Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Јас стварно не знам кај толку грешам со спиењето на моево бебе. 9 месеци е уште се буди на саат, два ноќе, сега ново и е што не презаспива секогаш туку почна и да седи будна ноќе со саати. Смачено ми е веќе, на работа ќе тргнам како ќе функционирам вака не ми е јасно. Преку ден секој ден различно, има 2 до 3 дремки зависи колку се долги. И тогаш најчесто мора да ја презаспивам за да дремне повеќе од пола саат.
    Јас разбирам да се буди и два, три пати ноќе ама ова е лудило, само моето ли е вакво?
     
  2. meelitsah

    meelitsah Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Има ли искуство некој со др.Гуднајт?
    Имам близнаци, има ли реална шанса да ги синхронизира да спијат во исто време денски и да заспиваат сами без шише? Многу ми е некако нереално тоа што го нуди, ако има некој било какво искуство нека каже.
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    И моево се буди често. Некогаш цела ноќ 3 пати но почесто тоа е на 2 часа. Во 9 заспива веќе во 23 и нешто е буден. Преку ден иако има долги дремќи дур да зацврсти сонот се буди 2-3 пати. Првото дете беше на АД па де будеше исто вака често, кога порасна веќе не ка хранев навечер па пак се будеше, до 4 години. Ова цица. Се помирив дека такви ми се децата. Напорно е знам и јас се прашувам некогаш кај грешам и барам решение. Ова па од 5:30-6:00 до 7:00 кога и се буди, е како црв, само мрда, на цице е цело време. Тоа е ќе издржиме и ќе се надеваме дека ќе сменат :)
     
    На Jana7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Има надеж. Мојот така беше до кај 4месеци. Сега сврзува најчесто до 1-2 прво спиење иако еден период и до 4му беше прво станување за цице. Ама секако припишувам на жешково, а и мене би ми било шубе да не цица цела ноќ со оглед на тоа колку е претопло кај нас. А мојов тоа мрдање ко црвец го активира во 4:30 и само во раце или на цице дреме, до конечно станување меѓу 5:30-6:30 :drunk:
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Баш се прашував дали друго бебе го прави истото(болдираното). Првото па вакво нешто не правеше затоа ми е чудно. Тоа дреме на цице ама од што мрда јас не можам да спијам. И кога ќе видиш станувам од 5:30.
    За жешкото, не верувам да е од тоа. Веќе 4-5 ноќи спиеме со клима иначе не се дише. Пред да влезе во 4 ти скок почна да врзува од 21:00 до 3:00. После смени. Ти благодарам што ми даваш надеж, ќе помине 4 ти скок за некој ден па ќе видам како ќе биде.
     
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Во право си и со скокот, само кај бебе мое кога влезе во петти почна тоа да се случува, го изумив и тоа.
    Се е фаза и се ќе помине па ќе дојде друго нешто и така натаму :D
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е за фазите, големава 8 години и сеуште си има фази :rofl:
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со Гуднајт, ама има и шанси да спијат синхронизирано.( и да јадат)
    Моите имаат 10 месеци, сама сум со нив додека дојде сопругот од работа, ако се воспостави ред изводливо е сама да ги чуваш (да не е на подрек).
    Ние им воспоставивме ред некаде околу 6 месеци. Претходно ми спиеја во дневна. Прво го воспоставивме вечерното легнување. Да биде отприлика во исто време (тоа време во 19х. Ама сега е рано толку, уште е ден надвор) .

    Моја препорака е да го воспоставите вечерното заспивање прво, недела- две. Рутината ни беше: одиме сите 4ца во спална, намалуваме светло, пуштаме спотифај со приспивни песни, и пресоблекивање. Памперс, пижами, вреќичка и на крај млеко. Легнуваме сите на спална (јас со едно од едната страна, таткото спална другото од долна страна на спалната). Мн се радуваа кога од дневна одевме во спална.
    Многу брзо заспиваат после млекото. И главно со лежење до нив и гушкање. Може едниот да бараше да се нишка неколку пати..ама готов е после цела процедура. После едниот во креветче го префрламе и спие до сабајле..другиот пошто повеќе се буди ноќе и презаспива со цуцлата..спие со нас за јас да не престанувам, ама планирам периодов пак да го ставам во креветче.

    После денските дремки ги регулираш. Тогаш сум сама. Ги носам и двајцата на спална, затемнувам, едниот од едната страна на спалната, другиот од другата. Едниот е помирен..па обично и повоздржан и си чека душиче додека го спремам брат му..па него.

    И само едниот да покажува знаци за спиење..го носам и другиот.. може едниот ќе се помачи повеќе ама ќе заспијат. Јас си лежам со нив на спална. Е кога ќе заспијат тоа е одмор и за мене. Првата дремка обично ја одмарам и јас. За мерак :inlove:
    Значи ова е генерално и вообичаено, ама се случува да имаат и распар ден... да се помачам за успивање..ама како и за мајките со едно бебе.
     
