Некој совет за моево, само да кажам уште сеа јас не можам да се инаетам со бебе, не ми е во ред, му пружам што му треба и што бара во моментот па макар и од галење и не ми пречи, па не ме советувајте да го тренирам вака. Моево уште не спие во креветче, планирам да почнам со некој тренинг скоро, знае да преспие цела ноќ во последно време, ама проблем имам со заспивањето. Денски заспива супер, брзо и лесно, спие 40-45мин и сега ми накачи на 2ч будност, проблем ми е последната дремка која уствари треба да е легнување, а он некако ја смета за дремка и се буди по 45мин и продолжува да игра и да е весел и со тоа му се фаќа после да заспие покасно пример 10, што не ми се свиѓа. Како да го сменам ова? Да напоменам дека рутината е константна пред таа дремка, прошетка, бањање, јадење и спие ама не за долго. Каде грешам?
Го земаш да го однесиш во друга соба кога ќе стане? Ако да, пробај да легните на кревет одма и да презаспие без никакви анимации, темна просторија. Пример мене ми е заспано сега, ќе стане за саат негде и ќе презаспие чим ја стаам на града ( мене не и пречи така да заспива) и не ја расонувам, продолжува после до 3-4ч. Моментално сме во регресија и кај нас денските дремки се скроз пореметени, еве денес бевме сами со бебе дома, као да се наспие ама не, неѓа врска, јас мислев дада ја буди ама оно крева газот и вежба. Кога се буди сабајле? Според една на инстаграм што е, треба во 7 да станат за да сњ фати некој ред
Ете баш вчера пробав така да лежам до него и да чекам да заспие, ама не, 2.5 саата си наоѓаше занимација во кревет, сам. Си гугаше, збореше, се обрќаше низ спална, игра со цуцлата, со етикети, буквално како да е наспиен, а не сака да цица, многу му е, вајда најаден. Сабајле обично како навиен ако заспие многу покасно во 8:45 е буден, а онака во 7:40 обично, и до минута е точен што ми е многу смешно.
Колку дремки има преку ден? Да пробаш да му зголемиш прозори на будност, па оваа последнава "дремка" да ја исфрли?
Тек ќе е лудница кога ќе стој на 4ри и ќе се клати за да лази би те советовала да го поместиш саатот на станување и со тоа сите дремки, последната да му дојде пример 5 саат ( зависи коли спие) за кај 8-8:30 да е спремно за спиење
Па има 4, ама дури сега почна да покажува интерес да е буден подолго, предходна недела немаше шанса да го држам буден подолго од 1.5ч, може дека се ближи крај на 5ти месец па е спремем за промена на спиењето Ај ќе пробам вака да ги ресетирам дремките, може до тоа е.
Не се сеќавам моево колку дремки имаше ама генерално си е спанка. Ниту сум тренирала дете, ни ништо. Не знам и колку е правилно моево. Ама во овие 8++ месеци сме поминале низ седење од 2-5 наутро, и после спиење до 10-11. Сме поминале во заспивање во 1 по полноќ, во заспивање околу 23:00. Сега веќе подолг период си заспива помеѓу 21:00-21:30. Пак ќе речам без тренинг. Сега е сеуште во фаза 2 до 3 дремки. Најчесто се 2 подолги сега.
Прозорот на будност пред bedtime обично треба да е најдолг, за негова возраст 2-3 сати. Пробај да го држиш буден уште малку, 15-30 минути. Тоа можеш да го направиш или со кратење на последната дремка, или со поместување на времето за спиење малку подоцна.
Ми требаше ова да го прочитам. Сакав да почнам порано со успивање, но пишува дека пред 5 месеци е нормално да заспиваат доцна. Моето уште нема ни 2 месеца и секоја вечер заспива меѓу 22 и 23ч. Пробав да биде околу 9 но тотално неуспешно
Башка тоа наеднаш не се постигнува До вчера ако заспивало во 23, не може веднаш да се направи таа промена. @Panovic Сега забележав на Napper дека и' се зголемил прозорецот, 1 саат и 45 мин и' е. Постепено и' се зголемува, ама јас уште го гледам како 1,5 саат бидејќи не е некоја голема разлика.
Оли приметив дека 2 сати мн е да е будна па вчера пробав на 1.40мин да ја заспивам и ок е некако макар шо со последната пак мака мачиме одвајј сосила 15мин
Да, да, тамам е саат и 40 минути, полека им се зголемува. Последната дремка е ужас, мачење живо. Нормално е тогаш да се раздразливи, понервозни. Вчера 30 мин и' беше, едвај заспа, едвај.
Здраво мамички имам едно прашање до вас дали некоја мама била во иста ситуација. Малата има 20 месеци навечер си заспиваше до 10ч најкасно, е сега овие два дена заспива крај 23 и се буди за еден час со плачење стенкање како нешто да ја боли и по пола сат почнува да се смее лудва игра и заспива накај 4-5ч сабајле ќе спија до 10 и потоа цел ден скоро е будна, дали е ова некој скок дали е нешто др ствв нз пошо ја знам како детенце што ќе се разбуди за млекце од навика и не плачела доо сега во текот на ноќта никогаш ве молам за одговор позз
Здраво мајки,бебе има 8месеци но веќе 2мес навечер станува со благ плач бара млеко на 2саати,не дека е гладно туку од навика,преку ден јаде,млеко и плус 2-3 оброка и се е во ред. цуцла никако несака,ставам навечер за да го излажам но гледа дека не тече ништо и ја плука.. Некој совет ?
Кај нас е исто .8м сме две денски дремки не повеќе од 3часа. Исто се некои ноќи се буди ,вика ,игра и не спие 2 3ч . И пак станува во 7. 8... незнам но често сме хаос со спиење ...
Кај пишав пред некој ден дека спие, кај се зафркнав. Еве сме 3 ден со ред борби за заспивање. Триеше очи и бараше млеко. Ајде процедура пред спиење. Испи млеко и стана како на стероиди. 1,5 час имаме исправање низ креветче, вртење, пискање. Тоа не книги, не песни, уште бели звуци да пуштам, па може нешто ќе упали да се заспиеме.