор што му титка кога ќе станам. Мене ми е кристално јасно дека само од себе нема да се среди. Сите ни викаат да не завлекуваме премногу, туку што поскоро да почнеме зашто колку е постаро, толку ќе биде потешко.

    Оптимистично е што вакви методи на спиење стварно даваат резултати, само треба да се решиш и да си истраен кога ќе почнеш. Кон крајов на месецов имаме едно патување и да помине тоа уплаќам програма и ќе почнеме. Септември се враќам на работа и не можам да замислам вака да биде и тогаш.

     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    Доста читав за програмите за спиење, до 12м. најдобар е Chair Method. Ама не знам ни него дали ќе го издржам, ептен сум мекуш кога плаче. Тие со cry it out не доаѓаат во предвид. Всушност моето има проблем со премин од еден циклус во друг, 45мин. не може никако да ги поврзе и му треба помош. Со тренинг освен да го оставам да плаче и да бидам покрај него нема друго решение. Пробав со No cry Method за преку ден, тоа е да го нишкаш па така и си се навикна. До никаде не сум со спиењето, никаков напредок 9м.:doh:

    Ако има уште некоја мајка слично искуство ја замолувам да сподели, се ми е од помош.
     
  6. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Па да, тоа е главно проблемот, премин од еден циклус на спиење во друг без будење, од таму и навиката со секое ново будење да презаспива на цицка. Кај нашето е проблем што ни со нишкање не успеваме да презаспие, првото заспивање се успива додуша со нишкање, ама секое наредно мора да е на цицка, дури и да презаспие во раце, со самото спуштање на кревет одма се буди и бара да се закачи.

    Верувај дека и јас имам се пробано, и се исчитано, еден куп видеа изгледано, ништо до сега не помогнало, единствен начин е да пробаме уште CIO метод, токму поради тоа што е најдрастичен, но дава и најголеми резултати. Не знам ни јас како ќе го издржам, но затоа ќе уплатам професионална програма, која има постојана онлајн поддршка и совети во текот на целиот процес, да ми биде од помош и да можам да истраам. Сакам и јас да слушнам од некоја мајка како некое бебе магично почнало да спие, ама како поминува времето сфаќам дека моево е такво и дека му треба помош. Инаку во моја околина, блиски постигнаа многу добри резултати со Фербер, од бебе што се будеше на пола саат до 40 мин без исклучок секоја вечер, за една недела стана бебе што спие 11+ часа без да се разбуди.

     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.840
    Допаѓања:
    23.657
    Пол:
    Женски
    Јас :D моето го одбив на 14 месеци поради здравствени проблеми, потоа в раце го заспивавме до 2 год и поќе, ужас беше заспивањето, тежок, 14кг на година имаше, млеко никакво не пиеше и само со нишање и песни/приказни заспиваше. Прв пат ја преспа цела ноќ на 2 и пол години :smirk: ама мене еве и ден денес ме мачи несоница :worried: и така дури сега се одлучивме за др бебе :angel: после 4 год. Се надевам ова малку ќе ме поштеди :D ама полошо неможе да биде.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    4.019
    Пол:
    Женски
    Големото дете ми се будеше на секои 40 минути. И тоа траеше од 4 месец до 8 месец. Значи хронично бев ненаспана. На доење и ние бевме. Видов не видов дека треба да тргнам на работа и почнав со тренинг . Одкако ќе си ја изедеше вечерата по 20 минути го ставав во креветче на стомак и го тапшав по грбчето. Беше борба 40 минути додека да заспие . Знаеше и да плаче и да урла ама бев до него . Кога почнуваше силно да плаче го земав зошто не можев да издржам да го слушам жал ми беше. Одкако ќе се смиреше го спуштав во креветче и пак го тапкав. Ова траеше 2 недели додека да се научи да спие сам. Во меѓувреме ми секна млекото одеднаш немав веќе и престанав да го дојам и не се будеше за цицање.
    И најбитно од се гледајте до 20 часот да се во кревет. После тоа ќе се навикнат така да спијат и ќе немате гајле.
    Пробајте вака може ќе ви успее само треба истрајност :) .
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Друштво, плс една консултација со тие што сте имале проблем за спиење а сте го надминале веќе.
    Не можам периодов многу да се пожалам за неспиење на беблациве, ама сакам да го доведеме во ред и како правило.
    Заспиваат околу 19:30. Макс до 20 часот. Јас сакав да го бутнам терминот во 20 часот да легнуваат, дека иде лето, уште е светло надвор, ама засега неуспешно, почесто не можат да издржат до 20х. Имаат 7ипол месеци.

