Dali zavisat mesecite vo vrska so legnuvanje navecer? Na primer 5 mesecno bebe koe vreme e dobro navecer da se legne da spie? I kolku casa e dobro da ostane budno pred da go zaspijam?
Како сте со дремки 6+ бебенца што имате? 6 месеци и една недела е бебе, преку ден сме катастрофа, ужас е благ збор спие по 20тина мин дремка и он е после цело време кенкав, плаче, не можам да го заиграм, немаме никаква разбирачка се обидувам да пратам и wake windows, и white noise имаме за денските, и во темно сум пробала и се со ред, ова бебе не спие се мислам што правам погрешно, првото не беше вакво навечер имаме рутина, и во главно ноќе е ок, знае да стане еднашка да пие млеко, ранобудник си е, накај 6, 6ипол станува ама денов ме отепува кога ќе фати сам ред ? и да, се буни страшно кога треба да спие, вика урла, сите да не разберат, тежок е за смирување за спиење
3г Заспивањето ми е хорор филм. Никогаш не заспивала рано ама не можам веќе претешко ми е ,башка шо немам време ни за себе ни за мм. Заспива со маки накај 22:30 -23 ч Наутро спиеше до 8-9 сега ја носам во градинка ја будам у 6:40-7 мислев така ќе се среди ама не. Како некоја аверзија да има спрема спиењето бара запалено светло ,да сме седеле не да лежиме па плачење зашто треба да спие ,плачење зошто ја будам. Значи легнувам нервозна станувам нервозна....
Ако спие преку ден скрати и дремка,мојата исто е, макар и 15 мин преку ден да поспие легнува после 23,кога не спие преку ден најкасно до 20 часот е легната.Легнува со плачки ,станува со плачки ,искрено и мене ми е смачено,се си велам кај се видело од сон да се станува со врескање.Ама се си е карактер.2год и 7 месеци е.
20часот или 20:30ч, зависно со млекото како ќе ни дојде, бидејќи е на АД секоја вечер го бањаме, масирам со крема, пие млекце и сам заспива в спална во темница, со тоа немам проблем, греота е да речам.... денот ни е катастрофа, не знам како да му напраам ред, затоа што дремките му се по 20тина минути, и станува кенкав, ненаспан, не може да издржи буден колку што треба до следна... само првиот wake window му е океј, после веќе готово
Мојава е 4г. големата, од 2ипол станува 6;30 секој ден точно за во градинка, таму преспива од 12ч до 13:30ч, вечерта 21:30 одиме в спална, до кај 22ч е заспана... Пробај вака, секој ден буди ја 6;30 утрото, дремката нека е саат, до саат ипол, на 3 годинки веќе саат е океј, и вечерта в спална 21:30ч, темница со пригушено светло и тишина, ама рутинава да стои и за викенд кога не оди в градинка.... Ќе ви треба околу 2 недели и ќе де привикне...
Не бе и за преку ден дома војна е не сака да легне а ако не спие многу е напорна плаче за се сите и се криви после часот кога требало да спие ,во градинка викаат спие... Изгледа така ќе си тераме Мелатонин давал ли некој ?? Џабе се и викенд она рано станува а касно легнува А за 21:30 во спална пробувам јас од 21 ама бега ,кај баба и ,надвор и се мочкало и се јадело...
Да пробате да ја исклучите дремката (знам дека не може после ништо да им се погоди), ама да одмора пример наместо дремка? Без трчање, скокање итн, да читате или сликовници да гледате, да си лежите зборувате, да и раскажуваш пееш? Кај снаа ми дремка откажа на 2ипол годинки и вака функционираа ок.. И ќере имаше ваков период, се беше побитно од спиење, ама гледав да ја намирам, јадење, пиење, вц, пред да легне (не дека не и текнуваше уште нешто да ме зафркава), ама колку толку беше ок друг начин мама не знам
Пробав ,и без дремка освен што е таква нервозна навечер пак е истото или накај 19 ч заспива било каде се буди во 21 и тек тогаш до 2 остануваме...
