Јас имам искуство со неа, со консултација завршив работа, без тренинг, ама за близнаци не знам јас имам едно
Здраво јас сум нова на форумов па сакам да прашам нешто. Што мислите дали е нормално бебе од 2 месеци преку ноќ да спие по 8 саати? Тазе мајка сум прво дете ми е па ме интересираат ваши искуства.
Многу ни се будеше ноќе, повеќе од 4-5 пати. Па имавме добра рутина навечер и рече дека е ок и не треба тренинг. Само го сменивме дрвеното креветче со транспортно, престанавме да го нишаме за заспивање - го легнуваме и го пуштаме сам да си најде положба за заспивање. Исто и ни направи дневен распоред, тогаш беше 9 мес и ни ја скрати 3тата дремка. Сега има веќе скоро 14 мес, малце се измести распоредот, ноќе ни заспива покасно, не е идеално ама може да се тера со 1 станување ноќе.
Колку ноќи плачеше? И јас на првото дете, на 9 месеци му правев префрлање во креветче. Имаше ред, дремки, па помина без тренинг. Го имав одучено од нишкање, него станата го нишкав, класично. И го научив легнат до мене, со тапкање и прст во уста заспиваше. Е потоа со скокот пред роденден, се измести, почна пак да се буди, пак му давав да цица, ама за некој месец самиот престана и почнс да спие. Ниту вода ниту сок навечер не давав. Со второво дете, сега има 6 месеци, целта ми е да заспива само. И јас имам транспортно ама не спие во него, не го ставам сѐ уште. Чекам да помине топлово за да не ми е мисла дали од жед се буди и ќе почнам да го оставам сам. Уф знам дека ќе плаче. Не знам дали дс барам помош од гуднајт дека и поскапено е и консултација и сѐ. Ама вака со инструкции како посигурно се осеќам. Има и дремки таман горе долу и навечер самиот си бара до 9 да е заспан.
Не плачеше воопшто, не е нејзиниот таков тип на тренинг. Моето спиеше од 2 месец во креветче, тоа си беше навикнат. Сега околу прв роденен исто почна да расипува малку ред. Пред заспивање ни станува во креветче и не мава со цуцлите ама нејќам да му менувам ништо дека ќе тргаме во градинка за 1 месец па ќе биде од тогаш со една дремка и ќе видиме како ќе тера.
Исти бевме еден период, многу е напорно знам ама ќе помине. Нека вежба преку ден да се превртува и обратно, помагај му кога ќе го совлада и тоа ќе се стабилизира спиењето
Ќе биде подобро. Моево откако научи само се превртува во спиење секакви позиции фаќа пресмешна е, го крева газето и така спие
Здраво девојки. Ми треба совет или некое ваше искуство. Бебе е 3 месеци, од раѓање имаме проблем со денски дремки. Ако е во раце спие убаво и долго, чим ја спуштам на кревет се буди за 10, 15минути. Следам прозори на будност, гледам да спие секогаш на исто место, затемнував простор, сега веќе не и не знам што уште да направам да врзе повеќе од ова. Викаат после 3 месеци менуваат ама еве веќе губам надеж. Многу и треба некогаш помош и да заспие. Во количка на шетање нема шанси да заспие, мора да ја кренам, да се нишка па да ја ставам. Неможам ништо да направам сама на овој начин и веќе ми е навистина проблем.. Што да пробам? Што да направам? Да напоменам навечер немаме проблем, зацврстува и спие иако некогаш ни треба многу време за да заспие.. Мора некаде да грешам.
3++ е синко,од раѓање преку ден сам не спие,постојано во раце,ноќе сврзува убаво и тоа во креветче со 1-2 будења да цица и веднаш заспива.Ништо не грешиш,едноставно такви се,знаејќи по ќерка ми што беше далеку потешко бебе кое не спиеше без да лежам до неа до 18 месеци,ќе кажам само дека ќе сменат,порано или покасно зависи од самото бебенце.Подршка ти праќам,др совет немам
Здраво. Моето бебе е 1 месец и веќе некое време се мачиме со заспивање. Дали било ден или ноќ се успиваме по час два, па и покрај тоа денските спиења ни траат по 40 минути до саат. Дали некој се соочува со истата ситуација и дали има решение? Благодарам
Дали е во ред 4ипол месечно бебе да спие по двапати денски, но дремките две вкупно да му траат околу 4, 4ипол сати, најмногу до 5
Бебуш наполни 3 недели, се случува веќе неколку вечери да сврзува 4, 5 дури и 6 часа спиење. Знам дека треба да јаде на помалку време.. што мислите?