    На meelitsah му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    Се ќе помине, нова ќе дојде :rofl:
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meelitsah

    meelitsah Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Има ли искуство некој со др.Гуднајт?
    Имам близнаци, има ли реална шанса да ги синхронизирање да спијат во исто време денски и да заспиваат сами без шише? Многу ми е некако нереално тоа што го нуди, ако има некој било какво искуство нека каже.
    уффф ова беше вака и кај нас. Не фати некој скок и заби извадија и се се расипа. Едниот има 7 заби а утре прават 7 месеци. а другиот 4. Мислам дека од нервоза со забите ни се расипа редот и имаа полесен сон па се будеа. Деновиве се помирни може ќе успеам да им го вратам редот. Фала, ми даде надеж❤️
     
  11. Bibidi-babidi

    Bibidi-babidi Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Дали некоја од Вас се соочила со неспиење кај новороденче? Моето е 2 недели и веќе неколку дена, преку ден спие еднаш поквалитетно околу 4 часа и потоа останатото спиење и трае по 10 до 30 минути максимум. Ве молам доколку некој го имал истиот проблем да сподели некое решение.
    Благодарам
     
  12. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    904
    Пол:
    Женски
    Јас видов маки големи со плачење и неспиење негде околу 6 недели, на 20/30 мин се будеше и дење и ноќе исто беше, пренапорно беше
     
  13. Hope89

    Hope89 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ние само што наполнивме 5 месеци и имаме проблем со спиење преку ден. Се си беше супер до пред некои 2ипол недели навечер си легнуваше 22:00-22:30 си спиеше негде до кај 4ипол-5 стануваше да цица и презаспиваше до кај 8ипол-9. Преку ден имавме 2 до 3 дремки кои траеа зависи од 1 до 2ипол часа максимум. На прошетка знаеше да си заспие да се разбуди дома и пак да презаспие. Од пред две недели преку ден не сака никако да заспие ќе го успијам се буди за 15 мин, додека цица ако се успие и пробам да го префрлам отвара очи за 5 минути Периодов има само 1 дремка околу 45 минути до 1 час што мислам дека е малку. И кога го шетам ако заспие спие по половина час максимум. Исто така ми смени и навечер заспива околу 23-23:30 до 5-6-7 зависи и доколку стане во 5-6 да цица презаспива и до кај 9-10. Молам за помош дали некоја мајка се соочила со ваков проблем, сметам дека е мал сеуште за да дремнува по 1 час.
     
  14. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    545
    Пред некое време Лавандер имапе многу убав пост напишано,колку шѕо е важно доењето на бебињата толку е важно спиењето на исто рамниште се.

    Јас ќе напишам како е правилно за спиење ама не мора секој да се води по тоа, секој за себе си одлучува.

    Секое бебе треба да му почне денот помеѓу 6и7 сабајле. Секоја дремка преку ден треба да надминува повеќе од 45мин(односно да префрли 2 циклус на спиење).Бројот на дремките во секој период е различен, на секое дете не му се потребни исти број на дремки ама бар да се запази тој број на дневни дремки. Исто е важно и ноќното заспивање, треба да е порано бар до 21 да е веќе легнато детето.

    Ако се тоа се среди бебињата/децата нема да имаат некоја мака, да ќе има промени кога се во скок или заби или болни ама лесно ќе се вратат во својот ред за спиење.

    Не ми замерувајте што паметувам ама јас огромна мака имав со спиењето на бебето
     
    На Cence и jelo им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.274
    Допаѓања:
    18.393
    Моето има еден месец. Сеуште нема некаков ред на спиење,но открив дека сака да си отспие една дремка од 3часа во текот на декот. Дали од 11 до 14 или од 15 до 18 часот битно да ја има. Имаше денови кога не ја спиеше(поврзани 3 часа) и баш беше тешка ноќта а и успивањето за ноќно спиење.
    Според тебе,треба да го разбудам на 45мин?


    Дали е во ред да спијат на стомак?
    Овие неколку дена ужива да спие на стомаче, ноќеска дури го оставив на страна како што цицаше,се разбудив го видов на стомак завртен:worried:
     
  16. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    545
    Не си ме сфатила, најчесто бебињата се будат после 45мин спиење(тоа е еден циклус),а за да е ефективно спиењето мора да спои бар упте еднаш по 45мин. Вкупно спиење бар 90мин.

    На бебе од 1 месец може само да му наметниш рутина од јадење,играње и спиење, времето на спиење многу тешко се регулира бидејќи се мали имаат потреба од храна,гушкање и сл...ама редоледот можете да го вметните па пополека ќе учи што прво доаѓа.

    Моето бебе е 3месеци, јас редот почнав да го воведум после 40дена т.е да знае кога е јадење,кога игра,кога спиење.
    Спиењето е нормално со помош плус пратам кога се разбудила, ако стане точно на 45мин се правам да ја презаспијам...
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    904
    Пол:
    Женски
    Колку часа треба да спие 4 месечно бебе ноќе и дење ?
     
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Треба да спие само на грб. Ни на страна, ни на стомак.
    Кога ќе се врти само, тогаш може да спие како што сака.
     
    На Tiny Love и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    2.473
    Спиење? Што е тоа :rofl::rofl::rofl: спомени нема од спиење :!: мојов уште од бебе си го има сфатено тоа :worried:
     
  20. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Бебе научи да се врти од грб на стомак. Заспа во 20:00, до сега 5 пати се сврте и плаче нормално, не знае да се заврти обратно. Не спие на стомак никогаш. Што ќе правиме, зарем цела ноќ ќе се врти :whew:. Има ли начин да го спречам да се врти во сон?