Вкупно саати си има тамам, но мислам дека треба порано да си легнува за ноќно спиење, поздраво е. Еве ѕирни на нет за рано и касно легнување, па сама одлучи како е подобро. Не е само денот дека ќе го фатиш ако легнуваш порано, тоа се лични причини. Сепак се работи за работа на организмот, процеси и сл.
Бебе месец и пол, заспива 9и30, макс 10.. и прво будење е накај 2и30, 3. Едвај се разбудува за цицање, прво кенка, па се врти, па тек треба да почне да плаче за да се подразбуди и јаде. И пелената не е мн полна, навечер. Денски е се во ред, препочни се.. ама ме буни ова навечер.. се случува ли и кај вас?
Кога бебето нараснува 6/7/8 месеци нормално дневните дремки се кратат, а како е со ноќното спиење, исто спијат по 10/11 часа? Под 10 часа на пример 8/9 нели е тоа малку за бебенце ? Зошто Така прочитав на нет ко демек 6 месечно бебе толку спиело ноќе по 9 часа, па ме интересира оти и мојот се движи кон 6 месеци
Јас да се пожалам. Секоја втора/трета ноќ се буди накај 1,2 и седи будна саат два зависи кога како. Си игра, па плаче, се превртува, пробува да се исправи не сака да презаспие.. многу е напорно на работа одам не се издржува вака. 11 месеци има точно, дали е регресија и колку трае дали знаете?
Ќе ве тагнам на тие што имаме бебиња околу 4 месеци @Sun&Moon @Bubish26 @оли @kjofti4 Колку ви се прозорците на будност? Јас зголемив на 2 сати
Како да ми спие бебе денски повеќе од 45 мин... Тешко се успива, му пратам WW, будно е 60мин, го заспивам, и за 2-3 мин скокнува со раце и нозе, и со рацете се тутка во лиценцето и хрчи.. па пак се успива па пак скокнува . И се така и до 30 мин дур да потоне во сон. И за 45 мин истото се случувс, па треба да го призаспијам.. и тоа пак уште 30 мин што е многу време за да биде гладно. Сум пробала и да го нахранам веднаш пред да го успијам -истата ситуација е. 2 месеци е бебе.. не разбирам што се случува со рацете во лице и како да се мачи се тегне..
Саат ипол од прилика веќе е кома. Ама гледам деновиве малце како да и се продолжија ww. 4 дремки имаме од прилика дневно. 4++ сме
Абе последна дремка и беше кај 4и30 до 5и30 и никако не ја спиеше, само плачеше и никако да се заспие... Иначе и јас на сат и пол е ги имав дремките и сакав да продолжам ама денес пак ништо од 4до5 никако да се заспие. Ќе си се вратам на 4 дремки и јас макар последната и пола сат да ја спие... Си мислев после 4ти скок дека ќе промени на подобро таа на полошо менува.
Последната дремка треба да е кратка, не се секирај. Таа е само да прекрши колку да може да издржи до вечерното легнување. И 20 минути да е, во ред е. Со четвртата дремка и јас мака мачам и или ја возам во количка по дома, или некогаш излегуваме надвор, или со кола се возиме за да дремне кратко. После 1,5 час е веќе поспана и одма заспива, не можам да ја држам подолго.
а по колку време ти спие преку ден? од мојот ќе пошизам ист е на дада 3 пати по пола саат и еднаш едвај 20 мин,затоа и ме нема на фемина долго времее Првата и третата дремка му се надвор во количка инаку ако викне се дига во вис не сака дома
Нашиве се до ден исто или? Саат и пол-2 се, само првата дремка е пред саат и пол. Само многу кратко почна да ми спие и покрај пратење на прозорец ама мислам дека за тоа е крива големава, оти додека бевме Мк, спалната оддалечена ептен од дневна и тераше 2 саати, а сега пола-40мин ако се наспие е топ, оти коцки летаат на сите страни намерно.
Последниве неколку дена прва и втора и' се по околу 2 часа, третата 45 мин и последната 30 мин. Ама ноќе после едно од цицањата е будна 1,5-2 часа и гуга, се смее, се превртува и најверојатно затоа денски надокнадува.
По 30,35 минути од кога е родена. Ама веќе не ја форсирам, сфатив дека како да и е доволно. Кога спие многу преку ден, навечер мака мачиме за спиење.
Совет како да го научам бебето (6 месеци) да спие ноќе само во креветче? Не со мене/до мене? Да напоменам многу прета и ако продолжи да прета се буди, а вака домене кога гледам претка јас го тупкам по газе и престанува со претање, или па му давам цице , цицнува малкy и продолжува со спиење.
Епа сама си го даде одговорот. Кога нема да му даваш на секое будење да цица, да го тупкаш шо газе, да го нишкаш со саати, и бидеш константна во тоа да си заспие само во креветче секоја вечер, со иста рутина пред спиење, добри дневни дремки, да е уморно ама и не преморено, да е смирено пред да легне во креветче, а не да вришти и плаче, ќе го смирите па ќе го ставите во креветче, ако го доите му давате пред спиење да цица и не му дозволувате така да заспие, после 5 часа одприлила му давате тек да цица, ако се разбуди порано не му давате да цица, туку му давате до знаење дека е време за спиење, ако премн плаче реагирате, го тешите, го смирувате, ако само си игра го оставате само да си презаспие, кога тогаш ќе си заспие, само треба да ве фати инат и да терате според еден план и рутина, ако еднаш попуштите толку е, мн брзо сфаќаат. Така да со лесно нека е.
А поради тоа што толку брзо сфаќаат, и како што кажуваш на овој ред колку време би требала да практикувам од прилика за така да се научи ?
Тоа е индивидуално зависи од бебето, ама највеќе од тебе, колку си решена да го одиш тој пат, и да си константна, да не попушташ.