Мајки имам едно прашање поврзано со спиењето на внук ми. Од рагање многу немирно спие. Буквално по цела вечер се врти, кенка, некогаш ќе се разбуди и сред вечер па ќе заспие по 2 саата. Не му е ниту ладно, нити топло. Спие малку облечен без чорапи и не покриен. Ама како да се мачи, како да сака да спие а не може. Вчера спиеше кај мајка ми (баба му) и таа сега е многу загрижена што ова се случува сеуште а веќе 20 месеци е, од бебе е вака. Некој слично искуство? Ќе смени само по себе или треба да се преземе нешто?
Здраво, бебушка моја е 4 и пол месеци, почна да заспива со цицање, па не знам дали да почнам и како би почнала поинаку? како заспивате на оваа возраст?
Мојата од кога е родена така заспива поинку никако,кога шетаме во количка знае да заспие.Кога беше скокот 5 не сакаше да цица не знаев како да ја заспијам едвај со правосмукалки,со дрш недај цице да фати.
Ние уште мака со спиењево, не можам да ја пронајдам грешката. Бебево го заспивам во 8, последна дремка е 3 саата пред тоа(пробав и со 2 и со 4 саата, да видам да не е проблемов од недоволен умор или премор) Веќе има 3 дремки една подолга и две кратки, кратката е сабајле после будење и онаа пред ноќно спиење, долгата е после пладне и трае саат/саат ипол, ако не се разбуди од нешто. Е сега вечерно време тераме иста рутина пред спиење и заспива одма ама се буди за 45мин и не можеме да го презаспиеме уште 3 саата, значи секоја вечер е исто додека не дојде 11 он не заспива. Вака е од мал ама си велев кога ќе наполни 6м вајда ќе смени. Пробав и покасно успивање и пак е исто, 11 точно заспива безразлика кое време ќе стане пред тоа. Сабајле се буди околу 8 или 9 зависно кога како. Не знам дали да го будам порано, ама кога се буди во 7 некогаш е ептен кисел и нерасположен, најсреќен е кога се буди сам во 9 и најмирно спие преку ден, на време. И еднаш се буди ноќта околу 4-5 ќе цицне малце или цуцлата ќе се повртка и ќе презаспие. Значи не заспивањето ми е многу мачно стварно, не сакам да излезам од собата со него кога се буди ама 3 часа окапувам мене ми се приспива, а ем не можам да спијам он да е буден, ем не сум продуктивна и се нервирам. Каде грешам, што да сменам? Да напоменам дека спие со мене и моментално нема друга опција. Спалната е мала и нема место за креветче, има креветче у дневна ама тато работи ноќта на ком. и не може да спие таму. Не ми смета што спие со мене ама мк смета што не спие.
Моето е скоро 3 месеци и исто додека не чукне 11 не заспива па колку сакаш успивај го. Изморено ама до 11 ништо. Ќе чекаме кога ќе се смени саатот можеби ќе заспива во 10
Девојки која може да е причината бебе од 2 месеци да не заспива цврсто? Заспива многу брзо, меѓутоа и најмал шум го буди и плаче како да е оставен сам на цел свет...