    Навечер даваме млеко Ад пред спиење, често заспиваат со млекото па ги ставам во креветче, ама некогаш и ги легнувам, па имаат фаза на гугање, па ко ќе не можат да заспијат кенкање, па земање во раце...тапкање по газето...настрана вртење... зборување, зависи колку се опуштени така и се однесувам.

    Прашањата ми се следни:
    1. Заспиваат со цуцла. Е сега, ноќе се будат само прикенкуваат, тогаш најчесто се подразбудуваат и бараат цуцла пошто им паднала, станувам само ќе им ја дадам и продолжуваат, или ќе го свртам едниот настрана, два пати тапкање по газето и продолжува. Ама ова се случува во ноќта 5-6 пати (ако не и повеќе). Дали ова значи дека ја преспивање ноќта или имаме уште работа?

    2. Дали преку ден затемнувате просторија за спиење? Претходно спиеја на светло во дневна, ама почнаа со рачињата да ги кријат очињата и почнавме во спална да ги носиме во креветчиња и на потемно. Се научија во креветчиња, ама тука имаме повеќе нишкање за заспивање отколку навечер. Како успевате да ги заспивате преку ден, полесно? Кај мене, пошто најчесто сум сама со двајцата, и олеснителна околност засега е што едниот е помирен и помирно лежи во креветче, чека да го успијам братчето, па да го земам него. Ама никако да заспијат само ако им зборувам, читам, пејам...

    3. Како се третира цуцлата во програмиве за спиењњ. Како да се одвикнат од цуцла за да не ја бараат ноќе кога ќе се подразбудат, да можат сами да продолжат да спијат...?

    4. Од 8 или од 9 месеци де веќе по две дремка во денот?

    Фала ви
     
  10. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    848
    Бебуш мој има 4 месеци и секоја вечер се буди на саат ипол два, цицнува малку и си продолжува. Пробав да му дадам цуцла или да го понишкам у креветчето ама никако не продолжува освен да цица. Инаку не плаче не се разбудува скроз, го осеќам кога ќе почне да се буди ќе запрета со рачиња ножиња, го зимам да руча и си продолжува, ама некогаш мрда, па додека зацврсти, пак дошло време за цицање... Е ама јас сум жива ненаспана. Преку ден има кратки дремки пола саат 45 мин, освен ако не сме излезени надвор па да поспие саат два. Некој совет за што да се проба навечер за да почне да сврзува барем 3 саати сон? Пробав со АД млеко и спиеше 3 саати две вечери по ред ама му направи запек и баталив, не пробав со друго млеко...
     
  11. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    5.475
    Таман е, се буди согласно возраста (практично не се ни буди). Како што ќе расте така ќе сврзува повеќе. Исто и за преку ден, не е уморен и не му треба подолга дремка, ко ќе почне да лази, игра, оди, ќе спие повеќе. За навечер не трчај да го земеш одма штом промрда, може е во активна фаза од спиење и ќе презаспие цврсто.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Моето бебе уште откако се вративме од болница спие цела вечер. Првиот месец ја будев на секои 4ч да пие млеко па, престанав откако ми кажа педијатарот да не ја будам. Сега има 6 и пол ноќе спие од 20.30ч до 7.30-8ч. Дење не спие многу, 2-3 пати по 30мин максимум. Кога е будна сака цело време да е со мене. Морам да ја носам на мене дури готвам или метам, сака да игра само јас ако сум во близина. :sweat: Има скоро 7кг ме болат колената и грбот. ;(:D
     
  13. Eellyy

    Eellyy Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Бебуш има 2месеци навечер заспива многу касно 12h-1 не наоѓа,се буди некаде околу 9-10 и преку ден си спие, до 5ч е последна денска дремка и теќрае околу саат саат ипол…
    дали е рано да се почнува со тренинг за спиење или не помага и тоа за да си легнува порано барем кај 8-9
     
  14. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Како успевате да ги заспиете во 19, 20 часот ? Бебе е месец ипол и одкако излеговме од болница само си стави некој ред не заспива пред 21, односно 21:30 или 22:00 најкасно. Сум пробала да го легнувам порано и само се мачиме двајцата никако не заспива.
     
