Епа затоа ти велам дека е мало за ред..или го оставаш да спие кога сака каде сака или од последното станување броиш пример 45 мин (карикирам нзн колку е прозорец на будност на бебе од месец дена) и после пробуваш да го презаспиваш и да не покажува значи на умор...и навечер исто не оставаш да дреми во 8 туку ако сакаш да му почне ноќното спиење тогаш го легнуваш во темна просторија и нема ни играње ни зборување ни ништо..земаш цица/пие млеко враќаш, назад во кревет или до тебе сеедно како ви одговара
Ти благодарам. Нека порасне уште малку па ќе пробаме да воведеме ред. До тогаш ќе фатам пак да читнам нешто, ќе ми де врати секавањето валда .
Можеби зависи до бебето, а месец и пол вистина е многу мало не прави разлика помеѓу ден и ноќ. Јас не доев, пие ад млеко можеби затоа беше малку полесно да воспоставам рутина. На 1 месец само дење пиеше млеко по 5 пати по 120мл на секои 3 часа како аларм и толку. На вечер ја ставам во креветчето полузаспана, исклучувам струја и тоа е. Правев слично како што кажа doubleinfinity за "wake windows", ѝ требаше неколку месеци за да се навики и постепено ја легнував 10/20/30 мин порано.
Добро ме потсети, првото ми беше на цицање плус АД. Полузаспана ја легнував во креветче, пиеше шише и така заспиваше. Исто, преку ден на 3 саата прво цице па АД. Затоа ми беше полесно. Ова со доењево научна фантастика ми е . Како што вилате мало е, но не верувам дека ова бебе некогаш ќе цица на 2-3 саата и ќе биде сито. Спие со цице во уста, мн е смешен, во сон лапа цице цицнува 2 пати да се увери дека е тука па ја пушта ама мора да му е тука во близина потпрен на нејзе
Бебе 6+++ во спиење се превртува на стомаче и се буди па мора да се презаспиваме. Додека се успие ја нишкаме, ќе ја легнеме и за кратко пак се буди, и така во круг со саати. И преку ноќ на саат, два се буди и најчесто со цицање презаспива. Како да и помогнам имате некој совет? Живи ненаспани сме, од 4ти месец немам врзано повеќе од два саати сон
Исти сме. Кога ќе се преврти се заигрува и се расонува, а јас тогаш не го осеќам и едвај презаспива по саат-два Кога ќе ми текне дека се мислев зошто не се врти уште ми иде бокс да си удрам. Немам совет, само да се пожалам и јас. Ваљда период е и ќе помине
Се надевам ќе помине, не се трпи ова од 8 до сега пет пати се презаспиваме, осеќам ќе си дежурам да спие во раце. Твоето се врти ли на двете страни? Моево само од грб на стомаче одамна, а обратно се сврте два пати и толку, заборави.
И моето само од грб на стомак. Овие два дена пробува и обратно ама не успева и се нервира. Мислам дека и да е ќе успее и тогаш се надевам ќе се среди спиењето кога ќе знае сам да си се врати назад. Вечерва е добар не се свртел уште се надевам вака ќе остане. До вчера беше хаос, макс саат сврзуваше. Се мислам да го зимам со мене на спална да спие, ама па страв ми е да не се навикне после така
Ние скоро два месеци веќе спиеме на спална заедно, премногу се буди и се откажав, а што убаво си спиеше во креветче со саати кога беше помало. Не помага тоа што е со нас во однос на вртење и будење, само мене ми е полесно, инаку страв ми беше да не ми падне од раце така утепана кога ја земам, како што мрда и се тегне.
Мајки преку ден активно вежбајте ја на подлога вештината што пробува да ја прави во спиење. Моето (9м) на 2 часа се будеше цела ноќ, запчиња не се. Вчера го оставив некој саат со баба и дедо после долго време, па се си мислам се будеше да пеовери дали сум тука. Има логика?
Мајки, едниов близнак веќе подолго време еден саат пред официјално да се разбуди наутро, си плачка така како во бунило. Околу 6 стануваат, а тој веќе од 5 саатот гмечи уште неразбуден како да го мачи нешто...како да сонува ...не знам ни како да објаснам. Сега направија 8 месеци (родени во 8ми месец). Ноќе генерално добро спие, може неколку пати да се разбуди ама главно му е паднато цуцлето, па одма продолжува. Ама наутро се мачиме. Ако го разбудам да се освести каде е, може веднаш и да се смее, да гуга. Ама рано е во 5 да го будам да се освести... го нишкам и се надевам да презаспие. Си легнуваат 19:30 - 20h max . Во 6 да стануваат ми е оптимално..ама ова мачењето уште од 5, не знам на што се должи... Ноќе не пие млеко, на заспивање, и околу 6 ко ќе се разбудат. Сме пробале и во 5 да даваме млеко..ама не е дека е гладен..може два пати да пивне, и да батали... Некакви искуства, како да си помогнеме? Регресијата за спиење како точно изгледа? Според wonder weeks не сме во скок...
Од колку месеци е ок да преспива цела ноќ? Заспива во 9-9ипол, станува сабајле во 5-6-7, кога како ќе му текне, а цела ноќ ја спие. Напредува во кг, преку ден има таман прозори на будност Треба да го будам ноќе да пие уште едно млеко или не? Ќе ми се мавне ли од глава регресијата во 4ти месец оти сега спие?