Ќерка ми има 1 година,периодов ептен ме мачи со дневниве дремки. На оваа возраст нели треба да се 2 дремки. Мојава има само 1. Станува сабајле кај 7-8часот. Следна дремка и е после 3 часа откако ќе стане, на таа дремка лесно заспива и спие околу саат ипол. После тоа се убивам од нишање и не сака да спие. Пример ако се разбудила кај 12ипол, 1ч напладне, ќе сака кај 18ч да спие. И ја чувам 1 час плус будна, во 19ч пие млеко, и заспива за 10тина мин, без мачење, знаци на премор и сл. Што мислите вие, во ред е да има една дремка? Како да и воспоставам уште една дремка? Каде грешам? Со поголемава, спиењето беше ко по книга баш. Спиеше колку што треба да спие според месеците. Еве сега има 3год, кога сака да дремне спие, кога не легнува и таа рано околу 19-20ч и спие до сабајле 7-8ч. Ама со помалава ќерка не знам веќе..
Баш те помислив деновиве. Те снема од форумот, како сте? За спиењето да пробаш покасно да и е првата дремка, мислам по ќе се совпадне со ноќното спиење така. Внук ми околу годинката исто ја скрати втората дремка. Се додека се ок саатите на спиење вкупно во 24 часа таман е
Денеска стана во 7, сега ја заспав. Ќе пробам вака сега првата дремка да и е на 2,2ипол часа, а втората после 3,4 часа.. Мене ми е да не се мачи, вака не гледам знаци за тоа, ама дека знам дека треба да има 2 дремки, па си викам се мачи сигурно..и се спие Инаку добри сме, гураме некако. Малата наполни 1 година пред 2 недели. Немав многу време за форумов ,многу обврски со двете,тешко било со две мали деца плус домашни обврски, не знам многу тешко ми беше да влезам во некоја рутина. Станував сабајле и само гледав да го преживеам денот Вие како сте?
Добри сме и ние, бебе расти уште малку 11 ќе прави. Да ти кажам мене со едно воопшто не ми е тешко, дома сум не работам, веќе си имаме рутина и имам еден куп слободно време За спиењето баш и јас прашував на форум, едвај заспива втората дремка деновиве со плачки го успивам, а не беше вака до минатата недела. Баш и јас се мислев дали е можно да ја крати ама мало е, и преморено изгледа кога помалку спие, ќе се помачиме уште некој месец вака.
Може заби да вади? Или регресија во спиење..не знам во кој месец беше тоа.. Јас сега дрка со две викам лелее порано колку сум била одморена и колку ми било лесно со едно. Не сум била свесна И јас не работам.. ама џабе, фул обврски, мал ми е денов..
Заби вади од 4ти месец. Регресија скок се поминавме Ете денес од 2 станат, од 5 до 7 се утепав успивајќи го не бре, си игра уште абер нема за спиење
Sin mi e 4meseci uspivanjeto ni e samo vo kolicka i toa so golemi maki.. Sovet kako da go smeneme uspivanjeto ili seuste e mal za navika da ima sam da spie?
Ако гледаме како по книга, 15-16 часа вкупно, ноќе 10-11 останатите распоредени по дневни дремки... За навечер имам совет, секоја вечер да имате иста рутина, во исто време, пример да почнете од 19:30ч, нас ни е бањање, масирање со крема, облекување, пие млеко и сам го оставам во спална си заспива во темница, јас го гледам на камера. Кога беше помалечко го повивав, сега веќе си гушка ќебенце и заспива.. Инаку мојот е 6ипол месеци За преку ден немам совет, освен да внимаваш на прозорци на будност и колку дремки да има, а најголемиот размак на будно време да е од последна дремка до ноќно успивање, и да внимаваш да не е преморен... Ние 3 дремки моментално имаме, го успивам на 2саати и 15мин, па на 2 ипол саати, па на 3 саати и на крај е буден 3 или 3ипол часа пред ноќно спиење, вака се обидувам некој ред да му ставам деновиве. Твоето е помалечко и би требало да е будно околу час ипол, максимум 2 меѓу дремки...