  15. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    @Nala37 и јас сакав порано да си легнува. Мојата е 6 недели. На др. Гуднајт што читав нормално е во овој период тоа време да легнуваат. После тоа се поместува. Мојата спие до 9 а легнува окплу 21:30, 22. Сега сакам да поместам стснување во 8 а пред 21 да ја легнам, ама ќе видиме како ќе е. Може и да и е рано.
     

    Прикачени фајлови:

    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Бебе си легнуваше околу 22-23ч на почеток и спиеше до сабајле без будење. Постепено ја легнував 20-30 мин порано и од 4 месеци си легнува околу 20.30ч.
     
    На Nala37, Thinkerbell. и Eellyy им се допаѓа ова.
  17. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    Малечко е...јас на моето ред за спиење му воведов на 7 месеци навечер,..претходно спиеше кога сакаше по колку сакаше...дневните дремки му се регулираа после 4-5 месеци ама навечер легнуваше во 8,9 и пак стануваше на секој два сати за јадење..за мене тоа не е ред, кога јас не можам да си легнам...кога почна по повеќе да спие од 8 месеци, тогаш почна во 10 да заспива и тогаш јас сметам дека веќе имаше некој ред за заспивање, па кога почнав на работа сфатив дека 10 мене ми е касно, дека немам време ништо да сработам па му го поместив во 9 и еве го веќе две години има во 9 легнува и спие...зависи од твојата динамика на живеење...моето е родено на зима, и веќе на 6 месеци почна летото, не сакав да сум врзана за дома во 8 сатот и си го оставав само да темпира, а плус ми беше што спиеше во количка и таа година се изнашетав ама така мене ми одговараше...јас мислам дека е мало за некаков ред
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Не ја следам Др.Гуднајт но добра информација е ова. На почеток и бебе спиеше до 8, но веќе 10 тина дена се буди нешто порано, околу 7:30. Преку ден спие кога дака колку сака, некогаш ич ако не ги бројам дремките на цице кои се и те како чести :D
    @Winterborn77
    @doubleinfinity
    Јас до 23:00 легнувам вообичаено па ова темпо на заспивање не ми одговара ни мене а и за мало бебе е доцна. Првото дете ми спие најдоцна до 9 и тоа сега кога е веќе голема. До пред да оди во училиште спиеше најдоцна до 8:30. Но никако ме памтам дали јас и го направив тој ред и како или сама си го направи. Тогаш немав други обврски и многу читав книги поврзани со растот на бебињата/децата па може и јас сум и направила ред но сега имам дупка во секавање а немам толку време за читање.

    Кога веќе пишувам во темава, бебево ми спие цела ноќ на рака, лева или десна. Како цица така останува бидејќи јас сум комирана а тој ако го лњгнам во креветче или ако го одлепам од мене одма осеќа и се буди. Не е убаво ич за него треба да спие на тврдо и исправен а не како кифла ама што да правам треба цела ноќ да го ставам и зимам од креветче. Цица на саат саат ипол:whew:заморот си го прави своето:tmi:
     
    Последна измена: 2 мај 2023
  19. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друг момент кога имаш и друго детенце па толку слобода немаш, ама сепак јас мислам дека е малечко за ред на месец и пол...ти можеш да следиш прозори на будност, денски да го оставаш во светла просторија да спие, навечер да го легнуваш во темна па со тек на време ќе си фати ред...види кај др гуд најт на колку време треба да се дремките и следи го тоа темпо
     
  20. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како следите прозорина будност кај волку мало бебе. Тоа нема никаков ред ни преку ден. Има денови кога ги преспива, има денови како вчера цел ден неспиен нервозен и плачеше. Надвор спие обично, го извадив со цел да заспие, возев количка саат ипол и не заспа. Плачеше на 15 минути па бркав клупи за да цица, ќе замижи штом го вратев на клупа ококоруваше очи8-|