Мене ми беше кажано ако спие да не ја будам, па престанав уште кога имаше 1 месец, добро напредуваше. За некој ден ќе полни 7 месеци и сѐ уште спие навечер, не се буди. После 4ти месец почна денски да спие помалку, сега има 2-3 дремки од по 30 мин.
Здраво мајки, помош! 7+ сме. Се мачам да му одржувам некој ред, да легне порано, ама мм е со смени, па и кога е дома најчесто не е дома! Беспомошна сум, значи од 24 часа-20 може сум сама ако не и повеќе, ќе полудам веќе. Само штом ќе го заспијам, мм ќе дојде и прави врева, па бебуш се буди, а тој ќе си легне и си 'рчи, па ајде јас пак од почеток, ама веќе немам сила. Имам неколку методи на заспивање, ама некогаш ниту еден не помага. Дали детето е толку чувствително, или што е не знам. Сакам да ве прашам, звуци на фен, правосмукалка, или white noiseѕ дали ги оставате цело време или само додека заспијат? Сум пробала, ама на кратко и не помогнале, можеби треба подолго... плус долго време само што сум го заспала, ете го се свртел на стомак и плаче, го учам денски да го сврти главчето и на страна да спие, за навечер божем да се снајде ама неее.. сега му растат 2 запчиња, ама не е до тоа, значи месеци се ова, реткоооо да врзе 4-5, премногу сум уморна
Ние спиевме по цели ноќи со звук од фен. Немавме друг избор, некогаш случајно ако се исклучеше телефонот, после 15-20 минути се будеше и толку од спиењето.
Здраво Ве молам за помош Се работи за близнаци машки никако не можиме ред да фатиме со спиење Моментално имаат 15 месеци ама се предвремено родени во 32 г.н како да се водам со прозорците на будност, колку дремки треба да имаат во текоѕ на денот? Веќе психички ми влијае ова неспиење И дали може некој да ми пресмета дали се во скок на развој Требаше да се родат 23 мај а родени се 30 март 2022 Ви благодарам
Овој период битребало да имаат една или две дремки, ние со постариот синко овој период ги кратевме поточно во градинка спиеше еднаш а за викенди два пати. Кога беше со две дремки денот беше отприлика 7ч станати, прва дремка 10:30,11ч втора дремка 14:30,15ч и легнување во 20ч ( дремките беа +/- еден саат) а кога имавме една дремка дур да се адаптираме заспиваше во 19:30ч, после тоа почна една дремка во 12ч (околу саат ипол) и заспивање во 20ч. Во однос на скоковите ако може некој друг да пресмета во моментов не ми ја дава опцијата да додадам уште едно дете.
Дечки, да ви пишам искуство мое со Др. Гуднајт зашто гледам неколку членки прашуваат но ретко кој оди на нареден чекор, претпоставувам прво од финансиски аспект, затоа што е скапо - 3000 ден. е консултација од 45 мин. Значи, бебето има 7 месеци, често се буди и презаспиваше со вртење кругови во количка низ стан и решив да го сменам тоа. Разговорот помина во објаснување за дневни дремки, ми направи еден распоред до кој треба да се држиме, да пратиме прозори на будност и ми напомена да не почнуваме со ноќен тренинг додека не се средат дневните дремки. За ноќното спиење ми даде само штури, нецелосни информации (отпосле тоа го заклучив): да влеземе кога ќе плаче, да не ја креваме во раце, да не збориме и да ја тапкаме или нишкаме по газето. Во ред. Синоќа беше фамозната трета ноќ, и последна, кајшто бебево ми липаше, и од немоќ почнав да плачам и јас. 2ч. беше будна, па откако се смири, си гугаше, преткаше, креваше ноџиња, но цело време бев покрај неа за да ја презаспијам. Ја заспав едвај во 3ч. и седнав да читам на форумов искуства, и тие што се 2-3 се поделени. И така читајќи, дојдов до едни табели на Фербер за тоа на колку минути се влегува и колку се седи со бебето пред да се излезе. Зошто Сања не ми го кажа тоа, не знам, но ако каже се', како ќе закажеш уште една консултација, така? Сабајлето се разбудив жолта во лице, ко да ме исфрлила поплава. Решив да се јавам кај една психијатарка што ја знам, да видам што ќе ми каже за методот, кој бтв е тој на Фербер, иако Сања не го кажува тоа на консултацијата. Докторкава ми рече дека е премногу мало бебето за вакво нешто, и' треба наша утеха, топлина, поврзување. Јас тука престанувам со овој метод. Кој има душа и храброст да го гледа и слуша бебето кајшто липа без да го земе в раце, слободно - јас не сум таа. П.с. дали ја препорачувам Сања? -Не. Книгата на Фербер е некои десетина долари. Ако не ви се читаат 300+ страни, изгуглајте само richard ferber method и во слики ќе ги најдете табелите со времетраењето на тие check-ins. Јас не верувам дека некој завршил работа со само една коснултација. Да не зборам дека сведоштвата на нејзината страна се како еден ист човек да ги пишувал, сите истиот тек го имаат, бар така мене ми делува. Нејсе, да не се разбереме погрешно, ова е мое искуство, мое мислење. Не ми е криво за парите, криво ми е што си го мачам бебето, без притоа да се објасни што може да се очекува од една консултација и дека има шанси и за втора итн. И на крај, кога ја прашав дали може да ја контактирам ако имам некое прашање, ми одговори: ако е нешто ситно, може, на инстаграм. Во ред, реков и толку беше. Поздрав и со лесно на сите.