Таман е. Сега се учат полека да спијат сами. Веќе не го користи мелатонинот од раѓање туку само треба да се научи да си произведува и трае. На два месеци имаше денови кога ја држев во раце по саат ипол за да сврзе дремка. На цицка спиеше по еден саат. Пробај со бели звуци да пушташ. Кај нас со правосмукалка и фен. Некогаш дури и комбинација требаше за да заспие, особено навечер. Стварно беше мачно. Некогаш и ги фаќав и рачињата со голема тетра, како повиена да дојде, ама не многу стегната, и тоа и помагаше. Само со "повивањето" не смееш повеќе од три месеци да го правиш. И не типично повивање, туку да може само после и рацете да ги вади и нозе да движи. На два месеци кај неа и рефлексот беше најизразен па дополнително се будеше. Ќе осетиш полека како накај 3 месеци ќе смени, па ќе фати 4 скок и така . Ама те разбирам. И кај нас беа првите два месеци многу тешки. Особено грчевите и плачките, мислам дека и комшиите не можеа да спијат од нас. Сега е подобро. Веќе кога иде ред за дремка, на саат ипол од прилика од кога станала, ја легнувам во креветчето давам цуцла и пуштам звук. Некогаш сама ќе се успие, некогаш и треба помош да ја држам за раче, а некогаш морам и да ја легнам до мене да се успие. Не нишкам веќе. Тешка е и пробувам да не ја учам на нишкање и држење. Поради тоа оставам на кревет и легнувам до неа, ако не може сама да се успие и така ја гушкам додека заспие. Ама трае некој пат и 15 мин. Важно не и зборам и само ја гушкам и галам. Сега моментално се успива. Гушка една играчка, ама штом се успие и ја тргам. Е сега мора нон стоп со неа да сум. Ама па на крај на денот, тоа ми е и работа. Нема ништо поважно и поитно од неа. И си го земам времето за да и угодам. Е домот трпи ама она нема да е вечно бебе. Еве се успа додека пишувам. Најважно пробај да пратиш прозорци на будност и да имаш рутина. Се учи полека.
Да пробаш два три дена да го будиш во 7 и да следиш прозорци на будност па вечерта да го заспиеш порано. Јас заклучив дека моево ако стане покасно што и да направиме вечерта пред 11 не заспива.
Мајка да не те разочарам,ова се поминав со ќерка ми,легнуваше касно и сакаше да си поспие наутро,се пробав и на крај прифатив дека сама си го наметнува тоа темпо.Почна да спие рано, најкасно 8 навечер е легната од кога престана да спие преку ден ,на 2 1/2 год,синко е 6 месеци,од почеток заспива рано ,најкасно 7 навечер,и рано наутро пред 6 е станат,сам си го направи темпото јас само го следам.
Дојди да те гушнам да си поплачеме заедно. Исто скроз. Моево бебе уште од мало заспиваше околу 23:30, уште на глава што не застанав за да го легнам порано. Пример последна дремка ќе му беше во 6 до кај 6:40, ајде си викам околу 9 и пол таман за спиење. Како да не. Ти думкај си го, врти го, пеј песни, џабе. Не заспива, се опира. Ама 11:30 чукне камбаната, заспива во било која положба. Со тек на време се откажав и го заспивав околу 11, немав живци да се замарам. Е сеа пред околу месец дена нешто се промени, заспа прво во 10, па 9 и пол, сега моментално сме во ранг од 8-9. Ама сме на истата мака. Го успивам и користам 40 мин да завршам тоа што треба да се заврши бидејќи знам дека ќе стане. И секоја вечер е исто. Некогаш успеваме да го презаспиеме веднаш, некогаш ќе се расони па будни сме уште 2 часа. Ноќна рутина во просек кај нас трае 3 часа. Ми смета премногу. Настрана тоа што не сум продуктивна, немам време да седнам да се опуштам, малце мозокот да си го пуштам на пасење. Цело време под стрес, чекам да се разбуди. Што не прочитав за ова. Воглавном заклучокот е дека е фаза и ќе ја надраснат. False start е терминот на англиски, ако сакаш да си ја измачуваш душата и да читаш дополнително.
Лавандер читав и читав и ништо не прочитав уствари Во неделата праевме крштевка и по сплет на околности бебево не спиеше цело попладне, значи зборам од 2 некаде спиеше до 3:30 и толку, прво имаше некоја мини криза за спиење накај 5 ама не можев да го успијам дека се му беше поинтересно и после кога ја надмина си беше ок и заспа во 8, спиеше до утрето до 9 со будење еднаш за јадење. Помирно не спиел откако е роден. Си реков може детето не ми е доволно уморно да спие толку рано или да ја преспива ноќта и може не му требаат толку дневни дремки па вчера пробав пак исто темпо, со тоа што не сакаше да заспие на пладне до 4 и заспа некако 45 мин спиеше и после почнав рутина за спиење и го заспав во 7:30, после 45 мин стандард се разбуди ама презаспа одма со еден круг низ двор и спиеше до денес до 8. Така да ќе терам со овој експеримент оваа недела, ќе видам дали така му одговара со помалце дневно спиење и може тоа ќе е спасот. Пробај, може ќе упали.
Jas nemam zalbi i poplaki vo odnos na spienjeto ali imam zalba koga ke dojde vremeto za spienje ja motam vo kebe ja zadunkuvam ke poplace 2 min i odma zaspiva. Dali smetate deka metodov e za nigde ili bi probale
Здраво мамички имам едно прашање ќерками ја заспивам кај 8 ипол сато вечер но до 5 сабајле ќе стани сигурно 3 пати во теко на ноќта плачи и го бара таткое да ја презаспие сакам да прашам дали е ова период и на некој му се има случено? јас спијам со ќерками моментано на спална мажот ми во дневната така од бебенце кога е спиеме значи не е дека не е навикната на него да го нема, кога ќе се разбуди го бара плачи и кога ќе ја земе тој мирно си лежи кај него али ми е жал за него пожто оди на работа а по 3 пати станува во ноќта за неа некој да ми каже решение ? ова ни се случува скоро недела дена
Сепарациска анксиозност,си ги бара мама и тато до нејзе,нека спие мт со вас,период е ќе и помине,потребно и е да сте до неа,ако е и тој до неа може и да не се буди мн често.
Не знам стварно, не ми дава душа да го држам денски буден сосила ако му се спие. Пример на 2-2,5 часа си бара дремка, дремките се по 40 мин стандард. За 12 часовен ден од прилика тоа се 3-4 дремки. Според мене за оваа возраст тоа е супер. Али пак ќе речам се си е до детето. Имам другарка, бебчето откако е родено спие по 12 часа, со едно станување. Е сеа на Ад е, и тоа има улога. Ама луѓе, детево кога ќе заспие во 20 часот веднаш е во длабок сон. Ништо не го буди. Може да го преслекуваш, да го преместуваш, буквално со тенџери да тропаш до него, детево не се буди.
Да не ја иаме истата другарка И јад иам другарка со такво бебе и не ми верува дека моето не спие. Јас ова го пишав ама само два дена траеше експериментот и беше неуспешен Сега брзо заспива ама по цела ноќ се врти и немирно спие, како да не може да завлече во длабок сон и по цела ноќ цица и ќенка, се буди со тапан меше. Не знам на што се должи ова може заби, исцрпувачки е, дека јас лесно спијам не можам да сврзам ни два саата сон.
Сит на гладен не верува. И мене другаркава ми вика дека многу ми спие денски, демек затоа не спие ноќе. Ама не знам како да и објаснам дека од тие 12 саата ноќно спиење, ефективни се можеби 9-10. А нејзиното спие 12 саата ноќе и денски има две дремки од по 30-40 мин. Сумирано, двете бебиња спијат ист број на часови, само во различни периоди. Али ова нејзиново бравос, будалава му има стварно тропано со тенџере 5 мин откако ќе заспие и детево не се буди.
Леле исто, нејзиното една дремка има од 2.5 саата и после заспива до 8 и де буди во 8 сабајле, прееска баш бев кај неа, го заспа за 5 мин во соба и затвори врата и стави камера дојде да седе си нас на друг спрат! Јас бев запрепастена, јас не можам во друга соба да идам после успивање едно 3 саата а спалната ни е во дневна уствари. А моево сака да спие денски, ама само во количка надвор и по 30 мин макс и после пак се изморува и пак сака да спие, не можам со зор буден да го држам и така.